Пленковиќ го разреши хрватскиот министер кој предизвика смртоносна сообраќајна несреќа


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево  се обрати на јавноста за сообраќајната несреќа на министерот за одбрана Марио Баножиќ, посочувајќи дека го разрешил од должноста. Во несреќата што ја предизвика сега поранешниот министер, загина возачот на комбето (40), а Баножиќ е тешко повреден. Пленковиќ прво му изрази сочувство на семејството на загинатиот возач на комбе, Горан […]

Пленковиќ: Не е реално сите земји кандидати заедно да влезат во Европската Унија


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека не е реално сите земји-кандидати заедно да влезат во Европската унија, ниту да има голем бран кога станува збор за прифаќање нови членки. – Убеден сум во тоа. Единствено и исклучиво политиката на индивидуални заслуги на секоја земја треба да биде фундаменталниот принцип на процесот на проширување, бидејќи […]

Пленковиќ: Србија и БиХ да го усогласат визниот режим со Европската Унија


 Србија и Босна и Херцеговина треба да го усогласат визниот режим со Европската Унија, а проблемот со илегалната миграција мора да се реши на надворешната граница на Унијата, пред се на границите на Грција и Бугарија со Турција, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.  Во изјавата дадена за  новинарите во Пазин, Пленковиќ нагласи дека е неопходна […]

Пленковиќ: Побарав од Мицотакис итна депортација на невините


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека ќе им пружи максимална поддршка на хрватските граѓани во Грција, кои беа уапсени поради навивачки судири и информираше дека побарал од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис што поскоро да ги депортира невините во Хрватска, бидејќи, според него, не е можно сите стотина уапсени да се подеднакво одговорни за настаните […]

Прва посета на хрватскиот премиер Пленковиќ на Србија


 Денес во прва официјална посета на Србија е хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој во Суботица на Денот на Хрватската заедница во Србија го отвори Хрватскиот дом – Матица и имаше билатерална средба со српската премиерка Ана Брнабиќ, јави дописиникот на МИА од Белград. Хрватскиот дом – Матица, чија изградба е целосно финансирана од хрватската влада, […]

Брнабиќ: Посетата на Пленковиќ е позитивен импулс за во иднина


Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Суботица по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Србија смета дека односите со Хрватска се многу важни и дека е искрено заинтересирана за развој на севкупните односи и подобрување на соработката. „Оваа посета на премиерот Пленковиќ денес, како и мојата неодамнешна посета на Загреб, се многу важни […]

Хрватската полиција добила сериозни закани за Пленковиќ и министрите


Хрватското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека распоредиле дополнителни сили околу зградата на Владата откако биле упатени телефонски закани до премиерот Андреј Пленковиќ и министрите. Во утринските часови полициската управа во Загреб доби пријава од непознато лице, кое му се закануваше на премиерот на Република Хрватска и членови на Владата. Со оглед на добиената […]

Пленковиќ: Односите меѓу Србија и Хрватска треба да се подобрат, помирувањето да се заснова на вистината


 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, на Божиќниот прием на Српскиот национален совет (СНВ) во Загреб, изјави дека е потребно да се унапредат односите помеѓу Хрватска и Србија и оти помирувањето мора да се заснова на факти и вистини. Пленковиќ наведе дека Хрватска „била жртва на агресија“ од режимот на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ и додаде дека ова наследство е […]

Хрватската влада најави мерки против неоправданите поскапувања при замена на куната со евро


  Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека Владата ги повикува сите кои неоправдано ги зголемиле цените да ги вратат на нивото од 31 декември. Пленковиќ најави силна владина интервенција за тие кои ги зголемиле цените во процесот на замена на куната со евро. -Некои трговски друштва ја искористија конверзијата за неоправдано да ги […]

Загреб: Пленковиќ ја почести со кафе фон дер Лајен и плати во евра


  На полноќ, по помалку од десет години членство во Европската унија, Хрватска стана членка на Шенген зоната, со што се приклучи на клубот со 26 други земји и 420 милиони луѓе во најголемата светска област на слободно движење меѓу земјите. Во исто време, Хрватска стана 20-та членка на еврозоната, монетарната унија на Европската унија, […]

