Џафери: Ќе се преиспита статусот на Груевски во парламентот


Вонредна координација со потпретседателите на парламентот и со координаторите на пратеничките групи за разгледување на статусот на Никола Груевски како пратеник најавува спикерот Талат Џафери, откако поранешниот премиер објави дека пребегал во Унгарија. -Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го пријавуваше досега Груевски како отсутен од седниците, што се смета како оправдано отсуство. Таков допис добив и […]

Стејт департмент ја поздрави одлуката за уставни измени на македонскиот Парламент


САД ја поздравија одлуката на македонскиот Парламент да започне уставни измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа.  Според портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт „САД веруваат дека Договорот од Преспа е една историска шанса за зајакнување на стабилноста, безбедноста и благосостојбата на целиот регион“

Продолжува пленарната седница за уставни измени, власта и опозицијата останаа на истите ставови


Во Собранието на Република Македонија денеска напладне треба да продолжи расправата за Предлогот за пристапување кон уставни измени. Владејачкото мнозинство и опозицијата се уште се на истите позиции – пратениците од власта сметаат дека предлогот треба да биде прифатен за да се отворат вратите на НАТО и за ЕУ за Македонија, додека, пак, за опозициската […]

Уште десетина дискутанти за уставните измени. Ќе се гласа ли утре?


Уште десетина пратеници, според наши информации, се останати на листата на дискутанти за предлогот за пристапување кон уставни измени. Речиси сите пратеници што останаа за дискусија се од редовите на парламентарното мнозинство, со исклучок на една пратеничка од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Другите пријавени пратеници од опозицијата, во меѓувреме, се откажаа од учество во расправата. По […]

Мицкоски бара да се обрати во Собранието


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара да му се дозволи се обрати во парламентот, дознава „Независен весник“. Според нашите информации, писменото барање е доставено до собраниските служби и се очекува одговор од претседателот Талат Џафери. Досега не се случило лидер на партија, кој не е пратеник, да зборува во законодавниот дом на Македонија. „Почитувани, со […]

Бугарската опозиција бара гласање недоверба за Владата


Главната опозициска бугарска Социјалистичка партија поднесе барање за гласање недоверба на Владата на премиерот Бојко Борисов. Социјалистите како причина го наведуваат фактот дека Владата не успеала да го реформира здравствениот сектор, кој е оптеретен со многу проблеми. Ова е трето барање на социјалистите за гласање недоверба на Владата, а светските меидуми коментираат дека веројатно и […]

Владата повлече потег: Инстант-разврска, па нова неизвесност


На повидок е инстант-разврска на политичкиот јазол што се создаде по референдумот откако премиерот Зоран Заев вчера, наместо на роденденска прослава, ги собра министрите на вонредна владина седница за да утврдат предлог за уставни измени, согласно со преспанскиот договор. Следниот потег треба да го повлечат пратениците, кои треба да изберат дали ќе влезат во процес […]

Има ли договор за уставните измени или владата прави ладна проба ?


Во парламентот наскоро би требало да стигне предлог за пристапување кон промена на Уставот, согласно договорот со Грција. Тоа е очекуваниот исход откако премиерот Зоран Заев за попладнево закажа вонредна владина седница со единствена точка на дневниот ред -предлог за пристапување кон измена на Уставот на Македонија. Наспроти првичниот план – предлогот за пристапување кон […]

Навреди во Собранието, прекината седница за земјоделство


Седницата на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на чиј деневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно медицински препарати денеска беше прекината по усвојувањето на дневниот ред по упатена нефоrмална навреда кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата на Комисијата, како што информираат од собраниските служби, нема да продолжи денеска. Повеќе […]

И 61 глас може да биде проблем. Има ли мнозинство за распуштање на парламентот?


