Општините не можат да го поднесат притисокот од поскапувањето на струјата


Претседателството на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) ќе иницира измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со цел да се подобри финансискиот и фискалниот капацитет, да се зголемат приходите на општините, а ќе побара и итен состанок со Владата за да се изнајде брзо и квалитетно решение за растот на […]

Владата подготвува принудна управа за БЕГ, нема да дозволи граѓаните да останат без парно греење


Во однос на енергетската криза, производителите на електрична енергија во државата – ЕСМ доби јасна задача, да ги пушти во погон, односно да воспостави производство во сите расположливи капацитети. Во моментов ЕСМ произведува со два блока, во тек е пуштање и на третиот блок во РЕК Битола. Пуштена е во погон и електраната во Осломеј, […]

Арсовска: РЕК не даде лиценца на Градскиот енергетски систем, па три компании ги носат одлуките за парното


Градскиот енергетски систем не доби лиценца од Регулаторната комисија за енергетика, па  три компании во овој момент кои што самостојно, автономно ги носат своите деловни одлуки и тие се оние кои одлучуваат за испораката на топлинска енергија до граѓаните на Скопје, рече градоначалничката Данела Арсовска, во вечерашното гостување на Телма, по жалбите од граѓаните дека […]

ЕСМ-Енергетика непречено испорачува топлинска енергија


АД ЕСМ, подружица „Енергетика” врши непречено снабдување со топлинска енергија на корисниците во Скопје, приклучени на топловодната мрежа на Енергетика. Испораката на топлинска енергија е континуирана и се врши согласно мрежните правила. -Од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, раководството на „Енергетика” и експертски тимови се следи состојбата со енергенсите на светско и домашно […]

РКЕ: Потрошувачите да поднесат приговор за несоодветно греење


 Потрошувачите кои не добиле соодветна услуга од снабдувачот со топлинска енергија може да поднесат приговор до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), која информира дека снабдувачот е должен и да ја прилагоди температурата доколку има поплаки од Управител односно од Заедница на сопственици и барање за повисока температура од минимум пропишаната. -Снабдувачот има […]

Струјата поскапа за 9,48, парното за 14,05 отсто


 Цената на електричната енергија за домаќинствата од денеска  е зголемена за 9,48 проценти и е укината дневната евтина тарифа. Поскапено е и парното греење за скопјани за 14,05 отсто. Евтината тарифа во текот на ноќта и во недела остануваат, а според образложението на Регулаторната комисија за енергетика доколку не се укинеше дневната евтина тарифа од […]

Цената на парното ќе зависи од условите за природниот гас што ќе се договорат со „Гаспром“


Во однос на цените на парното веќе се започнати преговори со „Гаспром“ од страна на „Макпетрол“ кој е главен увозник на природен гас. Имајќи во предвид дека ние имаме само еден влез, еден интерконектор со Република Бугарија каде што главно количините се обезбедени од страна на „Гаспром“ и во Република Бугарија и сме зависни, во […]

Исклучените од парно од април нема да плаќаат фиксен надоместок


Од април исклучените од парно греење повеќе нема да плаќаат фиксен надоместок, предвидуваат новите предлог-правила за снабдување со топлинска енергија што денеска на седница ги разгледа Регулаторната комисија за енергетика. На потрошувачите на топлинска енергија, пак, од 1 август во сметките ќе им биде укината ангажираната можност, но тоа не значи дека ќе добијат помали […]

СЈО: Сите документи за „Империја“ се сочувани, нема поплава туку пукната цевка


Сите документи од предметот „Империја“ се сочувани, потврди за МИА обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова, по информацијата објавена во некои медиуми дека дел од документите собирани како докази за три предмети, биле поплавени. Од СЈО велат дека не се работи за поплава, туку за прскање на една цевка од парно греење во сутеренски […]

Бислимовски: До 5 март нови правила за снабдување со топлинска енергија во Скопје


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) до крајот на неделава ќе ја добие Студијата и анализата од МАНУ која ќе претставува појдовна основа за изработување на новите правила за снабдување со топлинска енергија што треба да бидат готови до 5 март, потврди денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски. Тој најави дека веднаш по добивањето на докуменот […]

