Полска се заканува на ЕУ: Ако не ни ги исплатите парите, ќе го извлечеме целиот арсенал оружје


  Полска ќе ѝ возврати на Европската Унија ако не им се исплатат парите наменети за опоравување од пандемијата со корона вирусот, рекоа денеска владејачкит еполски политичари откако Брисел сигнализираше дека не е задоволен со правосудните реформи на Варшава. Повеќе од 35 милијарди евра ставени се на чекање поради спорот межу Брисел и Варшава, околу […]

ОН ја повика Полска да прекине со двојните стандарди во третманот на бегалците


 Полските власти треба да престанат да притвораат мигранти на границата со Белорусија и да го прекинат нивниот „многу поинаков“ третман кон украинските и неукраинските бегалци, изјави денеска специјалниот известувач на Обединетите нации за бегалци. Фелипе Гонзалес Моралес ги пофали полските власти и жителите за обезбедување заштита и помош на повеќе од два милиони украински бегалци, […]

Полска купува воени авиони, тенкови, хаубици…


Полска ќе купи 48 борбени авиони FA-50, прва пратка од 180 тенкови K2 Black Panther и хаубици од јужна кореја, рече полскиот министер за одбрана, додека земјата ја зајакнува својата војска поради војната во Украина. Инвазијата што почна на 24 февруари, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“, предизвика загриженост за безбедноста на многу земји […]

Полска ја заврши „мигрантската ограда“ долж границата со Белорусија


Полска ја заврши изградбата на 187 километри долга ограда долж границата со Белорусија, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки за време на посетата на преминот Кузница. Полска и Белорусија делат околу 418 километри граница, меѓутоа, освен 187 километри ограда, најголемиот дел од границата минува низ езера и реки. Минатата година ова подрачје се претвори во […]

Бајден планира да го зголеми военото присуство на САД во Полска


САД – Американскиот претседател Џо Бајден планира да најави зголемување на военото присуство на САД во Полска, како и промени во распоредувањето на американските воени контингенти во балтичките земји, одобрени од него пред руската инвазија на Украина, јави Ен-би-си њуз, повикувајќи се на официјални лица. Промените во регионалното воено присуство може да се изразат особено во […]

Качински поднесе оставка од потпретседател на полската Влада


Јарослав Качински, лидерот на полската владејачка партија Право и правда, поднесе оставка на својата должност како потпретседател на Владата, јави денеска полската новинска агенција ПАП. – Во овој момент веќе не сум член на Владата… Поднесов оставка до премиерот и тој ја одобри, а колку што ми е познато, ја потпишал и претседателот, изјави Качински. […]

Бербок: Потребна е модернизација на железниците за извлекување на житото од Украина


 Германија ги поддржува Полска и Романија во адаптирањето на нивните железници со цел да се овозможи извоз на милиони тони жито заглавени во Украина поради руската морска блокада, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок. Таа додаде дека германската Влада соработува со „многу други актери“ на модернизација на железниците, како и оти се потребни „вистински товарни вагони“. – Јасно […]

Бројот на украински бегалци во Полска надмина четири милиони


Бројот на Украинци кои ја напуштија својата земја и преминаа во Полска по руската инвазија во февруари, ја надмина границата од четири милиони, наведе денеска на Твитер полската Агенција за гранична контрола, пренесе ДПА. Најновите податоци покажуваат дека само вчера во Полска пристигнале нови 24.900 лица. Меѓутоа, додава ДПА, невозможно е да се каже колку […]

Валенса: ЕУ да се распушти и да создаде нова унија без Полска и Унгарија


Добитникот на Нобелова награда за мир и поранешен претседател на Полска, Лех Валенса во интервју за порталот „Интериа“ изјави дека Европска Унија мора да се распушти и да се создаде нова унија, чија основа ќе бидат Франција и Германија, но без Полска и Унгарија. – Наместо компромиси со Полска, ЕУ мора да се распадне и […]

Полска го раскина договорот за гас со Русија


Полската министерка за клима и животна средина Ана Москва објави дека Полска одлучила да го раскине договорот со Русија поврзан со гасоводот Јамал. – Полска го раскина меѓудржавниот договор од 1993 година поврзан со Јамал. Руската агресија врз Украина потврди дека одлуката на полската Влада да биде целосно независна од рускиот гас беше правилна. Отсекогаш знаевме дека Гаспром не […]