Само уште неколку чекори ја делат Македонија од можни предвремени избори доколку во наредните неколку денови не се најде решение за обезбедување двотретинско мнозинство за пристапување кон уставни измени, согласно договорот од Преспа. Но, со оглед на моменталното расположение кај политичките субјекти во однос на распишување нови избори, прашање е дали СДСМ, кој веќе овласти […]

Втора рунда за договорот: Брзи измени или брзи избори


Нема дилеми дека ќе продолжи спроведувањето на преспанскиот договор по завчерашниот референдум кој не ги исполни очекувањата во однос на одѕивот, ама ги потврди прогнозите за апсолутна доминација на опцијата „за“ наспроти одговорот „против“ на референдумското прашање. Ден потоа, сепак, останува дилема дали уставните измени ќе ги носи актуелниот парламентарен состав или некоја нова собраниска […]

Пападимулис: Сигурен сум дека грчкиот Парламент ќе го ратификува Договорот од Преспа


– Сигурен сум дека ќе има мнозинство во грчкиот Парламент што ќе гласа за Договорот од Преспа, изјави денеска потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, на прес-конференција по завршување на Мешовитиот парламентарен комитет МК-ЕУ во Собранието на Република Македонија. – Немам никакви сомневања, сигурен сум, доколку вашата држава го ратификува […]

Уставните измени ќе стартуваат од октомври


Веднаш по завршувањето на референдумот, ќе почне подготовката на уставните измени согласно договорот со Грција, најавуваат извори од владејачкиот табор. Оттаму посочуваат дека процесот на измена на Уставот е долг и сложен и дека ќе бидат потребни минимум три месеци за да се дојде до последната фаза – прогласување на донесените амандмани. Целта е, како […]

Ѕанакопулос: Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот парламент


Убеденост дека во грчкиот Парламент постојат политички сили за да биде ратификуван договорот од Преспа, и покрај ставот на коалицискиот партнер Панос Каменос, изрази портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Њуз 247”. – Позицијата на Каменос во однос на договорот е позната, тоа не се работи […]

Петмина американски конгресмени на средби во македонското Собрание


Петмина американски конгресмени денеска и утре се во посета на македонскиот Парламент. Станува збор за конгресмените Гери Коноли, Дина Титус, Сузан Дејвис, Дејвид Прајс и Бил Флорез. Тие денеска, според собраниската агенда,треба да остварат средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, со тројцата потпретседатели, како и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА […]

Парламентот ќе заседава ноќеска, иако нема договор за референдумот


Се очекува во текот на ноќта парламентот да го избере новиот состав на ДИК, со поддршка од опозицијата, како и измените на законите за финансирање на политичките партии. Според собраниски извори, веќе се подготвуваат измените во законите за финансирање на партии и за влада, а во 19 часот е закажана седница на Комисијата за избори […]

Парламентот на штрек за договорот од Клубот на пратеници


Не е исклучено уште вечерва парламентот да се собере на нова седница за да ги донесе законите што произлегуваат од договорот што предмалку го постигнаа лидерите на четирите најголеми партии во Клубот на пратеници. Според информациите, наскоро координаторите на пратеничките групи, кои се во постојана комуникација со лидерите на нивните партии, треба да се соберат на […]

Вторпат „да“ за Северна


Само 27 минути му беа потребни на парламентарното мнозинство да ја изгласа ратификацијата на договорот за името со Грција. Со 69 гласа „за“, еден воздржан и ниту еден против, пратениците повторно му дадоа поддршка на договорот откако пред 16 дена првпат беше усвоен, но претседателот Ѓорѓе Иванов го врати без да го потпише. Премиерот Зоран […]

Договорот со Грција во четврток на нов тест


Законот за ратификација на договорот со Грција ќе се најде во четврток на нов тест пред пратениците, а потоа и кај шефот на државата Ѓорге Иванов, кој неодамна стави вето на овој документ. На денешната координација во парламентот е договорено новата седница да биде закажана на 5 јули, кога за ратификацијата треба да се изјаснат […]

Една слика илјада зборови: ВМРО-ДПМНЕ се врати здружена во парламентот


Опозициските пратеници се вратија денеска во работата на парламентот, откако пред точно една недела објавија дека го напуштаат Собранието поради, како што оценија, прекршување на процедурите за ратификација на договорот со Грција. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ учествуваше на новата пленарна седница во текот на денешниот ден,  а пратеникот и поранешен координатор Илија Димовски објави на […]