Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија


Премиерот Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.  Како што соопшти Владата утре во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата по пречекот во премиерската вила […]

Хрватската Влада пушти гориво од државните резерви


Со оглед на кризата на Блискиот Исток, која предизвикува понатамошен раст на цените на нафтата, на седницата беше одлучено и да се пуштат на пазарот задолжителни залихи на нафта и нафтени производи, откри денеска премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ. Беше предложено Хрватска да пушти на пазарот 35.000 тони дизел гориво, што е околу 4,7 проценти […]

Хрватската влада ги ограничи цените на горивата


Поради ситуацијата на Блискиот Исток и војната во Иран, која влијае и на пазарот на нафтени деривати, хрватската влада одржува вонредна седница. Премиерот Андреј Пленковиќ потврди дека владата ќе ги ограничи цените на горивата. „Поради војната на Блискиот Исток, Ормутскиот теснец беше затворен, што доведе до зголемување на цената на нафтата. Цените сега се помеѓу […]

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ги отфрли обвинувањата за неуставни и незаконски дејствија на Владата поради приемот на бронзените хрватски ракометари во Загреб, на кој вечерва, и покрај противењето на градските власти, ќе настапи контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон. „Владата работи во согласност со Уставот, законот, своите овластувања и, најважно, во согласност со здравиот разум“, […]

Пленковиќ вели дека безбедноста на Европа е во голема опасност


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Париз изјави дека Европа се наоѓа на историска пресвртница, потенцирајќи дека нејзината безбедност е сериозно загрозена и дека инвестициите во одбраната мора да бидат врвен приоритет. На предавањето во Францускиот институт за меѓународни односи (IFRI), насловено „Европа на крстопат: Потврдување на суверенитетот во свет во промена“, Пленковиќ предупреди дека […]

Пленковиќ разговараше со Орбан: Хрватска сака да се договори со Унгарија за користењето на ЈАНАФ


Премиерите на Хрватска и Унгарија, Андреј Пленковиќ и Виктор Орбан, се сретнаа денеска во Копенхаген по низата меѓусебни обвинувања во последните денови во врска со транспортот на сурова нафта од страна на хрватската ЈАНАФ. „На маргините на состанокот во Копенхаген, разговарав со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Ја истакнав подготвеноста на Хрватска да снабдува нафта до […]

Пленковиќ: Нема сознанија за специјална војна против Хрватска


Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска изјави дека нема никакви сознанија дека африканската свинска чума е резултат на специјална војна против Хрватска. Министерот за земјоделство на Хрватска, Давид Влајчиќ, во вторникот пред новинарите во Осјек изјави дека не може да ја исклучи тезата дека против Хрватска се води „специјална војна“ со африканската свинска чума. Тој […]

Блумберг за оживањето на усташтвото во Хрватска: „Духот е пуштен од шишето“


  Иако Хрватска им изгледа како идилична летна дестинација на милиони туристи, во средината на шпицот на сезоната, оваа балканска земја се соочува со своето темно минато, пишува Блумберг во голема анализа потпишана од новинарките Јасмина Кузмановиќ и Андреа Дудик. Ова минато, велат тие, сѐ повеќе се одразува во музиката и политиката, а Марко Перковиќ […]

Пленковиќ: Овој дел од Европа нема да оди напред ако злосторства како Сребреница не се признаат


 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој утре ќе учествува на комеморацијата посветена на 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, изјави дека оди таму за да покаже почит кон жртвите и да изрази сочувство кон нивните семејства, но и јасно и недвосмислено да го осуди злосторството. -Доаѓам со длабоко чувство на човечка и политичка одговорност кон […]

Мицкоски се сретна со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ


  Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на работниот престој во Минхен, Сојузна Република Германија денеска оствари средба со претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген.    На средбата се разговараше за актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот, како и за можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста.   Премиерот […]

Прв потег на Милановиќ по изборниот триумф: Пратил писмо до Пленковиќ да се свика Советот за одбрана


Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска му предложи на премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ да ја свика 16-тата седница на Советот за одбрана. Предлог на претседателот Милановиќ е седницата да се одржи во наредните две недели, соопштија од Пантовчак, јавуваат хрватските медиуми. Претседателот Милановиќ предложил и теми за кои ќе се разговара на […]

Пленковиќ: Не одиме на инаугурацијата на Милановиќ


 Ден по поразот на Драган Приморац во вториот круг од претседателските избори, се состана претседателството на ХДЗ и, како што најави лидерот на партијата и премиер Андреј Пленковиќ, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Зоран Милановиќ,новиот/стар претседател на државата. „Нема да дозволиме да бидеме во ситуација да мораме да го слушаме Милановиќ како дава заклетва […]

Хрватскиот парламент ќе расправа за доверба на премиерот Пленковиќ


По еднонеделен одмор, парламентарците во Хрватска се враќаат и ги очекува многу работа во следните две недели, од донесувањето на државниот буџет за 2025 година и изборот на уставни судии до потврдувањето на нов министер за здравство и расправа за доверба на премиерот, јавија хрватските медиуми. Прашањето за доверба на премиерот Андреј Пленковиќ го отвори […]

Пленковиќ се откажа од мандатот во Европскиот парламент и останува премиер на Хрватска


 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се откажа од мандатот што го освои на изборите за Европскиот парламент, а се очекува тоа да го стори и потпретседателката на Европската комисија за демографија и демократија, Дубравка Шуица. Тоа значи дека хрватскиот премиер ќе остане во Загреб, а Шуица повторно ќе биде предложена за хрватски претставник во новиот состав […]

Хрватска: Пленковиќ договори формирање влада со десничарското Татковинско движење


Партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска постигна договор со десничарското Татковинско движење за формирање на ново парламентарно мнозинство и идна влада, која повторно ќе ја предводи претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ. „Предлогот за постигнатиот договор, заедно со распределбата на ресорите на идната влада, во текот на денешниот ден ќе биде претставен пред партиските органи и […]

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада


Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и на техничката влада Андреј Пленковиќ по седницата на претседателството на партијата изјави дека има повеќе од 76 пратеници кои се подготвени да го поддржат. На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ХДЗ го освои мнозинството мандати во Парламентот, но недоволно за сама да формира влада, па претходните […]

Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои


Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека и трет мандат ќе остане претседател на извршната власт, а на Зоран Милановиќ му порача дека повеќе не постои како претседател на Републиката. Милановиќ како претседател на Републиката повеќе не постои … Тој го знае тоа, тоа го знаат сите експерти по уставно право. […]

Пленковиќ кандидат за наследник на Фон дер Лајен? Заинтересиран е


Урсула фон дер Лајен полека ја губи поддршката од конзервативната група европски партии (ЕПП) за нов мандат на чело на Европската комисија, пренесува „Билд“, кој пишува и дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, или грчкиот премиер Киријакос Мицотакис би можел да стане шеф на Европската комисија. – И Пленковиќ и Мицотакис наводно веќе пројавиле интерес за […]

Пленковиќ избегнал воен рок? Сега сака да ги праќа хрватските деца во војска


Премиерот на Хрватска и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, сака по секоја цена да воведе задолжителен воен рок, пред избори. Истиот тој Пленковиќ,  се спаси од воен рок, непосредно пред војната во Хрватска. Актуелниот премиер наполни 18 години во 1988 година. Се запишал на Правен факултет, но тогаш не било лесно да го избегне воениот […]

Пленковиќ го смени министерот за економија Давор Филиповиќ


 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска го смени министерот за економија Давор Филиповиќ oткако неговиот специјален советник на локалната телевизија Мрежа ТВ нудел закуп на огласен простор од голем број државни фирми и институции во замена за пари. Транскриптот од разговорот на специјалниот советник Јурица Ловринчевиќ со новинар од Мрежа ТВ го објави во најновиот број […]