Снежно невреме во Чешка, Полска и Словачка


Обилниот снег предизвика прекин на електричната енергија и бројни сообраќајни несреќи во саботата во Чешка, Полска и Словачка. Во чешкиот град Хертвиковице, мотоциклист загинал кога врз него паднало дрво. Во полското село Ваврска, југоисточно од Краков,  70-годишна жена останала без потребна залиха од чист кислород и поради тоа починала. Противпожарното возило кое требало да ѝ […]

Германските системи „Патриот“ наредната седмица во Полска


Германската армија в понеделник ќе започне со распоредување на првиот од трите системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Полска, како зајакнување на источното крило на НАТО, јави ДПА. Системите „Патриот“ треба да бидат лоцирани во областа на градот Замошк во југоисточна Полска на околу 60 километри од украинската граница, а процесот на нивно преместување ќе […]

Берлин го одбил барањето на Полска за репарации од Втората светска војна


  Полските власти денеска соопштија дека Германија ги известила дека нема намера да влегува во преговори за какви било репарации (компензации) за Втората светска војна, бидејќи Берлин смета дека прашањето е затворено. Полското Министерство за надворешни работи, исто така, соопшти дека апелирало до ОН за поддршка за добивање компензација за претрпените загуби од 1.300 илјади […]

Полска од Франција купи сателити за извидување за воени и цивилни цели


Полска ќе купи два сателити за извидување од вселената и станица за да ги прима нивните сигнали од Франција, согласно договор потпишан денеска во Варшава за кој Полска вели дека ќе им овозможи на нејзините вооружени сили рано да ги препознаат заканите. Министрите за одбрана Мариуш Блашчак и Себастијан Лекорну го одобрија договорот меѓу Ербас […]

Моравјецки: Полска мора да стави крај на спорот со ЕУ


Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека Полска мора да го запре спорот со Европската Унија за реформите во судството и независноста на судиите, поради што сè уште не добива пари од Националниот план за обнова по пандемијата, бидејќи вистинскиот конфликт беснее на исток од Полска. „Hannibal ante portas (Ханибал е пред вратата). Русија ја загрозува […]

Подарок од Украина експлодираше во седиштето на полската полиција


 Подарок што командантот на полската полиција го доби при неодамнешната посета на Украина експлодирал во полициско седиште во Варшава и полесно се повредени командантот и еден државен службеник, соопшти денеска МВР на Полска. Експлозијата се случила вчераутро, соопшти Министерството. Командантот е задржан во болница поради набљудување, додека за другиот повреден не била потребна хоспитализација. Нема […]

Пирова победа на Мексико над С. Арабија, Аргентина и Полска одат понатаму


Драматично до последниот свиреж на судиите вечерва беше на натпреварите Аргентина – Полска и Мексико – Саудиска Арабија во рамки на последното коло во групната фаза на Групата Ц на Мундијалот во Катар. Репрезентацијата на Аргентина доминираше против Полска и го освои првото место во групата Ц, но двете селекции одат во осминафиналето. Фудбалерите на […]

Дуда: Украина може да учествува во истрагата за инцидентот во Пжеводов врз основа на меѓународното право


Претседателот на Полска, Анджеј Дуда денеска изјави дека Украина може да учествува во полско-американската истрага за инцидентот во селото Пжеводов единствено врз основа на меѓународното право.   „За да може да се зборува за учество во истрагата, мора да се применат соодветните прописи на меѓународното право. Ова е секогаш во опсегот на правната помош. Доколку […]

Ракетата што падна во Полска е руска, но кој ја истрелал?


  Претседателот Џо Бајден во средата рече дека е „малку веројатно“ проектилот што уби двајца во Полска, сојузник во НАТО, да бил истрелан од Русија, но тој вети поддршка за истрагата на Полска за, како што е наречена, ракета „произведено од Русија“. Бајден зборуваше откако во средата наутро свика „итен“ состанок на лидерите на Групата […]

Блинкен разговараше со министрите за надворешни работи на Полска и Украина за експлозијата на полската територија


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со министрите за надворешни работи на Полска и Украина во врска со експлозијата на полската територија. Тој и полскиот министер за надворешни работи Збигниев Рау ја нагласија важноста НАТО да „продолжи да биде во блиска соработка“, додека проценуваат што да се направи понатаму. Блинкен ја повтори поддршката на САД […]