Пленковиќ и Фон дер Лајен на 1 јануари ќе посетат хрватско-словенечки граничен пункт


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска, по завршувањето на 19-та седница на Националниот совет за воведување на еврото како официјална валута во Република Хрватска, соопшти дека по повод влезот на земјата во Шенген и еврозоната на 1 јануари ќе ја посети хрватско-словенечкиот граничен пункт Брегана. Заедно со него ќе биде и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а […]

Хрватска во ист ден влегува во Шенген и во еврозоната: Пленковиќ се заблагодари за поддршката


Хрваткиот премиер Андреј Пленковиќ синоќа им се заблагодари на сите членки на ЕУ за едногласната поддршка за влезот на Хрватска во Шенген зоната во „годината на испорачување“ во која владата ги постигна сите поставени цели за доброто на граѓаните. На прес-конференцијата по средбата во Брисел на која Хрватска беше потврдена како 27-ма членка на Шенген […]

Пленковиќ: Граѓаните и стопанството најмногу ќе имаат корист од членството во Шенген


Откако Хрватска денеска доби едногласна поддршка од Советот на министри за внатрешни работи и за правда во Брисел за влез во Шенген зоната на 1 јануари следната година, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека најголема корист ќе имаат граѓаните и хрватската економија. Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека „Хрватска е во Шенген“ […]

Пленковиќ: Светот кој ја поддржува Украина не ја повтори грешката со Хрватска


Светот не ги повтори грешките од пред 30 години кога Хрватска немаше општо изразување на солидарност како што има Украина, изјави денеска хрватскиот  премиер Андреј Пленковиќ на отворањето на првиот парламентарен собир на Меѓународната кримска платформа. На состанокот во Загреб, на кој присуствуваат 42 делегации од 32 земји, Европскиот парламент, Советот на Европа, ОБСЕ и […]

Пленковиќ ќе го претстави шестиот извештај за состојбата на државата и нацијата


 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска пред Парламентот ќе го претстави годишниот извештај за работата на Владата и затоа нема да присуствува на седницата на Антикорупцискиот совет, каде треба да го слушне поранешното раководство на ИНА за работата на таа компанија. Пленковиќ ќе го поднесе Извештајот за состојбата на државата и нацијата ден пред шестгодишнината од […]

Пленковиќ казнет со 3.000 куни оти пријавил поголема плата на сопругата


  Комитетот за одлучување на судир на интереси денеска на својата седница одлучи да го казни премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ со 3.000 куни (404 евра), поради неусогласеност во пријавата за имот. Пленковиќ казната може да ја плати на три рати. Според Комитетот, имало мали несогласувања околу пријавеното и она што го поседува премиерот, а […]

Пленковиќ: Не е време да се седи на две столчиња, Србија мора да избере страна


Сега не е време да се седи на две столчиња и Србија мора да избере страна, повика денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Тој ја коментираше откажаната посета на Белград од страна на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Според Пленковиќ, посетата „нема врска со Хрватска“ и тоа е работа на Москва и Белград. Но, […]

Хрватскиот премиер Пленковиќ на разговори со Зеленски во Киев


  Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, е во посета на Киев, каде се сретна со претседателот Володимир Зеленски и со премиерот на Украина и со парламентот. Украинскиот државен врв го информирал Пленковиќ за последиците од руското уништување, разговарале за натамошна помош и продолжување на европскиот пат на Украина, пишува ХРТ. Претседателот на Украина Володимир Зеленски […]

Пленковиќ: Дронот што падна во Загреб е од руско производство


Хрватската Влада објави соопштение денеска откако во Загреб ноќеска се урна беспилотно летало. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во Париз на состанокот на лидерите на ЕУ за ситуацијата во Украина, денеска и се обрати на јавноста, наведувајќи дека се работи за летало од руско производство. „Според она што сега го имаме како информација, се […]

Пленковиќ демографски ќе ја обновува Хрватска: Ќе им плаќа на иселениците да се вратат


Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска ја појаснуваше мерката за враќање на иселениците, на кои планира да има даде финансиска поддршка доколку се вратат во земјата од европските земји каде се иселиле. Се работи за поттикнување на самовработувањето во износ од 150 или 110 илјади куни (околу 20.000 евра), зависно зод индустријата и дополнителни 50.000 […]