ВМРО-ДПМНЕ пред одлука дали и како ќе се врати во парламентот


За вечерва во 19 часот, според информациите, е закажан почетокот на седниците на Извршниот и на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кои треба да пресечат дали опозицијата ќе се врати во парламентот за да се вклучи во носењето на реформските закони. Партиските тела го отвораат повторно ова прашање по информациите дека се усогласени со СДСМ дел […]

Пратеничка иницијатива за одлагање на Брегзит


Лоднон – Би требало Лондон да ја разгледа можност за одлагање на Брегзит бидејќи е можно да нема доволно време за постигнување договор со Европската унија пред Британија да го напушти тој блок, соопшти одбор на британски пратеници. Одборот на Долниот дом на британскиот Парламент за напуштање на ЕУ во соопштение нагласува дека ако главните […]

Грчкиот Парламент одобри продажба на пристаништето во Солун


Грчките пратеници ја одобрија продажбата на 67-процентниот дел од компанијата, која управува со пристаништето во Солун. Договорот е во вредност од 232 милиони евра. Парламентот го ратификуваше договорот за концесија до 2051 година, потпишан во декември со конзорциумот Саут Јуроп Гетвеј Тесалоники (South Europe Gateway Thessaloniki). Конзорциумот се состои од германска, грчко-руска и француска компанија. Денешната […]

Собранието во обид да профункционира – за почеток кадровски решенија


Првпат од почетокот на овој месец, пратениците ќе се соберат утре на седница, по денешната координација на претседателот на Собранието Талат Џафери со шефовите на пратеничките групи. На координацијата не присуствувал повторно претставник на ВМРО-ДПМНЕ, така што е извесно дека и утрешната нова седница ќе почне без опозицијата, така што мнозинството ќе треба да обезбеди […]

Потпретседателски столчиња за Ременски, Мисовски и за Мемеди


Пратениците Фросина Ременски од СДСМ, Горан Мисовски од НСДП и Весел Мемеди од НДП, која беше дел од „Алијансата за Албанците“, според наши информации, се кандидати за нови потпретседатели на Собранието. За предлозите за нивно именување на функцијата, според наши информации, се обезбедени по повеќе од 20 пратенички потписи, како една од опциите за избор […]

Законот за јазици на нов тест следната седмица


На нова собраниска седница, што се очекува да почне најрано 29 овој месец (следниот понеделник), пратениците ќе треба повторно да се изјаснат за Законот за употреба на јазиците, откако претседателот Ѓорге Иванов објави дека не го потпишува указот за негово прогласување и стапување во сила. Ако новата регулатива за јазиците добие поддршка од најмалку 61 […]

Бугарскиот Парламент ќе го ратификува Договорот со Македонија


Бугарскиот Парламент денеска треба да го ратификува Договорот за добрососедство и соработка со Македонија, откако доби едногласна поддршка од сите параламентарни партии на вчерашните седници на комисиите за надворешна политика и за европски прашања. Договорот, како што објави МИА, беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев […]

Наштимано мнозинство, раштиман кворум


Александра М. Митевска Првите собраниски случувања во новата 2018 година беа добра можност за парламентарното мнозинство да демонстрира дека е навистина стабилно, како што тврдат неговите избраници во извршната власт по сите политички поместувања и престурктуирања што се одиграа во и „околу“ коалицијата кон крајот на минатата година. Наместо тоа, на првиот постпразничен работен ден, […]

Нема кворум за гласање во парламентот


Собранието в четврток, на ново продолжение на 27. седница, треба да гласа за предлог законот за употреба на јазиците, во второ читање, како и за изборот на судии на Уставниот суд, откако на денешната седница парламентарното мнозинство не можеше да обезбеди кворум за гласање. Претседателот на Собранието Талат Џафери на седницата констатираше дека е завршен […]

И пратеникот на ДПТ ѝ сврте грб на ВМРО-ДПМНЕ


Единствениот пратеник на Демократската партија на Турците Јусуф Хасани го известил денеска претседателот на Собранието дека во иднина ќе дејствува независно, односно како пратеник на партијата која го претставува. Хасани е избран за пратеник од листа на коалицијата „За подобра Македонија“, што значи дека, со последниот потег, тој ја напушта пратеничката група на коалицијата на […]

ВМРО-ДПМНЕ не се враќа денеска во Собрание


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да се вклучи во работата на парламентот. Оваа одлука, како што јавува МИА, била донесена предмалку – на координативен состанок со партискиот врв. Се очекува, претседателот на партијата Христијан Мицковски да ја образложи одлуката на прес конференција попладнево. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ подолго од еден месец не учествуваат во работата […]

Ако не денеска, опозицијата се враќа на 15 јануари?


