САСА ќе ги зголеми платите за 5.500 денари


Рудникот САСА одлучи да ги зголеми платите на вработените за 5.500 денари, соопшти денеска генералниот директор Нил Стивенсон. Покрај зголемувањето од 5.500 денари, во јануари 2019 година работниците ќе добијат уште едно покачување од пет отсто и уште пет отсто во јануари 2020 година, со што од сега до 1 јануари 2020 година платата ќе […]

Смаиловиќ: Не земам плата 1.700 евра, тоа е приход за месец и половина


„Лаги и невистини се наводите дека платата ми е 1.700 евра“, реагира Сенко Смаиловиќ, директор на ЈП „Улици и патишта“ кој изминатиов викенд дел од медиумите го прозиваа дека самоиницијативно си ја покачил платата од 1.000 на 1.700 евра објавувајќи документ за остварените приходи. Смаиловиќ појаснува дека пресметките во документот се однесуваат на две исплатени […]

Кривична пријава за директор на училиште за земање поголема плата од утврдената


Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Т.Д. (46) од Гевгелија осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од март 2010 година до септември 2017 година пријавениот како директор на ООУ „Климент Охридски“ во гевгелиското село Миравци,  и наредил на вработената како секретар, благајник и сметководител во училиштето […]

МОБ три месеци не исплатила танчар од Јапонија: Повредени ми се лигаментите, а немам пари да се лекувам


Јапонскиот танчар Кенто Терашита, кој е ангажиран како надворешен соработник на Македонската опера и балет, се пожали дека три месеци не го добил својот хонорар и дека тоа му задава проблеми во нормалното живеење во земјава. Терашита преку својот фејсбук-профил се огласи барајќи помош како да се справи со ситуацијата во која се наоѓа. Посочува […]

Тевдовски: За првпат просечната нето плата надмина 24.025 денари


Имаме најголем годишен раст на платите од 2010 година, во јануари годинава просечната нето плата првпат надмина 24.025 денари и во споредба со јануари минатата година има раст од 1.275 денари, односно за 5,6 проценти, изјави на денешната прес-конференција министерот за финансии Драган Тевдовски. Посочи дека особено е важен растот на платите во текстилната и […]

Ќе им се намалат платите на Анѓушев, Шеќеринска, Спасовски, Османи и Лика


Актуелните вицепремиери Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика од идниот месец ќе земаат помала плата, согласно одлуката на Уставниот суд по иницијативата на политичката партија Левица. Судот укина дел од членот 14 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците и утврди дека функцијата „потпретседател на влада“ не постои […]

Работа од соништата: Во Дубровник се нуди плата од 1.500 евра и сопствен стан


Здравствениот дом во Дубровник, Хрватска објави јавен повик кој привлече големо внимание кај јавноста. Се однесува на работно место кое нуди навистина привлечни услови. Имено, се бара педијатар на неодредено време, а примањата ќе бидат во висина од 12 илјади куни или 1.500 евра личен доход. Оној кој ќе го добие работното место ќе биде обезбеден стан, […]

Проечната плата во декември 23.850 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2017 година изнесувала 23.850 денари и е повисока за 1,7 отсто од декември 2016-та, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување се должи, пред сè, на повисоката исплатена нето-плата во секторите: Други услужни дејности (9,8%), Преработувачка индустрија (9,3%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,9%). […]

Вработените во јавниот сектор може да останат без плата


Институциите од јавниот сектор имаат рок од три месеци да ги внесат податоците за своите вработени во инфоматичкиот систем за управување за човечки ресурси бидејќи во спротивно може да се доведат во ситуација да не можат да им исплатат плата на вработените чии податоци не се внесени. Тоа значи дека доколку институцијата ги нема внесено […]

Платата на шумските полицајци ќе се зголеми за 30 отсто


За 30 отсто ќе се зголемат платите на шумските полицајци. Одлуката ќе се применува по првиот ребаланс на Буџетот за 2018 година, информираше денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата вчера ја разгледала информација за унапредување на работничките права преку Колективен договор со што овластените службени […]

Мицковска Ралева: Работниците да пријавуваат прекршување на нивните права од работен однос


