Претседателот Пендаровски ќе го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година


   Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ќе го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година, како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. Церемонијата на доделување на признанието ќе се одржи во Кабинетот на претседателот. 

Власта и опозицијата да излезат во пресрет на барањата на студентите, вели Пендаровски


  Претседателот Стево Пендаровски смета дека имаат основа барањата на студентите кои неделава преку протест и марш побараа подобрување на стандардот. Ги повикува и власта и опозицијата да излезат во пресрет на нивните барања. – Ова што го гледам, еден од предводниците на последните протести имаше коректна реченица – не би сакале да видиме политичари […]

Пендаровски ќе ги прими акредитивите на новата амбасадорка на САД Прајс Агелер


  Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Анџела Прајс Агелер. На 5 август демократското мнозинство во Сенатот на Твитер објави дека Анџела Прајс Агелер е потврдена за нова амбасадорка на САД во Северна Македонија. Таа доаѓа на местото на Кејт Мари […]

Средба на претседателот Пендаровски со полскиот премиер Моравјецки


 Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Полска, денеска во Варшава оствари средба со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, беше изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека постои солидна основа за натамошен развој и унапредување […]

Претседателот Пендаровски во Варшава одликуван со Орден на Белиот Орел,  претседателот Дуда со Орден „8 Септември“


  Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Варшава, во рамки на неговата официјална посета на Република Полска, беше одликуван со највисокото полско одликување, Орден на Белиот Орел, како симбол на блиските дипломатски и политички релации меѓу двете држави и претседатели и потврда на македонско-полското пријателство и партнерство. Со Орден „8 Септември“ претседателот Пендаровски, соопштија […]

Пендаровски – Дуда: Нашите европски интеграции се една од клучните точки на дискусија


Посета на Полска како потврда за зајакнатиот политички дијалог меѓу Северна Македонија и Полска. Разговори со претседателот Анджеј Дуда за актуелните безбедносни прашања, енергетската и економската криза, предизвици со кои заеднички се соочуваме во Европа, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот фејсбук профил. – Нашите европски интеграции се една од клучните точки на […]

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Октомври: Да се помириме и сплотиме околу заедничката цел


  Претседателот на државата Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден, се наведува во честитката од Пендаровски, се потсетуваме на храбрите млади луѓе кои, не можејќи да се помират со тешката состојба на обесправениот македонски народ, во 1893-та година ја формираа Македонската револуционерна […]

Претседателот Пендаровски ги прими победниците на „НАСА спејс апс челинџ 2022“


Претседателот Стево Пендаровски денеска прими средношколци кои победија на годинашното македонско суперфинале од 48-часовниот хакатон „НАСА спејс апс челинџ 2022“, во организација на Американската агенција за вселенски истражувања НАСА. Претседателот Пендаровски беше информиран за високиот потенцијал на реализираните проекти на неодамнешниот натпревар, што резултира со избрани два победнички тима од страна на жири комисијата, за […]

Пендаровски: 11 октомври нека ни биде инспирација за надминување на поделбите


Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија. „Денес после 81 година од почетокот на антифашистичката борба која ни донесе слобода и македонска држава, заедно со целото човештво сме исправени пред нови искушенија. Покрај сите здравствени, економски, безбедносни и енергетски проблеми, ние се […]

Пендаровски: Прашањето на Левица за референдумот е збунувачко и нејасно за граѓаните


Прв ќе излезам на гласање на евентуален референдум и тоа изутрината во 7 часот на гласачките места доколку прашањето гласи: „Дали сте за тоа Северна Македонија да стане членка на Европската унија?“, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Слободен печат“. Партијата Левица денеска до архивата во Собранието го достави барањето за спроведување задолжителен референдум […]

Заедничка изјава на Пендаровски и претседатели на НАТО земји-членки за руската одлука за анексија на украински територии


