Почна обуката на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари


Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека денеска почна обуката на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари. По тој повод денеска во 14:00 часот во салата за седници на општина Кисела Вода прес-конференција ќе одржи директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче […]

Нема активни пожари на отворен простор, изгаснати 11


Во земјава нема активни пожари на отворен простор. Сите, вкупно 11 што биле регистрирани во текот на ноќта, се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). До 07:00 часот билансот на изгаснати пожари е: Општина Долнени – с. Стровија, зад местото викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума), Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација), Општина Чашка […]

Активни четири пожари, два под контрола


Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни четири пожари и тоа во општините Чашка,  Липково, Студеничани и Македонски Брод. Во општина Чашка, над Богомила гори мешана шума, во општина Липково помеѓу селата Ваксинце и Слупчане е опожарена нискостеблеста шума, во општина Студеничани, поточно кај селото Дречавица има шумски […]

Заминуваат словенечкиот и чешкиот пожарникарски тим, изгаснати сите пожари


Словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила денеска заминува од земјава, информираше првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. “Во завршниот збор им се заблагодарив од име на македонската влада и македонските граѓани, а од име на Дирекцијата за заштита и спасување им доделив пригодни […]

Чешкиот „Блек Хок“ и словенечкиот конвој ќе дејствуваат на пожарот на планината Готен од беровска страна


Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека утрово на скопскиот аеродром е одржан оперативен брифинг со екипажот на чешкиот хеликоптер „Блек Хок“. Брифингот го спровеле старешини од Армискиот воздухопловен ВИНГ, при што посадата била детално запознаена со пожарот што беснее на планината Готен од беровската страна. Како најпогоден извор за полнење вода е одбрано вештачкото […]

ВМРО-ДПМНЕ со лажни обвинувања за Заев дека негов поранешен возач подметнал пожар


Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес конференција обвини дека поранешен возач на Зоран Заев бил уапсен за подметнување пожар, што експремиерот и некогашен струмички градоначалник категорично го демантира. Лефков, ја искористи оваа информација, која се покажа како лажна, да го посочи прстот кон актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, […]

Пожари беснеат во Македонија, Турција, Грција и во Албанија, невремиња во Романија, Хрватска…


Додека во Македонија, Турција, Грција и Албанија беснеат пожари, други делови на Балканскиот полуостров, како Романија, Хрватска, Словенија… се соочуваат со сосема други непогоди – страшно невреме, врнежи, град, поплави. Некаде и со човечки жртви. Во Македонија секојдневно се регистрираат десетици пожари и се мобилизирани сите капацитети со кои што располага  државата, а повикан е и ЕУ-механизмот […]

ЦУК: Активни четири пожари, под контрола седум, 10 изгаснати


Активни се четири пожари на отворен простор заклучно со 21:00 часот, од вкупно 21 во текот на денешниот ден, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се 10, а под контрола се седум пожари на отворено. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината […]

Пет активни пожари утрово во земјата


На територијата на државата до 7: 30 часот се евидентирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а 29 се изгаснати.  Активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска […]

Активни пожари во Желино, Василево, Македонски Брод и Прилеп


Активни се пет пожари  на отворен простор заклучно со осум часот изутрина од вкупно 29  во изминатото деноноќие. Два се од контрола, а 22 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според ЦУК, повторно е активен  пожарот во село Желино кон Еребино, на планината Жеден, каде гори нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација. […]

Активни четири пожари, гори кај Василево, Нивичиново, Македонски Брод …


Активни се четири од вкупно 25 пожари на отворен простор заклучно со 19:30 часот. Три пожари се под контрола, а 18 се изгаснати, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Василево, с.Нивичино, каде гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод,  во с.Грешница, со зафатена мешана шума и ниска […]

Активни пожари во Желино, Сарај, Василево, Македонски Брод, Прилеп и Велес


Во изминатото деноноќие изгаснати се вкупно 30 пожари, шест се активни, а три се ставени под контрола. Добивме информација за нов пожар, во општина Желино, кој се движи кон тетовско Еребино. Итно е испратена екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и екипи на ТППЕ Тетово, каде веќе дејствуват на гаснење на пожарот, […]

ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27


 Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола. Активни пожари има во село Нивичино, општина Василево, во село Грешница, општина Македонски Брод, меѓу прилепските села Царевиќ и Смолани и во село Виштица, општина Липково. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е ставен […]

Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати


Активни се осум пожари на отворен простор заклучно со 18:30 часот, од вкупно 25 во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се 15, а под контрола се пет пожари на отворено. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Василево кај с. Нивичино каде гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод […]

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола


Вкупно 21 пожар на отворен простор е евидентиран вечерва, до 21:00 часот. Под контрола е ставен пожарот во дојранското село Николиќ, а активни се пожарите кај велешките села Џидимирци, Крушје и Иванковци и меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во општина Македонски Брод. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснати се […]

ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати


До 7:30 часот има вкупно 38 пожари на отворен простор низ државава, од кои седум се активни, четири се под контрола и изгаснати се 27 пожари. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: Општина Чучер Сандево – помеѓу селата. Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар); Општина […]

Во јуни во Македонија регистрирани вкупно 329 пожари


 Директорот на ЦУК, Мухамед Али, денеска на прес-конференција информираше за актуелната состојба со пожарите кои се регистрирани од јуни годинава заклучно со денес. Директорот соопшти дека во месец јуни се регистрирани вкупно 329 пожари, од кои 12 се шумски пожари, а 317 пожари се на висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума, како и на […]

Прогласена природна катастрофа во пет градови и 11 општини во Србија


На денешната седница, Владата на Србија донесе одлука за прогласување природна катастрофа во пет градови и 11 општини кои беа погодени од пожари во претходните денови. Како што е наведено во соопштението на Владата, пожарите што предизвикаа огромни штети на дел од територијата на Србија беа предизвикани од долготрајна суша и недостаток на врнежи, екстремно […]

Активни девет пожари, под контрола четири


Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).  Под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Чучер Сандево – Блаце, каде е зафатена ниска вегетација, […]