Платата на 44 проценти од вработените во Македонија целосно или делумно не се пријавува, при што девет проценти се без писмен договор за работа и не им се исплатени социјални придонеси за вработување. Истовремено се почесто до Управата за јавни приходи (УЈП) пристигнуваат поплаки дека не се издаваат фискални сметки, истакнаа учесниците на денешниот Регионален […]

Дикректорот на „Изи џет“ си ја намалил платата за да биде иста со таа на неговата претходничка


На новиот извршен директор на британската авиокомпанија „Изи џет“ Јохан Лундгрен платата ќе му биде намалиена за да биде иста како таа на неговата претходничка Каролин Меккол. Во рамки на борбата против нееднаквоста помеѓу заработката на мажите и жените, платата на новиот директор на „Изи џет“ ќе биде намалена од 740.000 фунти (1,04 милиони долари) […]

Просечната плата во ноември 23.196 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември минатата година изнесувала 23.196 денари, и е повисока за 3,6 проценти споредено со ноември 2016 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: преработувачка индустрија за 8,9 проценти, објекти за сместување […]

Сите плати во врвот на Министерството за одбраната над 1.000 евра


Со 1.280 евра (78.791 денари) месечна плата министерката за одбрана Радмила Шеќеринска е најплатениот кадар на Министерството за одбрана, јавува Телма Втор по висината на платата е генерал потполковникот Методија Величковски, кој како началник на ГШ на АРМ добива 76.372 денари плата (1241 евра). Заменик министерот Беким Максути има месечна плата од 64.844 денари или 1055 […]

Не сакаат да работат за плата од 300 евра: Универзитетските професори си заминуваат од земјава


Над 68 проценти од универзитетските професори би ја напуштиле земјата доколку им биде дадена понуда да заминат во странство, покажува истражувањето за студијата „Воспоставување на критериуми за квалитет во општествените науки во функција на спречување на одливот на мозоци од РМ“, што беше презентирана на Правниот факултет Јустинијан Први. – Студијата, изработена од Институтот за […]

Тројца вработени во АЕК земале плата, а не оделе на работа


Тројца вработени во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во изминатите две години земале плата, но не се појавувале на работа, или доаѓале само неколку месеци. Ова го покажува мониторинг-извештајот за работата на Агенцијата кој го подготви „Евротинк – Центар за европски стратегии“, НВО „Инфоцентар“, „Транспарентност Македонија“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Во периодот од […]

Штип: Здружението „Гласно-Текстилец“ забележа неправилности при исплатата на минималната плата


Констатирани се првите притисоци и злоупотреби со исплатата на минималната плата во текстилните конфекции во земјава, објави на прес-конференција Кристина Ампева од штипското здружение „Гласно-Текстилец“. Таа истакна дека одредени работодавци на работниците им барале дел од исплатената плата да им ја вратат на рака. – Тоа посебно го констатиравме во Валандово, Куманово и Делчево, каде […]

Во прекин железничкиот товарен сообраќај


Железничкиот товарен сообраќај во Македонија е во целосен прекин од 07:30 часот утринава, а железничкиот патнички сообраќај од станица Скопје Патничка ќе се одвива само до полноќ, соопшти попладнево МЖ Транспорт ад Скопје. Како што информираат, изутрина со почеток во 07:30 часот, група вработени од машинскиот и извршен персонал во МЖ Транспорт АД Скопје, еднострано […]

За две недели на сметките на вработените треба да легнат по 9.174 денари


Работодавачите имаат уште две недели да исплатат регрес за годишен одмор, или кај работниците популарно познат како К-15. На сметките на сите вработени во приватниот сектор до крајот на годинава треба да легнат по 9.174 денари, или 40 отсто од просечната нето плата. Фирмите што не го исплатиле регресот во претходните 10 месеци ќе мораат […]

Македонците меѓу најсиромашните на Балканот


Македонија е претпоследна во регионот кога станува збор за тоа колку се богати граѓаните, покажува картата на картографот Јакуб Марјан која ја прикажува распределбата на богатството во Европа. Податоците прикажани на картата се темелат на анализата на швајцарската мултинационална финансиска компанија „Кредит Свис“, која го мери богатството со собирање на вредностите на финансискиот и другиот […]