Бектеши уверува дека ќе има парно, ЕСМ е подготвено да го постави топловодот под мостот „Беласица“


Граѓаните на Скопје ќе имаат топлинска енергија од 15 октомври до крајот на грејната сезона, а ЕСМ е подготвено да интервенира на мостот „Беласица“ во делот на топловодот веднаш откако ќе ги добие соодветните дозволи од Град Скопје, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -ЕСМ е подготвена уште од утре да ја среди ситуацијата […]

До 31 август, бесплатно приклучете се на парно!


До 31 август 2023 година, ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, се одвива акција за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за […]

Ковачевски ќе го повика целото раководство на Град Скопје за Владата да им помогне


  Бидејќи градот Скопје не функционира и речиси сите работи се во застој, премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека планира да го повика целото раководство на град Скопје, со цел да видат каде и како може Владата да помогне. „Доколку парното не беше субвенционирано од страна на државата и доколку не се обезбеди преземање на […]

РКЕ пред почетокот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената на парното греење


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пред стартот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената по која скопјани ќе ја плаќаат топлинската енергија. -Поднесените барања за цената се исклучително комплексни затоа што станува збор за година во која имавме миграција на лиценци и прогласена криза состојба. Дополнително цената на гасот драстично […]

ЕСМ: Зголемувањето на трошоците не мора да значи повисока крајна цена за парното


 Цената на парното греење во Скопје ја одредува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), а зголемувањето на трошоците на дејноста не мора значи зголемување на крајната цена на парното, порачуваат од ЕСМ Снабдување со топлина. -Компаниите кои ја вршат дејноста производство, дистрибуција и снабдување поднесоа барање за признавање на трошоците од работењето на […]

Расте бројот на потрошувачи кои се приклучуваат на парно


До 31-ти август 2023 година, ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. Бројот на потрошувачи кои се приклучуваат на централниот систем за топлинска енергија, со кој управуваат новите компании на АД ЕСМ е во постојан пораст. Откога ЕСМ Снабдување ја има лиценцата за снабдување со топлинска енергија во градот Скопје, […]

Акција за бесплатно приклучување во системот за топлинска енергија


До 31 август 2023 година, ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. – Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, започнуваме акција за БЕСПЛАТНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење […]

Зимата беше топла – пониски сметки за парно на порамнувањето


Грејната сезона 2022/2023 започна на 15 октомври, но поради надворешните временски услови траеше подолго од вообичаеното, односно беше продолжена до 28 април. Иако изминатата грејна сезона траеше девет дена подолго од вообичаеното, сепак просечните надворешни температури во некои месеци беа значително повисоки од прогнозираните кои се користат во пресметката на авансните фактури. Токму затоа најголем […]

Протест за парното во Автокоманда


Граѓани од населбата Автокоманда денеска повторно излегоа на улица за да изразат незадоволство од новиот начин на снадбување со топлинска енергија. Негодуваат дека не биле навремено известени за промените на договорите, ниту пак им бил даден избор да одлучат дали сакаат да се греат под новите услови. Жителите на Автокоманда велат дека немаат греење после […]

Граѓаните на Автокоманда топлинска енергија ќе добиваат преку ЕСМ Снабдување


Откако денеска, градоначалникот на Општина Гази Баба јави дека дека е во тек процес поврзан со промена на снабдувач со топлинска енергија на домаќинствата во Автокоманда, за кои дознал во декември, па побарал средба, но никој не го повикал, ЕСМ објаснува каква промена настанала. „Од 01.02.2023 година согласно Одлуката донесена од Регулаторната комисија за енергетика […]

ЕСМ Снабдување со топлина: Плаќањето на фактурите електронски е без банкарски провизии


ЕСМ Снадување има веб станица која е во функција од крајот на минатата година, на која се поставени најважните информации за нашите потрошувачи, како информации за локација на пункотвите и работното време, за центарот за грижа на потрошувачи, достапен е формуларот за е-фактура и договорот за снабдување како и електронскиот систем за плаќање на фактури. […]