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес на претпладневна координација ќе одлучува околу понатамошното (не)учество во работата на парламентот. Ако опозицијата не се врати во Собранието на денешните продолженија на неколку пленарни седници, тогаш следен можен термин за нејзино вклучување во собраниските активности е 15 јануари, за кога е закажана нова седница на чиј дневен ред се […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе се координира утре околу враќањето во парламент


Редовна координација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е најавена за утре претпладне, од каде што се очекува да произлезе и одлука околу тоа дали опозицијата ќе го прекине тивкиот бојкот на парламентот, што го практикува речиси еден и пол месец. Засега, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, нема одлука околу понатамошното (не)учество во работата на законодавниот […]

ВМРО-ДПМНЕ се враќа со предлог за амнестија


Предлог-закон за амнестија на осомничените за настаните во парламентот на 27 април подготвува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека со амнестија за „црниот четврток“ ќе се создадат услови за политичко помирување. Предлог-законот за амнестија, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде краток и прецизен и наскоро ќе биде доставен до парламентот. Сепак, од партијата не […]

Реформите чекаат да завршат празниците. Неделава нула активност во Собранието


Пратениците по се изгледа ќе ги спојат новогодишните со божикните празници, за од средината на следната недела да може да ѝ се вратат на редовната агенда и да се подготват за реформиските закони што ќе почнат да пристигнуваат од Владата, а за чие донесување се чека и опозицијата да се врати во институциите. За оваа […]

Џафери чека опозицијата да се врати на 9 јануари


Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува ВМРО-ДПМНЕ да се врати во парламентот на 9 јануари и да учествува на пленарната седница на чиј дневен ред е законот за употреба на јазиците. На денешниот брифинг, Џафери соопшти дека Собранието ќе набави четири нови возила, а средствата за тоа се предвидени со новиот буџет. Тој рече дека […]

ВМРО-ДПМНЕ не се враќа во парламентот


Христијан Мицковски, како лидер на опозицијата која е разединета по неодамнешниот конгрес со Валандово, се соочува со првата поголема дилема по преземањето на функцијата: дали да ги врати своите сопартијци во парламентот или да продолжи да дејствува вонинституционално – во ситуација кога сѐ уште не е надмината ситуацијата поради која ВМРО-ДПМНЕ прогласи „тивок бојкот“ на […]

Сѐ тече, само Иванов не се менува


Александра М. Митевска Претседателот Ѓорге Иванов не ја искористи деликатноста на политичкиот момент во државата, во кој се случи и неговото редовно годишно обраќање пред пратениците, за да промовира нов стил на извршување на функцијата – соодветно на крупните промени што се случија во годината што ја опсервираше. Шефот на државата пропушти шанса во премиерно […]

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се уште без одлука за учество во работата на Парламентот


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се уште нема донесено одлука дали ќе учествува во работата на Парламентот. На денешната прес-конференција во партиското седиште, пратеничката Дафина Стојаноска, рече дека се уште се во тек внатрепартиските разговори за тоа дали да се вратат во собраниските тела и на седниците. Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува дека координаторите на […]

Поради насилно однесување во албанскиот Парламент 10 пратеници под истрага


Со заедничко соопштение, полицијата и обвинителството во Тирана, потврдија дека во врска со вчерашните случувања во и надвор од албанскиот парламент, под истрага се десет пратеници,шест учесници во протестот се притворени а двајца ќе се бранат од слобода. – Под истрага се пратеничката и лидерка на Движењето за социјалистичка интеграција, Моника Круемади и пратениците од […]