Пендаровски: Како со Ковид-вакцините, ЕУ да помогне и сега, за енергетска криза


Претседателот Стево Пендаровски денеска информира дека земјава и официјално веќе бара поддршка од ЕУ за справување со енергетската криза. -Како и во времето на Ковид, за вакцините, така и сега, поради енергетската криза, ќе ја замолиме ЕУ за сличен пристап. Ние замоливме и преку нашето МНР тоа го правиме. Станува збор за криза без преседан. […]

Пендаровски: Поништување на Договорот со Бугарија ќе ја запре нашата евроинтеграција


Претседателот Стево Пендаровски смета дека не може да разговараме за европски интеграции ако не сакаме да имаме договори за добрососедство со соседите. Не поддржува референдум со кој би се поништил Договорот за добрососедство со Бугарија, оти тоа, како што вели, би ја запрело европската интеграција на земјава. Тоа, нагласува, би било исто како да веруваме […]

(Во живо) Пендаровски и Ковачевски по Советот за безбедност


Премиерот Димитар Ковачевски, ќе присуствува на 17-та седница на Советот за безбедност, каде ќе се разговара за  енергетската криза во земјава и мерки за нејзино надминување. На Седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот […]

Пендаровски се обрати по повод почетокот на Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во ЈИЕ


  Претседателот на државата Стево Пендаровски се обрати на свечениот прием по повод почетокот на Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во Југоисточна Европа, чиј домаќин е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Република Северна Македонија. Како што соопшти денеска Кабинетот на Претседателот, Пендаровски им посака успешна работа на учесниците и позитивни […]

Утре седница на Советот за безбедност, енергетската криза на дневен ред


На 6 септември 2022 година (вторник) со почеток во 11 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи 17-та седница на Советот за безбедност. На дневен ред на седницата ќе биде енергетската криза во Република Северна Македонија и мерки за нејзино надминување. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на […]

Очекувам одговорност и истрага во Пливачката федерација за Охридскиот маратон, вели Пендаровски


  Претседателот на државата Стево Пендаровски очекува одговорност и истрага во однос на случувањата во Пливачката федерација на Македонија и откажувањето на Охридскиот пливачки маратон за оваа година. По она што бил информиран од новото раководство на Федерацијата, забележа дека се работи за сериозни обвинувања. – Од новото раководствио на Пливачката федерација на Македонија пред […]

Пендаровски: Македонскиот дел од Историската комисија нема да се согласи на „квази-историски“ аргументи


  Претседателот на државата Стево Пендаровски верува дека македонските членови на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија нема да се согласат за ниеден „квази-историски“ или „квази политички“ аргументи, какви што често доаѓаат од Софија. По отворањето на 55. јубилејна Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при […]

Кабинет на Пендаровски: Потребни се законски измени за недвосмислено правно уредување на називите на здруженијата и фондациите


  Потребни се итни измени на Законот за здруженија и фондации во кој недвосмислено правно ќе се уредат нивните називи, вклучувајќи ја и постапката за регистрација на називи што вклучуваат историски настани и личности, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. – За жал, како држава, од неодамнешното именување на клубот во Битола според историски […]

Порака од претседателот Пендаровски по повод 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор


   Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ја упати следната порака: „Пред 21 година, во Охрид, претседателите на четирите тогашни најголеми политички партии заедно со претседателот Борис Трајковски и претставниците на ЕУ и на САД го потпишаа Рамковниот договор кој ја спречи натамошната ескалација на конфликтот и […]

(Видео) Пендаровски доделува ордени и медали на заслужни граѓани


На платото во Кабинетот на претседателот ќе се одржи централна манифестација, на која ќе се обрати претседателот Пендаровски и ќе бидат доделени одликувањата Орден на Република Северна Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст. Со Орден на Република Северна Македонија, постхумно ќе биде одликуван Крсте Црвенковски, за својот особен, стратешки, долготраен и неповторлив придонес во втемелувањето и во развојот […]

Чествување на Илинден – Денот на Републиката во манастирот „Св. Прохор Пчински“


Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, денеска ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година. Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор […]

Пендаровски: Од соседството ни доаѓаат руски агенти, неколку партии се финансираат од Москва


Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Фокус“, коментирајќи ја изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој деновиве оцени дека расположението на македонскиот народ е спротивно од евроатланскиот курс на политичката елита, рече дека се работи за провокативни изјави кои, според него, се дел од политичка пропаганда. – Сите државни институции знаат дека Русија […]

Пендаровски предлaгa референдумско прашање: „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови“


 Претседателот на државата Стево Пендаровски предлага доколку се одржи референдумот што го најавува опозицијата, тогаш референдумското прашање да гласи „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови“. Пендаровски ова го изјави во интервју за неделникот „Фокус“. -Колку што разбирам, прашањето нема да биде за уставните промени, туку ќе биде за билатералниот договор со Бугарија и […]

Пендаровски за „Етнос.гр“: Мали се шансите некој политички субјект да има двотретинско мнозинство за уставните промени


Имајќи ја предвид нашата длабока политичка поларизација, мали се шансите некој политички субјект да може да собере две – третини од парламентарното мнозинство за да ги поддржи промените на Уставот за вклучување на Бугарите, вели претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во интервјуто за „Етнос.гр“, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто за информативниот […]

Средба на Пендаровски со Бишваџит Банерџи, поранешен шеф на мисијата на ММФ за Македонија


Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со Бишваџит Банерџи, експерт од областа на меѓународната монетарна политика, поранешен шеф на мисијата на ММФ, кој престојува во посета на државата по повод одбележувањето на 30 годишнината од монетарното осамостојување. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, јубилејот бил повод и за отворање на изложбата „В/редности и вредности“ […]

Пендаровски: Францускиот предлог е прифатлив компромис, ниту триумф ниту дебакл


Модификуваниот француски предлог е транзиционен компромис за една од фазите на европските интеграции, во која три елементи се битни и затоа предлогот во овој формат е прифатлив, изјави претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност. Одлуката да се прифати модификуваниот француски предлог, нагласи, нема да биде ниту историски триумф на едната страна, ниту […]

(Видео) Изјава на Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност


Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржa 16-та седница на Советот за безбедност. На дневен ред на седницата е модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија. По добивањето на предлогот на француското претседателство, премиерот Ковачевски одржа консултативни средби со лидерите на владината […]

Пендаровски го свика Советот за безбедност за францускиот предлог


Претседателот Стево Пендаровски за утре напладне во неговиот кабинет свика состанок на Советот за безбедност на кој ќе се разгледува модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата […]

Овој француски предлог е далеку подобар за нас од претходниот, вели Пендаровски


  Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ми соопшти, а јас тоа му го пренесов и на нашиот премиер Димитар Ковачевски, дека Франција како претседавач со ЕУ ќе направи модификации во предложениот текст на преговарачката рамка, информира шефот на државата Стево Пендаровски од Мадрид, додавајќи дека овој предлог е далеку подобар за нас од претходниот. „Не […]

Претседателот Пендаровски на Самитот на НАТО во Мадрид


Претседателот Стево Пендаровски од денеска е во тридневна посета на Мадрид, Кралството Шпанија, каде што ќе учествува и ќе ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на Самитот на НАТО Алијансата. Во состав на државната делегација се министерката за одбрана Славјанка Петровска и шефот на дипломатијата Бујар Османи. Според агендата, денеска претседателот Пендаровски, придружуван од […]