Хрватска најавува построги казни за екоцид: Доживотен затвор и 50 милиони евра за компаниите


Воведување ново кривично дело екоцид, за кое казните би можеле да се движат од најмалку 10 години затвор до доживотен затвор, најави денеска министерот за правда, администрација и дигитална трансформација Дамир Хабијан кој зборуваше во Парламентот за измените на Кривичниот законик поврзани со кривичните дела против животната средина.  Се воведува ново кривично дело екоцид Хабијан […]

Тепачка во парламентот во Турција за време на положување заклетва (видео)


Во турскиот Парламент денес избувна тепачка меѓу претставници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) за време на положувањето заклетва на новиот министер за правда, Акин Гурлек, а седницата беше прекината неколку пати. Инцидентот се случил кога, како што објавува турскиот „Хуриет“, Гурлек отишол до говорницата да положи […]

Тепачка во турскиот парламент на расправата за буџетот


Пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и главната опозициска Републиканска народна партија (КП) доцна синоќа се судрија во турскиот Парламент за време на последниот ден од дебатата за буџетот. Конфликтот траеше околу десетина минути, а пратениците се тепаа на средина од парламентарната сала. Претседателот на парламентот, Нуман Куртулмуш, беше принуден да ја […]

Украинскиот парламент разреши двајца министри поради корупцискиот скандал што ја потресе Украина


Украинскиот парламент денеска гласаше за разрешување на министрите за енергетика и правда по сеопфатната истрага за корупција во енергетскиот сектор што ја предизвика најголемата политичка криза во земјата разурната од војна. Истрагата за корупција за наводна шема од 100 милиони долари за контрола на договорите во државната нуклеарна агенција предизвика јавен гнев против украинското раководство, […]

Во Непал убиена и сопругата на поранешниот премиер


 Сопругата на поранешниот премиер на Непал, Џале Нат Канале, почина откако беше жива запалена, кога нејзиниот дом беше запален за време на насилните антивладини протести во земјата. Демонстрантите убија и тројца полицајци, кои претходно се предале, а ја запалија и зградата на полициската управа. Претходно, зградата на парламентот во Непал и домовите на политичките лидери […]

Српскиот Парламент почна седница со едноминутно молчење за загинатите во Кочани


Собранието на Србија денеска ја продолжи првата редовна пролетна седница, а седницата започна со едноминутно молчење за загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА од Белград. На крајот на седницата треба да биде објавена оставката на премиерот Милош Вучевиќ, но не се знае дали тоа ќе се случи денеска. Седницата почна на 4 […]

Грчкиот Парламент гласа за избор на претседател на земјата


Претпладнево пратениците во грчкиот Парламент ќе гласаат за претседател на Грција, а првпат по над 30 години предложени се четворица кандидати, меѓутоа според калкулациите, не се очекува при денешното прво гласање да биде постигнато потребното двотретинско мнозинство, со што по пет дена ќе се одржи ново, второ гласање, јави дописничката на МИА од Атина. До […]

(Видео) Расправија и тепачка во италијанскиот парламент, пратеник изнесоа на количка


Пратеник од опозицијата вчера мораше да биде избркан од италијанскиот парламент по расправија и тепачка за време на дебатата за поголема регионална автономија. Леонардо Доно од популистичкото Движење пет ѕвезди беше турнат и соборен на подот од други пратеници во хаотични сцени во Долниот дом на парламентот, објавија италијанските медиуми. Дебатата беше за законот за […]

Тензично пред и внатре во албанскиот парламент


Тензично во и надвор од албанскиот парламент, каде се одржува протест организиран од крилото на Демократската партија, на Сали Бериша и Партијата на слободата на Илир Мета, чии привзаници се судрија со полициските службеници распоредени пред зградата. Во законодавниот дом, пленарната седница почнаа со тензии откако мнозинството го одби барањето на опозицијата да се расправа […]

Данскиот парламент го отфрли предлогот за признавање на палестинска држава


Данскиот парламент денеска го отфрли предлог-законот за признавање на палестинска држава, јавија британските медиуми. Ирска, Шпанија и Норвешка денеска официјално ја признаа палестинската држава, откако минатата недела објавија дека ќе го сторат тоа, а Израел нивниот потег го нарече „награда за тероризмот“ и ги повлече своите амбасадори. Данскиот предлог-закон беше поднесен во февруари од четири […]

