Моќна премиера на „Црнила“ во прилепскиот театар


Синоќа на сцената „105“ ансамблот на прилепскиот театар премиерно ја одигра претставата „Црнила“ од Коле Чашуле во режија на Дејан Пројкоски. Претставата остави силен впечаток кај публиката. -Актерите ја донесоа приказната јасно, моќно и искрено, а публиката ја почувствува тежината и актуелноста на темите што ги отвора Чашуле. Големи честитки за целиот тим за трудот, […]

Премиера на монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ во Галичник


Галичник на амфитеатарот на чешма Упија, вечер во 21 часот ќе биде изведена премира на монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“, во чест на 150 години од објавувањето на „Речник на три јазика“ на Пулески – основоположник на македонистиката во 19 век.  Монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ е […]

Премиерна изведба на претставата „Кататонија“ во Македонскиот народен театар


На големата сцена на Македонскиот народен театар денеска ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска. Во претставата играат: Верица Недеска, Ања Митиќ, Сања Арсовска, Јасмина Билаловиќ, Јасмина Василева, Игор Ангелов, Дениз Абдула и Владимир Петровиќ. Како костимограф […]

Премиера на детската претстава „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли“


Премиера на новата детска театарска претстава „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчетво Воли“ ќе се одржи вечер во Јавна соба. Претставата, која е поддржана од Министерството за култура и туризам, е базирана на втората сликовница од серијата „Приказни за облеките“ на македонската авторка Наташа Дукоска. Оваа премиера воедно претставува и промоција на истоимената сликовница во […]

Во битолскиот театар премиера на претставата „Брод за кукли“


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ е приказна за една или за сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија […]

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан


Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Петар Пан“ на драмското студио „Миладин“. Режијата е на Ристе Миладинов, а улогите ги толкуваат Дафина Дејкоска, Даниел Спироски, Ива Шајноска, Емилија Спасеска… Влезниците за претставата се 100 денари, а средствата ќе бидат донирани за лекување на Бојан, кој се наоѓа […]

„Кафез кај кокони“ – премиера во Драмски театар Скопје


На сцената на Драмски театар Скопје вечер во 20:00 часот е премиерата на претставата „Кафез кај кокони“. На текст на францускиот автор Жан Пуаре, режисерот Димче Николовски ја поставува најновата премиера во Драмски. Претставата не се препорачува на лица помлади од 18 години. Сценографијата е на Димче Николовски и Благоја Бошковски Буцко, костимографи се Раде […]

Нова премиера на „Илуминати“ во Театар Комедија


  На главната сцена во Театарот Комедија утре ќе се прикажува нова премиера на претставата „Илуминати“, работена според култниот филм на Хичкок – „39 скали“. Жанровски оваа претстава претставува уникатен спој на трилер, акција и комедија, со елементи на ноар и со филмски јазик.   „Илуминати” е во режија на Синиша Евтимов, а играат Валентин Костадиновски […]

Премиера на претставата за деца „Јас сум Акико“ во КИЦ – Скопје


  Во Салонот 19:19 при Културно-информативниот центар во Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претствата „Јас сум Акико“ наменета за деца над 11-годишна возраст. Акико е претстава која е поразлична од останатите и нуди симболики, асоцијации и толкувања, како уникатни делови од една сложувалка. -Не постојат погрешни толкувања. Сечие толкување е поразличнно, посебно и правилно […]

Премиера на претставата ,,Женска гардероба“ во Театар Комедија


  Во Театар Комедија вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Женска гардероба“ во режија на Наташа Поплавска, по текст на современиот чешки автор Арношт Голдфлам. – Станува збор за пиеса која ни ги раскажува приказните на четири актерки на различна возраст, кои сакаат различни нешта, но она што ги спојува и ги врзува е нивната […]

Во Битолскиот театар премиера на претставата „Малиџано“


На големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге“ во Битола, вечер премиерно ќе биде одиграна претставата „Малиџано“, пиеса работена според текст и документарни материјали на драматургот Билјана Крајчевска. Во „Малиџано“, чиј режисер е Софија Ристевска Петрушева, по прв пат на театарската сцена ќе настапи актерот дебитант Валентин Дамчевски. -За мене „Малиџано“ е претстава во која актерот е […]