Руска ракета падна во Полска и уби две лица (Видео)


  Два проектили или ракети погодиле фарма во Полска, во близина на границата со Украина. Полските медиуми објавија дека две лица загинале во вторникот попладне, откако проектил погодил област каде се суши жито во Пжеводов, полско село во близина на границата со Украина. Не е јасно од каде потекнуваат проектилите. Сепак, проектилите или ракетите паднаа […]

Варшава го презема полскиот имот на „Гаспром“


Полскиот министер за развој, Валдемар Буда денеска најави дека Варшава ќе го преземе полскиот имот на рускиот „Гаспром“. Всушност Полска ќе преземе 48 отсто од акциите на „Гаспром“ во „Еурополгас“, компанија, која е сопственик на полскиот дел од гасоводот „Јамал“. Буда истакна дека принудната управа ќе се погрижи за безбедноста на клучната инфраструктура за транзит на гас. […]

Како Полска со широки раце ги прими бегалците од Украина


  Кога на 24 февруари 2022 година руските војници влегоа на територијата на Украина, ја започнаа најголемата војна на теренот на Европа од Втората светска војна наваму. Според податоците на ОН, безмалку 14 милиони лица беа присилени да ги напуштат своите домови, а речиси 8 милиони пребегаа од земјата. Главно жени, деца и стари лица. […]

Полска ја одобри изградбата на првите нуклеарни централи


  Полската Влада донесе одлука за изградба на првите нуклеарни централи во земјата, а договорот за изградба на првата нуклеарка и е доделен на американската компанија „Вестингхаус Електрик“, соопшти денеска новинската агенција „ПАП“ по одржаната владина седница.Договорот се надоврзува на оној од 2020 година што Вашингтон и Варшава го потпишаа за комерцијална употреба на нуклеарна […]

ЕУ ѝ се закани на Полска со скусување на најголем дел од средствата за развој


Доколку не изврши промени во судството, Европската Унија на Полска нема да ѝ го исплати најголемиот дел од средствата за развој во вредност од 75 милијарди евра, што се наменети за неа до 2027 година, изјави денеска портпаролот на Европската комисија. Поради лошиот правосуден систем во Полска, ЕК веќе замрзна околу 35 милијарди евра доделени […]

Оставка на полскиот министер за европски прашања


 Полскиот министер за европски прашања Конрад Шимански денеска поднесе оставка, во мигови кога се бележат кревки односи меѓу Владата во Варшава и Европската унија и внатрешни тензии во Брисел. „Мислам дека ново отворање што ќе биде во форма на нова личност, би можело да помогне. Убеден сум дека мојот наследник ќе го има истото искуство, […]

Војска на границата на Полска, Белорусија почна воени вежби


  Белоруската војска почна воени вежби покрај границата со Полска, ден по пораката од Полска дека постои реален страв од судир на таа земја со Русија. Воената вежба се одржува покрај границата со Полска, главниот град Минск и во севеоисточниот регион Витебск, а како што утрово објави белоруското министерство за одбрана, а пренесе Ројтерс, вежбата […]

Полска усвои извештај со кој од Германија може да бара 1.300 милијарди евра воени репарации


Полска претрпела штети во износ од над 1,3 билиони евра (1.300 милијарди) за време на Втората светска војна, се посочува во извештајот на полската парламентарна комисија, што се очекува да биде основа на идното барање за обештетување од Германија. Заклучоците од извештајот денеска ги соопшти лидерот на владејачката партија „Право и правда” Јарослав Качински, кој […]

Полска купува речиси 400 тенкови и хаубици од Јужна Кореја


Полска се согласи да купи речиси 400 тенкови и хаубици од Јужна Кореја, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, јави ДПА. Договорот, за кој јужнокорејските медиуми велат дека вреди неколку милијарди долари, е потпишан во јули и предвидува испорака на 180 тенкови К2 до 2025 година, заедно со пакети за обука и логистика и […]

Полска следната недела ќе поднесе извештај во кој ќе бара репарации од Германија за Втората светска војна


Полската влада следната недела ќе го претстави извештајот за пустошот што и го нанесе на земјата нацистичката окупација за време на Втората светска војна, јави ДПА, повикувајќи се на парламентарната администрација во Варшава. Експертскиот извештај ќе биде претставен во Варшава на 1 септември – датумот на германската инвазија во 1939 година. Тој датум, исто така, […]