Претседателите на НАТО земји-членки од Централна и Источна Европа, меѓу кои и претседателот Стево Пендаровски, дадоа заедничка пишана изјава во врска со одлуката на Русија за нелегално анектирање на украински територии во која повторно изразуваат поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. -Ние, претседателите од Централна и Источна Европа, од земји чиишто лидери го посетуваа […]

Пендаровски: Не се разгледува можност за враќање на задолжителниот воен рок


 Република Северна Македонија има професионална Армија, согласно потребите на земјата. Стратешка одлука која ќе продолжи да се применува и во иднина, исполнувајќи ги обврските како полноправна членка на НАТО, вели претседателот на државата, Стево Пендаровски. Тој во одговорот на прашањето на МИА, да го изнесе неговиот став во врска со вчерашната изјава на началникот на Генералштабот […]

Ученици од Прилеп му го покажаа на Пендаровски системот за собирање дождовница


Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети општина Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“. За време на престојот, како што соопшти негоивот Кабинет, Пендаровски го посети средното општинско училиште „Орде Чопела“, каде што беше запознаен со инклузивните образовни методи, со тековните проекти и иновативни решенија на тимовите од различни стручни области. Учениците […]

Пендаровски: Бошњаците се интегрален дел од македонското општество


  Претседателот Стево Пендаровски денеска упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во земјава по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. -Овој ден е еден од важните празници што го симболизираат богатството од етнички, верски, јазични и културни идентитети под македонското небо. Во нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија, ние различноста на идентитетите […]

Пендаровски: Војната во Украина донесе енергетска криза и безбедносни предизвици


Безбедносните прашања секогаш биле важна тема, а неизбежно, најактуелно безбедносно прашање на денешнината е руската агресија врз Украина која тектонски ја поремети стабилноста на Европскиот континент кога мислевме дека по падот на Берлинскиот ѕид сме навлезени во период на долгорочен мир и стабилност. Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски во видео обраќање со кое ја […]

Пендаровски се обрати на затворањето на Летната школа за партиципативно управување и граѓанско – јавно партнерство


Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на затворањето на Летната школа за партиципативно управување и граѓанско – јавно партнерство: „Liquid Frameworks, Solid Institutions — building participation from the bottom up” во организација на Кооператива –  регионална платформа за култура. – Независниот културен сектор е општествената група која се бори освен за својот примарен […]

Пендаровски: Скринингот е најважниот политички приоритет за нас


  Ставот на претседателот на државата Стево Пендаровски е дека во наредните 14 месеци скринингот е апсолутно најважниот политички приоритет за нас. Да се фатиме за реформи, нагласи тој, бидејќи имаме доста домашни задачи на тој план. – Не мислм дека промената на Уставот денес или во месеците кои доаѓаат, треба да биде политички приоритет […]

Пендаровски: Наш приоритет треба да биде вложувањето во животната средина


Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на одбележувањето на 20-годишнината на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, што се одржа вчеравечер во Скопје. Настанот, кој се одржа под покровителство на претседателот Пендаровски, беше организиран од Еко-свест, како стратешки партнер на Шведската агенција за развој и соработка-СИДА во спроведување на стратешкиот тригодишен […]

Пендаровски: Кризата е можност за зајакнување на нашата енергетска архитектура


  Кризата е и можност за зајакнување на нашата енергетска архитектура преку вложување во долгорочната енергетска безбедност, достапност и одржливост, порачал претседателот на државата Стево Пендаровски на свеченото отворање на Деновите на групацијата ЕВН. Говорејќи за кризата со достапноста до енергија, еколошката одржливост и енергетската безбедност, претседателот Пендаровски оценил дека како мала и отворена економија […]

Единство, заедништво и свест за општото добро, порача Пендаровски


Единството е клучниот предуслов за успех, а за да бидеме поуспешни во натпреварот меѓу народите мора да го обновиме заедништвото и да ја вратиме свеста не за личниот интерес, туку за општото добро, порача денеска претседателот на државата Стево Пендаровски на церемонијата на одликувања по повод 8 Септември – Денот на независноста. Шефот на државата […]