Каде во Европа претседателите се бираат во парламентите


  Наводната бомба, или подобро речено петарда позната како „топовски удар“, што ја фрли Демократската унија за интеграција за барањето претседателот на државата да се бира во Собранието со мнозинство од две третини, плус Бадинтер (а можеби да има и заменик-претседател), ниту е нова, ниту особено оригинална идеја, ниту некоја специјална понуда за кампањата и […]

Албанскиот парламент го ратификува договорот со кој Италија мигрантите ќе ги испраќа во Албанија


Албанскиот парламент денеска го ратификува договорот за миграција со Италија, кој ѝ дозволува да изгради центри за мигранти во оваа балканска земја. Седумдесет и седум пратеници во 140-члениот парламент гласаа за договорот, објавен во ноември, според кој членката на ЕУ, Италија, ќе отвори две прифатилишта за мигранти во Албанија, која не е членка на ЕУ. […]

Орлиќ: Парламентот ќе се конституира пред законскиот рок, а тоа е 11 февруари


Претседателот на Собранието на Србија Владимир Орлиќ денеска изјави дека парламентот во новото свикување ќе се конституира пред законскиот рок, а тоа е 11 февруари.  Орлиќ за телевизијата Б92 изјави дека очекува пратениците од опозициските партии да ги прифатат мандатите, наведувајќи дека „главниот мотив се парите“. Тој ги обвини членовите на опозицијата дека „излажале се“ […]

Албанија: По хаосот во Парламентот, ќе се менува Деловникот за работа и ќе се заоструваат казните


По хаосот што го предизвикува опозицијата во албанскиот Парламент, владејачките социјалисти побараа под итно донесување измени и дополнувањата на Деловникот за работа и заострување на казнените мерки. Во овој контекст, на денешната средба на парламентарната група со партискиот лидер и актуелен премиер, Еди Рама, социјалистите се договориле измените да бидат на дневен ред на седницата […]

Бројот на пратеничките групи во грчкиот Парламент се зголеми на девет


Новоформираната пратеничка група Нова левица на пратениците кои си заминаа од СИРИЗА, од денеска и официјално е дел од грчкиот Парламент, со што бројот на пратеничките групи од осум, колку што беа по изборите, се зголеми на девет, јави дописничката на МИА од Атина. „Премиерата“ за новата пратеничка група е на денешната расправа во Парламентот […]

(Видео) Хаос во албанскиот парламент. Активирани димни бомби, превртени столчиња


Албанската опозиција успеа да ја блокира работата на парламентот на вчерашната пленарна седница со поставување димни бомби. Ова е вторпат претставници на албанската демократска партија да поставуваат димни бомби во парламентот, откако пред две недели на ист начин ја блокираа расправата за буџетот. Пленарната седница на која на дневен ред беа проблемите на граѓаните, уште […]

Хаос во парламентот на Албанија: Активирани димни бомби, пратеници палеле клупи (видео)


Буџетот за 2024 година беше усвоен во парламентот на Албанија, но седницата ја нарушија пратениците од опозицијата кои поставија димни бомби, пренесува ABC News. Веднаш штом започна седницата, пратениците од опозицијата направија барикади од столчињата, а потоа активираа димни бомби. Опозициските пратеници се обиделе да го блокираат подот со столчиња, но обезбедувањето ги спречило, по […]

(Видео) Неколку дена по фотографирањето, израелските сили го разнесоа парламентот во Газа


Израелските одбранбени сили (ИДФ) ја разнесоа зградата на парламентот во градот Газа, само неколку дена по преземањето на локацијата. Акцијата ја извеле 7-та оклопна бригада и пешадиската бригада Голан. Уривањето се случило откако израелските војници се фотографирале внатре во Парламентот. Израелските медиуми велат дека воената акција е стратешки потег по окупацијата, со цел да се […]

Објавена фотографија: Се тврди дека израелските војници го зазеле парламентот на Газа


Објавена е фотографија за која некои израелски медиуми јавија дека прикажува како припадници на израелските одбранбени сили (ИДФ) влегуваат во парламентот во Газа. Фотографијата првично беше објавена на социјалните мрежи, а потоа ја објавија израелските портали Haaretz, Jerusalem Post и The Times of Israel. „Тајмс оф Израел“ објави дека фотографијата е направена откако војниците го […]

Вечерње новости: Вонредни парламентарни избори најрано на 17 декември


Србија оди на вонредни парламентарни избори најрано на 17 декември, пишува  Вечерње новости повикувајќи се на нивни сознанија, пренесе Бета. Како што наведуваат, се уште не е извесно дали ќе се спојат со белградските, а за тоа во наредните денови ќе одлучува врвот на најсилната политичка опција во државата – Српската напредна странка (СНС). Весникот […]