За речиси 6 отсто поскапо парно за скопјани од 1 август


Граѓаните на Скопје ги очекуваат повисоки сметки за затоплување уште пред официјалниот почеток на следната грејна сезона. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги пресече новите цени за сите корисници на централно греење во главниот град, а коригираниот ценовник официјално стапува на сила од 1 август. Најголемото зголемување ги засега домаќинствата приклучени на системот на „ЕСМ […]

Претседателот на РКЕ не очекува драстично зголемување на цената на парното


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Ацо Ристов денеска на средба со новинарите изјави дека не очекува да има драстично зголемување на цената што ја плаќаат крајните потрошувачи приклучени на системот за топлинска енергија. „Во делот на гасот засега нема големи флуктуации за разлика од оние што се случуваат кај нафтените деривати и неговата цена […]

Продолжена грејната сезона во Скопје – уште два дена парно


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека водејќи се од основните цели на Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана […]

ЕСМ Снабдување со топлина: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите


Нормализирана е испораката на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, по денешниот прекин поради дефект лоциран на бул. „Крсте Мисирков“, соопшти попладнево ЕСМ снабдување со топлина.  -Екипите на ЕСМ Дистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот, се вели во информацијата објавена на […]

Поради дефект без парно се делови од Центар, Аеродром и Кисела Вода


ЕСМ Снабдување информира дека поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел воспоставување на нормална […]

Кривична за 33 лица, 11 во притвор – переле пари преку набавки за ЕСМ Дистрибуција на топлина


Во текот на ноќта на 17 и 18.12. 2025 година, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. […]

Новите деловни и станбени објекти ќе мора да имаат инсталација за парно, онаму каде што има можност за приклучок


Собранието попладнево во рамки на 72. седница ги донесе измените на Законот за градење со кои новите станбено-деловни градби и градбите за колективно домување на подрачја на кои има техничка можност за приклучок на систем за дистрибуција на топлинска енергија, задолжително ќе мора да се проектираат и изведуваат со целокупната машинска односно техничка инсталација за […]

Граѓаните ќе ја плаќаат модернизацијата на мрежата со поскапо парно од 5,9 отсто


  Од 1 декември цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек од 5,9 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето […]

Од среда, радијаторите ќе бидат топли – почнува грејната сезона


Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системите за централно греење во градот Скопје, со кои управува АД ЕСМ. Преку системите се греат околу 66 000 активни потрошувачи, од кои 65 000 домаќинства и над 1 000 деловни потрошувачи, во кои се вклучени болници, здравствени домови, средни и […]

Грејната сезона почнува на 15 октомври, апел потрошувачите навреме да ги завршат интервенциите


Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден изнесува 12˚С или пониско, според податоците на Управата за […]

Цената на парното во Скопје, засега, останува иста, се чека процената на топланите


Скопјани, за сега, куртулија од евентуално поскапување на парното греење, откако денес Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која што го продолжи важењето на постоечките цени на топлинска енергија на трите системи во градот Скопје. Сепак, конечната одлука за цената на парното за наредната сезона ќе биде донесена кон крајот на септември или во […]

Уште 1.000 домаќинства од Александрија во Ѓорче ќе може да се приклучат на парно


Во населбата Александрија во Општина Ѓорче Петров започнува подготовка за реализација на значаен проект за изградба на нова топловодна мрежа, во вредност од 40 милиони денари, инвестиција на ЕСМ – Дистрибуција на Топлина. Со овој зафат, над 1.000 стамбени единици ќе добијат можност да се приклучат на мрежата за централно парно греење. Се работи за […]

Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север


Од 1 март за 5,17 отсто се зголемува цената за потрошувачите на топлинска енергија на ЕСМ Енергетика, а за 5,25 отсто поскапува парното за корисниците на Скопје Север – Енерџи еколинк, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Станува збор за вкупен конзум од 2.500 потрошувачи. […]

Поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, предупредува Шукова


Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, бидејќи граѓаните ќе бидат принудени да користат алтернативни и многу поштетни извори на греење, што ќе го зголеми загадувањето. Според неа, ова е директен удар врз семејните буџети, во време кога трошоците за живот експлодираат, а платите остануваат исти. […]

(Видео) Парното поскапува за 5 отсто, вели Бислимоски


Парното во Скопје ќе поскапи за 5,03 отсто, соопшти денеска претседателот на регулаторната комисија Марко Бислимоски. Како што пресмета Бислимоски, семејство кое имало трошок за парно од 2.100 денари, сега ќе има сметка од 2.200 денари. Цената за која денеска е одлучено, ќе се применува од 1 февруари. Проследете ја прес-конференцијата во живо: Топлинската енергија […]

ЕСМ: Нормализирана е испораката на топлинска енергија во Скопје


Во најкус можен рок е нормализирана испораката на топлинска енергија за корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина. Кај приклучените потрошувачи на системот за централно греење од овој реон испораката на топлинска енергија се реализира согласно мрежните правила кај сите станбени и деловни објекти каде што утрово после 10 часот беше намален квалитетот на испорака, со […]

Се откажува наставата во некои училишта во Скопје поради немање парно


Утрово без парно греење останаа повеќе делови на Скопје. АД ЕСМ Снабдување информира дека е поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа. Поради овој дефект првиот училишен ден од второто полугодие поминува со скратени часови. А, во музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“ попладнево нема да има настава, јавува Градска.мк. Од ЕСМ Снабдување со топлина […]

Ќе има послабо парно од ЕСМ Снабдување поради зголемени загуби на вода


АД ЕСМ Снабдување информира дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа кај дел од потрошувачите ќе има намалена испорака на топлинска енергија. – Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска […]

Бислимоски за парното во училиштата во Карпош: Може да се исклучат од парно додека не им стане студено


Времето е топло, а индивидуалните потрошувачи кои имаат калориметри, може да заштедат на сметката за парно, ако не сакаат да се греат, додека реално не им стане студено, коментираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, прашан дали градоначалник може да одлучи да ја одложи грејната сезона.  Имено, од вчера почна грејната сезона во […]

ЕСМ Снабдување со топлина со апел до потрошувачите за навремена подготовка за непречена испорака на топлинска енергија


ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје денеска преку соопштение апелираше до потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација, а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за […]