Со кампања на плоштад – против пожари
На плоштадот „Македонија“ денеска се одржа едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари, во организација на ЈП „Национални шуми“, во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Петар Плотников, претседател на Противпожарниот сојуз, нагласи дека кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона кога ризикот од пожари е зголемен. […]