(Видео) Инцидент во Полска: Рускиот амбасадор полеан со црвена боја


Амбасадорот на Русија во Полска, Сергеј Андрејев, денеска бил нападнат додека се обидувал да положи цвеќе на воените меморијални гробишта на советските војници во Варшава, кога тој, неговата сопруга и група дипломати кои го придружувале биле испрскани со црвена боја, пренесува ТАСС. Амбасадорот не продолжил кон спомен-обележјето. Полицијата, која пристигнала на местото на настанот неколку […]

Регионална конференција на ФАО во Полска – цената на храната и одржливото производство во фокусот


Сигурноста на храната и трансформацијата на земјоделско-прехранбените системи ќе бидат клучна тема на 33. сесија на Регионалната конференција на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) за Европа што ќе се одржи од 10 до 13 мај во Полска. На конференцијата која е највисокото раководно тело на ФАО во Европа и Централна Азија, […]

Почнаа речиси едномесечни маневри на НАТО за подобрување на безбедноста на источното крило


Полските вооружени сили соопштија дека денеска почнаа воените вежби во кои учествуваат илјадници војници на НАТО. Станува збор за редовни вежби кои имаат за цел да ја подобрат безбедноста на источното крило на Алијансата, но годинава се одржуваат во време кога во соседството беснее руската војна против Украина. Поради тие околности полската армија денеска апелираше […]

Газпром: Прекинати се испораките на гас за Бугарија и за Полска


Рускиот гигант Газпром денеска соопшти дека се прекинати сите испораки на гас за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да плаќаат во рубли, јави Би-Би-Си. Полските и бугарските добавувачи на гас претходно информираа дека примиле официјални известувања од Газпром за прекинот на испораките. Изјавата на Газпром дојде откако податоците утринава покажаа дека испораките […]

Продолжуваат испораките на руски гас за Полска


Испораките на руски гас за Полска сега се обновени откако беа прекинати рано утринава, јави Би-Би-Си. Во еден момент рано утрово, физичките текови на гас долж гасоводот Јамал-Европа од Белорусија до Полска паднаа на нула, но потоа испораките на гас продолжија. Полска вчера објави дека добиле порака од Русија дека од денеска ќе го прекинат […]

Полска објави инструкции за граѓаните како да се подготват за војна


Полска – Владата на Полска објави водич за граѓаните што содржи упатства како да се подготват за кризна ситуација, како што е војната. Водичот наведува што да се прави во случај на напад со различни видови оружје, од конвенционално преку хемиско до нуклеарно. Опишани се и системите за јавно предупредување што се користат во такви случаи. […]

Груб напад на Дмитриј Медведев на Полска: „Тоа е заедница на имбецили“


  Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, во понеделникот ѝ се закани на Полска во долго писмо, само неколку дена пред американскиот претседател Џо Бајден да ја посети земјата. „Интересите на полските граѓани се жртвувани поради русофобијата од страна на ‘просечните политичари’ и нивните ‘куклари преку океанот’ со јасни знаци на сенилно […]

Полски служби: Над два милиони украински бегалци влегоа во Полска


Повеќе од два милиони бегалци влегоа во Полска од Украина од почетокот на инвазијата, соопшти полската погранична служба, прецизирајќи дека повеќето се жени и деца. Претходно, портпаролот на Агенцијата за бегалци при ОН рече дека постои загриженост во Полска дека земјата „почнува да ја достигнува точката на пукање во однос на бројките“. Метју Салтмарш, шеф на […]

Моравјецки: За мене нема „црвени линии“ во однос на економските санкции кон Русија


 Полскиот премиер Матеуш Моравјецки повика на воведување поостри антируски санкции, изјавувајќи дека за него нема „црвени линии“ кога станува збор за економските санкции кон Русија. -За мене не постојат црвени линии во однос на економските санкции против Русија, изјави Моравјецки во интервју за германскиот весник „Билд“. „Навистина, треба да бидеме доследни и да нема веќе […]

Полска директно во финале на мундијалскиот бараж, Шведска гневна на одлуката на ФИФА


По искулучувањето на Русија од европските квалификации, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одлучи денеска Полска директно да обезбеди пласман во финалето на мундијалскиот бараж, предизвикувајќи со тоа негативни реакции во Шведска. Полска требаше на 24 март да и гостува на Русија во полуфиналниот бараж, но рускиот тим беше исфрлен од натпреварувањето поради инвазијата на Украина. ФИФА […]