Жена го нападнала малолетниот син на една скопјанка


Скопјанка пријавила во полицијата дека во Ѓорче Петров, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од 54-годишната Х.Р. од Скопје, по претходно недоразбирање. МВР соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Нови претреси во Парламентот на ЕУ


Инспектори денеска извршија претрес во канцелариите на вработен во Парламентот на ЕУ во Брисел и Стразбур, како и во неговиот дом во Брисел. како дел од белгиската истрага за сомневање за руско мешање и корупција, соопшти државното обвинителство. Според извор близок до истрагата, цел на претресите е поранешен помошник пратеник на ЕУ, Максимилијан Кра, од […]

Уапсен малолетник осомничен за убиството на Ѓорѓе Мијатовиќ


Идентификувани двајца малолетници кои се осомничени дека го претепале Ѓорѓе Мијатовиќ, братот на министерот на ФБиХ Војин Мијатовиќ во паркот на Вождовац, а еден од осомничените (16) е уапсен. Малолетниот осомничен се товари за тешко убиство и ќе биде спроведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград, јавуваат белградските медиуми. Како што е потврдено, […]

Во Белград до смрт претепан братот на потпретседателот на Владата на БиХ


По тепачка во детски парк во Вождовац, почина маж Ѓ.М.(40), за кој српските медиуми јавуваат дека е брат на потпретседателот на Владата на федерацијата Босна и Херцеговина, Војин Мијатовиќ. Како што пренесуваат медиумите, синот на Ѓ.М. вчера се пожалил дека неколкумина млади го малтретирале во паркот. Несреќниот татко отишол кај нив, но бидејќи долго време […]

Во судар на три возила кај Кичево, повредени малолетници


Во петокот, во 22.55 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(18), патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки управувано од В.Х.(59), сите […]

Уапсен млад маж во Кисела Вода поради сообраќаен прекршок


  Уапсен млад маж во скопска Кисела Вода.  Денеска (29.04.2024) во 03.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје го привеле Т.У.(24) од РепубликаТурција, со престој во Скопје, поради сторен прекршок по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, […]

Во Грција приведени десетици лица поради убиството на полицаецот за време на одбојкарски натпревар во декември


Од рано утрово во тек е голема акција на Секторот за справување со спортско насилство на грчката полиција за пронаоѓање и апсење на лицата вмешани во нападот врз полицаецот, кој им подлегна на повредите за време на одбојкарски натпревар во Атина на почетокот на декември минатата година, јави дописничката на МИА од Атина. Досега, како […]

Затвореник ја претепал сопругата , запалил облека и ги зел децата


Во неделата,  во 21.30 часот во СВР Скопје, 27 – годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Б.(29), кој моментално издржувал затворска казна во Казнено – поправна установа Затвор Идризово. Според пријавеното, тој со запалива течност и запалил дел од облеката, по што ги зел децата […]

Невообичаен метод: Полицајците во Германија ги соблекоа панталоните во знак на протест


Исфрустрирани од бескрајните чекања за униформи кои ги нема на залиха, полицијата во јужната германска покраина Баварија презеде необичен чекор за да го привлече вниманието на нивната мака. Во видеото објавено на YouTube и Instagram од државниот огранок на германскиот полициски синдикат (DPolG), двајца полицајци седнати во полициско возило меѓусебно се прашуваат: „Колку долго чекате? […]

МВР: Приведено 29-годишно лице барано со потерница за учество во странска војска


Во понеделникот, во атар на с. Танушевци од страна на полициски службеници од Одделот за специјални операции при Бирото за јавна безбедност, од полициски хеликоптер, било забележано лице како се движи со крос мотор од с. Арачиново кон Косово. Полициски службеници од СВР Скопје му дале знак за запирање, но лицето не запрело, по што […]

Агресивен малолетник со тврд предмет ги нападнал мајка си, сестрата и братот


Малолетник од Скопје ги нападнал членовите на семејството, а случајот во полицијата го пријавила мајката.  – На 12.03.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена пријавила дека околу 12.30 часот во домот во скопско нејзиниот малолетен син со тврд предмет ја нападнал неа, нејзината 20 годишна ќерка и другиот малолетен син, соопштија од полицијата.  […]

Маж и жена биле нападнати од нивните партнери


Маж пријавил дека го нападнала партнерката, но и жена пријавила дека ја нападнал и и се заканувал нејзиниот поранешен партнер. Мажот го пријавил случајот во СВР Скопје, а бил нападнат во Карпош. -На 05.03.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж пријавил дека на 03.03.2024 околу 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба во […]

Малолетник од Скопје со тврд предмет ја нападнал мајка си по полноќ


Малолетник до Скопје физички ја нападнал својата мајка по полноќ.  – Денеска (28.02.2024) во 00.10 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров физички била нападната од нејзиниот малолетен син, кој употребил и тврд предмет, соопштија од полицијата.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Независен полициски синдикат: Политиката надвор од полицијата


Политиката и политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели, реагираше денеска Независниот полициски синдикат по вчерашната ненајавена посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово. – Оваа прес-конференција ја одржуваме во врска со вчерашниот преседан кој беше направен од страна на техничкиот премиер, кој […]

Уште една малолетничка нападната од познанички, овојпат во Аеродром


Уште една пријава за физичко насилство меѓу малолетници стигна до полицијата.  – На 09.02.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, М.Т.(48) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзината малолетна ќерка физички била нападната од неколку малолетнички. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен […]

Пронајдено 14-годишното исчезнато девојче


Денеска, полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа Р.М. (14) од Скопје, за која нејзиниот татко С.М. на 01.02.2024 пријави дека се оддалечила од домот. Малолетничката ќе биде предадена на нејзиниот татко.

Полицијата смета дека нападот во Париз не е терористички чин, напаѓачот имал психички проблеми


Според првичните сознанија од истрагата за нападот со нож изутрината на железничка станица во Париз во кој беа повредени три лица, не станува збор за теростички чин, а напаѓачот е лице со психички проблеми, соопшти француската полиција.  Напаѓачот, државјанин на Мали, е со пријавен статус во Италија од 2016 година и кај него е пронајден […]

Уапсени две лица осомничени за нападот во Католичката црква во Истанбул


Турските власти уапсија двајца вооружени напаѓачи осомничени за убиство на едно лице за време на неделната богослужба во Католичката црква во Истанбул, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Тој рече дека полицијата спровела повеќе од 30 рации и привела 47 лица во врска со нападот. Јерликаја изјави дека во нападот на италијанската католичка […]

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец


Во напуштена куќа на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Т.Ш. (49) од скопското село Кучевиште, информира МВР.  Случајот бил пријавен доцна синоќа, во 23:40 часот во СВР Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а бил извршен и увид од екипа на СВР Скопје. По насоки на Јавен обвинител телото на починатиот […]

Во кафеани во Тетово и Охрид најдени 99 жени од Украина, Русија, Белорусија, Албанија со нерегулиран престој


На 04/05.01.2024 година, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со ОСПО, а во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, по добиени наредби за претрес од Основен кривичен суд, Скопје, извршени се претреси во […]