Во Турција приведени 357 осомничени за поврзаност со Исламска држава


Турската полиција приведе 357 осомничени лица во денешната операција против членови на Исламска држава. Акцијата е спроведена еден ден по престрелката во северозападна Турција, при што загинаа тројца полицајци и шест припадници на ИД. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека властите спровеле рации во 21 провинции низ целата земја. Турските власти ги […]

Убиени тројца полицајци во Турција и шест члена на ИСИС


Судирот се случил околу 3 часот наутро по локално време, кога полицијата извршила рација во куќа во селото Елмалик, на околу девет километри од центарот на Јалова на северозападниот дел од земјата. Се претпоставувало дека членови на Исламска држава престојуваат во куќата. Осомничените отвориле оган кога полицијата се приближила. Според достапните информации, шест членови на […]

Земјата во шок поради брутално убиство! Момче (12) најмено за пари да убие, пукало во погрешно лице


Дете наводно е регрутирано за атентат, а полицијата предупредува на алармантно зголемување на малолетници вклучени во насилство. Дванаесетгодишно дете е приведено во Шведска под сомнение дека учествувало во убиството на 21-годишен маж во Малме, откако наводно му биле ветени 20.000 фунти за атентатот. Објавена фотографија: Руски војници навлегуваат во земја-членка на НАТО Убиството се случило […]

Момче (14) прободе во гради врсник во Белград – жртвата молчи!


Белградската полиција го уапси 14-годишниот Ф. Г. под сомнение дека го прободел својот врсник В. М. (14) во градите со нож по тепачка во населбата Вождовац минатиот викенд. Инцидентот, кој резултираше со сериозни повреди на едното момче и апсење на другото, се случи во саботата, јавува Н1. Опасно по живот, одби да соработува Според информациите […]

Прегазен пешак во Илинден


Вчера утрото, часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Илинден, скопско патничко возило „застава“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.В.(72) од с.Марино, скопско удрило во Д.С.(46) од с.Кадино, скопско кој бил паркиран со товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки и во моментот бил надвор од возилото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил […]

Полицијата бркаше диви таксисти низ Скопје: Нелегалните превозници ќе останат без возила


Град Скопје започна широка и засилена акција против дивите превозници во главниот град, со која, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, конечно треба да се воспостави ред во дејноста на јавниот превоз. Инспекторатот денес излезе на терен, а фокусот е насочен кон нелегалните такси-возила, комбиња и автобуси кои со години работат без лиценци и без каква било […]

Млад маж од тетовско претепал лекар и полицаец


СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од село Челопек, тетовско. Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија. 

Малолетник нападнат и ограбен среде бел ден во Центар


Во понеделникот, во 20:15 часот во СВР Скопје, Т.Д.(35) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил пресретнат од пет лица, од кои едниот му се заканил со остар предмет и му одзел пари и мобилен телефон, а друг од нив физички го нападнал. Се преземаат мерки за […]

Тревога во Берлин: Заканувачка порака за напад на училипта циркулира низ апликации


Порака што циркулира на неколку апликации, во која наводно се најавуваат напади врз околу 20 училишта во Берлин, предизвика тревога во германската престолнина, јавува ДПА. Полицијата примила повеќе од 1.000 итни повици во врска со наводната закана, изјави портпаролот во понеделник. Полицијата верува дека пораката е „лажна информација намерно дизајнирана да предизвика страв“. Во објава […]

Синот ја натепал мајката во Охрид


Мајка била нападната од својот син во Охрид, информираат од МВР. Вчера (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка. По целосно документирање на настанот ќе следува кривична пријава против сторителот.

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров


Министерството за внатрешни работи информира дека во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров. -Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да […]

Му пукале во глава – Откриен еден од убијците на Ѓошев во Чашка


Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште […]

Малолетник насилно ограбен во Центар


Малолетник насилно ограбен во Центар. Крадецот му одзел пари.  – На 27.10.2025 во 13:21 часот во СВР Скопје, И.П.(51) од Скопје пријави дека околу 11:30 часот на подрачјето на Центар, едно лице, кое било со уште две други лица, со употреба на физичка сила одзело пари од неговиот малолетен син, информираа од полицијата.  Се преземаат […]

Обид за убиство во Марино: Го удрил брата си со ногарка по глава и легнал да спие


На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело. Од ударите, оштетениот започнал да крвари од главата и изгубил свест, а осомничениот наместо да му помогне, си легнал да спие. Следниот ден, кога се разбудил, […]

Деветмина, меѓу кои и три жени, искршиле сè во куќа на кавадарчанец – домаќините претепани


Деветмина влегле во куќа на кавадарчанец, искршиле сè, па ги нападнале домаќините. Меѓу напаѓачите три се жени. На 18/19.10.2025, во периодот од 22:05 до 01:25 часот во ОВР Кавадарци е извршен службен разговор со О.Ј.(45), 44-годишната Н.Ј., 41-годишната У.Ј., 35-годишната Е.Ј,. А.Ј.(23), К.Ј.(25), Ш.Ј.(40) и С.С.(28), сите од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека ја […]

Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство на поранешен партнер врз девојка


Денеска (13.10.2025) во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.Г. и Л.Г. од Гевгелија. Имено, во 14:42 часот, М.П.(25) од Гевгелија пријавила дека влезната врата од  нејзиниот дом тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од Казнено-поправна установа, заедно со Л.Г., и се заканувале и притоа слушнала репетирање на огнено […]

МВР со детали за пукањето во Куманово


Едно лице е повредено попладнево на улицата зад зградата на општина Куманово, откако врз него било пукано од возило во движење. МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од село Слупчане, општина Липково и дека е пренесен во кумановската болница. – Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со […]

Кривична пријава против 40-годишен кавадарчанец, физички ги нападнал и допирал по телата неговите две ќерки


Кривична пријава против 40-годишен кавадарчанец, пријавен дека физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата, информираат од Министерството за внатрешни работи.  – ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста и „полов напад и силување”. Пријавениот физички ги […]

Полицијата во Манчестер веројатно застрелала една од жртвите во нападот пред синагогата


Една од жртвите во нападот во Манчестер веројатно била застрелана од огнено оружје што го користела полицијата, соопшти денеска Метрополитен полицијата на Манчестер. Во соопштение до јавноста, шефот на полицијата, Сер Стивен Вотсон, изјави дека патолог од Министерството за внатрешни работи на Велика Британија, по прелиминарната анализа утврдил дека едно од починатите лица имало повреда […]

МВР со детали за пукањето во Прилеп кај болницата – приведени 13 лица


„Околу 12.00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кои употребиле дрвени и други предмети. На местото се испратени полициски службеници, но лицата не постапиле по нивните наредби да престанат, по што еден од нив испукал неколку истрели во воздух од […]