Кличко: Обновено греењето во Киев


  Греењето во потполност е воспоставено во Киев по најновото бомбардирање на водоводната и енергетската инфраструктура, вели градоначалникот на главниот град н Украина, Виталиј Кличко. „Градот ги обновува сите услуги по последното гранатирање“, рече Кличко во апликацијата за размена на пораки Телеграм. „Конкретно, системот за снабдување со топлина на главниот град во потполност е обновен. […]

Скопјани имаат континуирано и стабилно снабдување со топлинска енергија


Град Скопје има континуирано и стабилно снабдување со топлинска енергија од страна на АД ЕСМ, истакна генералниот директор на компанијата Васко Ковачевски. -Најголем дел од топлинската енергија добиваме од ТЕ-ТО, а во функција и во производство со природен гас се и топланите Исток и Запад кои ги стопанисува АД ЕСМ, топланата Енергетика во нашиот капацитет […]

„ЕСМ Снабдување со топлина“: Преземена е целокупната база на податоци за фактурите за парно греење


  Во тек е изработка на фактурите за топлинска енергија за месец октомври, соопштија од „ЕСМ Снабдување со топлина“, од каде што додаваат дека изработката на фактурите вклучуваше и постапка за преземање на податоците на потрошувачите од претходниот снабдувач со топлинска енергија „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“. „ЕСМ Снабдување со топлина“, во законска постапка ја […]

Привремено решен проблемот со парно од топланата Скопје-Север, обезбедени пари за гас за 10 дена


 Обезбедени се финансиски средства за набавка на гас за топланата Скопје Север за следните 10 дена, потврди првиот човек на топланата Куштрим Рамадани. Во изјава за МИА, Рамадани изрази очекување дека во следниот период ќе се најде заедничко прифатливо решение за да се надмине проблемот со парно греење. – Се надевам дека ќе се најде […]

Од 1 јануари нема да има драстично поскапување на струјата и парното, вели Бектеши


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека од 1 јануари нема да има драстично поскапување на струјата и парното. Граѓаните да бидат спокојни, порача Бектеши, зашто до крајот на грејната сезона нема да имаат никаков проблем во делот на снабдувањето со топлинска и со електрична енергија. -Граѓаните да бидат спокојни. До крајот на […]

Владата ќе продолжи да го субвенционира парното греење во Скопје до крајот на кризната состојба


Владата на денешната 99-та седница донесе одлука за преземање мерка за финансиска поддршка со засметување на разликата на цена на топлинската енергија на вршителите на енергетските дејности на пазарот на топлинска енергија, за потрошената топлинска енергија од страна на потрошувачите од категоријата домаќинства, во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Оваа одлука […]

Топланите Исток и Запад ќе се тестираат на дизел гориво, ЕСМ ветува дека нема да има застој за парното во Скопје


  Од средината на овој месец, АД ЕСМ ќе ги тестира двата капацитети за производство на топлинска енергија, топланите Исток и Запад со дизел гориво, наместо со природен гас. За време на овој тест период, скопјани и натаму редовно ќе имаат топли радијатори. Како што информираше денеска директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, тестирањето на […]

ЕСМ на периоди ќе набавува гориво чекајќи да падне цената, но парно ќе има


АД ЕСМ ќе набави природен гас од Макпетрол за топланите Исток и Запад за периодот 01-15 ноември и за КОГЕЛ во подружница Енергетика за периодот 01-30 ноември. Со оглед на тоа што приватната гасна електрана ТЕ ТО има обезбедено гас за својот режим на работа за месец ноември, за истата не е извршена набавка од […]

АД ЕСМ: Испораката на топлинска енергија за Скопје тече без прекин


 АД ЕСМ соопшти дека навремено ќе ја извести јавноста откако ќе донесе одлука за набавка на гас за работа на топланите Исток, Запад и Енергетика, како и за евентуално вклучување во режим на работа на приватната гасна електрана ТЕ ТО. – Претходно веќе ја известивме јавноста дека алтернативно гориво за топланите е дизел горивото, за […]