Греењето на дрва речиси со исти трошоци како со парно, но се уште најисплатливо


Греењето со огревни дрва се уште е економски најисплатливо во деловите од земјава каде нема централно греење, а греењето со електрична енергија е еколошки најприфатливо, оценуваат експертите. Според нив, грејната сезона во Македонија најчесто трае шест месеци, од кои во три е неопходно поинтензивно греење, додека во останатите најчесто се сведува на делумно загревање на […]

БЕГ не оди во стечај


  Основниот суд Скопје 2 донесе решение со кое ја прекина постапката за отворање стечај на БЕГ. Во образложението на решението на надлежниот суд стои дека ваквата одлука е донесена откако до судот се доставени докази дека компанијата ги има подмирено сите финансиски обврски и дека нејзините банкарски сметки не се блокирани. Со ова Судот […]

Завршува грејната сезона


Грејната сезона 2017/2018 почна порано од вообичаеното, на 7 октомври 2017 година. Вообичаено трае од 15 октомври во тековната до 15 април наредната календарска година и може да почне порано или да биде продолжена, но најмногу до 30 април, зависно од временските услови, односно ако според УХМР прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква […]

Централното греење ќе се враќа во државна сопственост?


Една од мерките за намалување на загадувањето во Скопје е системот за централно греење, со кое сега управува компанијата „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) да се врати во државна сопственост, информираа скопскиот градоначалник Петре Шилегов и заменикот во Министерството за екологија, Јани Макрадули. Сепак, ова е само идеја што се разгледува во Владата. Инаку, според податоците […]

Граѓаните зовреа од игрите за парното греење


Кој ќе поставува мерачи на радијаторите, колку ќе поскапи парното греење, треба ли постоечките корисници да стават калориметри или само новите, ќе треба ли исклучените од парно да ставаат мерачи? Ова се дел од дилемите во јавноста откако минатиот викенд Константин Димитров од МАЦЕФ, еден од креаторите на новиот закон за енергетика, објави дека сите […]

Ќе мрзнеме ли и покрај централното греење: И исклучените ќе купуваат мерачи за греење


Граѓаните што не користат парно и во иднина ќе мора да плаќаат паушален износ, пресуди вчера Уставниот суд. Уставните судии вторпат ја отфрлија иницијативата поднесена од членовите на Здружението за заштита на човекови права „Но пасаран“, кои бараа да се оцени уставноста на членот 66, од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната […]

Уставен суд донесе одлука: Исклучените од парно сепак ќе плаќаат сметки


Уставниот суд денеска ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на членот 66, од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, со кој всушност беше воведена обврска граѓаните кои не користат парно да плаќаат надоместок. Од Судот велат дека по членот 66 решавале во 2013 година и уште тогаш иницијативата е отфрлена. […]

Ако сакаме пониски сметки за парно ќе треба да штедиме на греење


Доколку граѓаните сакаат да добиваат сити сметки како и досега ќе мора за 30% да ја намалат потрошувачката на топлинска енергија во своите домови. Ова е одговорот на БЕГ за тоа дали новите мерачи кои секое домажинство ќе треба да ги постави на своите радијатори ќе ја намалат или зголемат сметката за парно. -Корисник кој […]

Мерачи за парно ќе има, ама за нив нема да плаќаат граѓаните


Мерачи за парно ќе има, но за нив нема да плаќаат граѓаните, односно ќе се најдат финансиски средства за да бидат платени, тврди вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Новиот закон за енергетика предвидува граѓаните да плаќаат парно толку колку што потрошиле, а не според квадратура, за што секој корисник на централно греење ќе мора […]

Анѓушев: Граѓаните нема сами да набавуваат калориметри


Граѓаните кои се приклучени на системот за централно греење нема да мора сами да набавуваат мерачи за топлинска енергија за радијаторите и за тоа да треба да одвојат сопствени средства, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. – Тоа е дезинформација која не знам од кои причини се шири. Мерачи ќе има и ќе […]