„Горчливите солзи на Петра фон Кант“ премиерно  во МНТ


На сцената на Македонскиот народен театар на 2 март, премиерно ќе биде одиграна претставата „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ од германскиот автор Рајнер Вернер Фасбиндер, а во режија на Ивица Димитријевиќ. Како што соопштуваат од МНТ, текстот е напишан кон почетокот на 70-тите години од минатиот век, со кој авторот стекнува и голема светска […]

Брзината ја убива креативноста- Александар Поповски со нова премиера во Белград


Претставата „Алиса во земјата на стравови“ по текст на Ева Махковиќ ја постави македонскиот режисер Александар Поповски во Југословенскиот драмски театар во Белград. По две одложувања поради пандемијата, конечно во четврток на сцената „Љуба Тадиќ“ се одржа премиерата. Извонредната сценографија ја потпишува Вања Магиќ, костимите Миа Поповска, композиторот Марјан Неќак. Актерката Милена Радуловиќ ја играше […]

Премиера на нашиот кандидат за Оскар „Сестри“ – од утре редовно во „Милениум“


Македонскиот кандидат за Оскар за 2022 година, филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума вечерва, 16 декември во киното „Милениум“ ќе ја има својата скопска премиера. Заради ковид протоколите, премиерата ќе се одржи во два термина од 19 и 21 часот, а скопската публика филмот ќе може да го погледне веќе од 17 декември во […]

Стоечки аплаузи за „Бесачи“: Како смртта се претвора во шоу


Дали насилство може да биде решение за насилството? Дали смртната казна за криминалците, убијците и силувачите ќе ги намали таквите појави во светот? Одговори на овие прашања се обидува да даде и најновата претставата „Бесачи“ поставена во Македонскиот народен театар. Текстот е на британско-ирскиот автор Мартин Мекдона, а претставата е во режија на бугарскиот режисер […]

Македонска премиера на „Господ постои, името и е Петрунија“


Македонската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска по неверојатниот успех на Берлинскиот Филмски Фестивал и освоените две награди (престижната наградата на Екуменското жири и наградата на германскиот еснаф на независни киноприкажувачи) ќе ја има македонската премиера в четврток во кино Синеплекс, Скопје и в петок во кино Милениум. […]

Премиера на „Елешник“ во велешкиот театар


На големата сцена во театарот „Јордан Х.К.-Џинот“ во Велес, вечерва, премиерно ќе биде изведена претставата „Елешник“ од Југослав Петровски, во режија на Елеонора Теова.  Таа појаснува  дека „Елешник“ е претстава за дадениот збор, за образот и чесноста на една бескрајна љубов, што стануваат робови притиснати од стегите на лакомоста, отуѓеноста и лошото влијание на „брзото […]

Бојаџи: Му посакувам добра среќа на „Ругање со Христос“


Повик до Владата да го остави филмот „Ругање со Христос“ да заработува и да се прикажува низ Македонија упати денеска сценаристот и режисер Јани Бојаџи, по синоќешната македонска премиера на неговото дебитантско остварување на отворањето на третиот Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“. Бојаџи, на прес-конференција во МКЦ, рече дека вчерашниот настан за него била […]

Европска премиера на новиот филм на Манчевски


На белградски ФЕСТ вечерва најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски, Бикини Мун ќе ја има европска премиера. – Филмот кој е во американска продукција и во режија и сценарио на Милчо Манчевски преставува драма, еден психолошки пресек за девојката по име Бикини Мун Дејвис, Американка кој служела војска во Ирак и која сега живее во […]

„Исцелител“ премиерно ќе биде прикажан во Калифорнија


Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески на 1 февруари премиерно ќе биде прикажан на престижниот филмски фестивал во Санта Барбара, Калифорнија. Филмот ќе има уште две проекции во текот на фестивалот и ќе се прикажува во компетитивна селекција на интернационални филмови заедно со уште 11 филма. Ова е 32. издание на интернационалниот филмски фестивал во […]