За 32 насто зголемен број патници опслужени на двата аеродроми во земјава


 Бројот патници на меѓународните аеродроми во Охрид и во Скопје во периодот јануари – ноември оваа година достигна 2,9 милиони, што е за 32,1 насто повеќе споредбено со истиот период од минатата година, соопшти компанијата „Aeroports de Paris“. Само во ноември, бројот на патници достигна 244.719, што е за 54,1 насто повеќе од ноември 2022 […]

Ќе нема авионски летови од Скопје и Охрид за Нова година, ако останат огласите за вработување


Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска најави предупредувачки штрајк на 25 декември од 10 до 17 часот и за Нова година, како реакција на објавени огласи за вработувања во М-НА, со критериуми, според претседателот на Синдикатот Александар Тасевски, спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава. -Бидејќи е прекршена спогодбата помеѓу Синдикатот и […]

Наредното лето сезонски летови на полскиот авиопревозник „ЛОТ“ од Варшава до Охрид


Полската национална авиокомпанија „ЛОТ“ наредната летна сезона ќе воспостави нова сезонска авионска линија до Охрид. Според најавите од „ЛОТ“, планирано е новата линија од аеродромот „Радом“ до аеродромот „Свети Апостол Павле“ да стартува на 24 јуни и да оперира еднаш седмично секој понеделник до 23 септември. Според најавите од „ЛОТ“, планирано е новата линија од […]

„Охрид СОС“: Опасен отпад од азбест оставен на отворено во дивата депонија „Мауцкер“ кај Охрид


Еколошката граѓанска иницијатива „Охрид СОС“ предупредува на опасноста што по здравјето на граѓаните на Охрид претставува дивата депонија каде се одлагацврст отпад и шут кај поранешното воено стрелиште „Маукцер“ на излезот од градот. Од иницијативата на нивната фејсбук-страница објавуваат фотографии на кои се гледаат големи количества градежен шут, наталожени купишта азбестен отпад оставен на отворено, […]

Почина едногодишно дете во болницата во Охрид


Едногодишно бебе било донесено во Охридската болница во тешка здравствена состојба, а по реанимацијата била констатирана смрт. Денес во 7:44 часот, во СВР Охрид, од Медицински центар Охрид било пријавено дека кај нив во тешка здравствена состојба, како резултат на претходни заболувања, било донесено едногодишно бебе, кај кое по реанимацијата била констатирана смрт без траги […]

Исти рекламни табли за угостителските и услужните објекти во стариот дел на Охрид


Општина Охрид почна со процедурата на етапно стандардизирање и визуелно унифицирање на урбаната опрема поставена на најатрактивните локации низ градот. Претставници на локалните власти се на терен во стариот дел на градот, каде е предвидено некаде осумдесеттина угостителски објекти, занаетчиски работилници, сместувачки капацитети и други субјекти што обавуват туристичка и услужна дејност да добијат унифицирани […]

На 12 октомври, авионите во Скопје и Охрид ќе се приземјат


Синдикатот на контролори на летање  во АД во државна сопственост за услуги во воздухопловната навигација М-НАВ најавува штрајк на 12 октомври, при што во периодот од 11 до 17 часот нема да се опслужуваат воздухоплови на Скопскиот и Охридскиот аеродром.  Претседателот на Синдикатот Александар Тасевски за МИА изјави дека бараат да се запре со, како […]

Паркингот во Охрид од 1 октомври ќе чини 30 денари за час


 Согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори на Општина Охрид, од 1 октомври цената на паркирањето возила низ Охрид ќе изнесува 30 денари за час. Таа цена ќе важи за сите зони низ градот за сите паркиралишта со кои стопанисува Јавното претпријатие „Билјанини извори“,  вклучувајќи […]

Статусот на Охрид и на Охридскиот регион на 45-тата Сесија на УНЕСКО во Ријад


Статусот на Охрид и Охридскиот регион како комбинирано светско културно и природно богатство ќе биде разгледуван на 45-тата Сесија на Комитетот за светското кулурно наследство што се одржува во Ријад, Саудиска Арабија. Експертите на УНЕСКО ќе се произнесат за тоа дали и колку Република Северна Македонија и Република Албанија изминатите две години постапиле во насока […]

Во пожар уништена сендвичара кај Градскиот пазар во Охрид


Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, во сервисната уличка што води од плоштадот кај Чинарот кон Градскиот пазар. Пожарот бил пријавен околу 5 часот утрово во Територијалната противпожарна единица, од каде веднаш на терен биле испратени две противпожарни возила со шест пожарникари, кои со брза интервенција го изгаснале пламенот. Во […]

Пуштен за сообраќај влезот во Охрид, се отвора делницата од клучка „Петља“ до Подмоље


Денеска од 11 часот, пред истекот на дадениот рок, за редовен сообраќај ќе биде пуштена во употреба делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот сообраќајна клучка „Петља“ до Подмоље која, поради градежни работи, од минатиот месец, беше затворена за сообраќај, информира СВР Охрид. – Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и […]

Колку Охрид е навистина скап за туристите


 Речиси секоја сезона охридските угостители се мета на незадоволни гости кои на социјалните мрежи објавуваат фотографии од фискални сметки со високи цени за наплатени услуги и производи.  Колку тие статуси навистина ја отсликуваат реалната состојба за тоа дали и колку е Охрид скап за туристите, е предмет на дискусии и расправии, поделени мислења, лични ставови, […]

Во Охрид изложба на фотографии од најзначајните културно-историски локалитети во земјава


– Во Меморијалната куќа „Христо Узунов“ во Охрид од денеска до 7 јули ќе се одржи изложба на фотографии од голем формат од најзначајните културно-историски локалитети и други аспекти на културното наследство од Охрид и на територијата на Република Северна Македонија. Основната цел на проектот е подобро запознавање и подигнување на јавната колективна свест за […]

Граѓаните на Охрид имаат рок до 30 јуни да пријават штети настанати од денешното невреме


Општина Охрид објави информација до граѓаните дека штетите врз нивниот имот настанати како последица на денешното невреме може да ги пријават до 30 овој месец. Од локалната власт појаснуваат дека барањата за пријава на штети граѓаните можат да ги подигаат во архивата на Општина Охрид, а кон барањето за обештетување задолжително се приложува имотен лист […]

Огромни штети за земјоделците од Дебрца


Градските власти во Охрид ги ставија на располагање сите капацитети со кои располага Општината за надминување на последиците од невремето што денеска го зафати регионот. Градоначалникот Кирил Пецаков по итниот состанок на Кризниот штаб на кој присуствуваа и директорите на општинските јавни претпријатија истакна дека пред Општината е пред сериозен предзвик и дека интензивно се […]

Авион од Малме не можеше да слета во Охрид поради невремето, пренасочен во Тирана


Авион кој поради силното невреме не можеше да слета во Охрид, доби нова рута и слета во Тирана. Обидите за авионот да слета на охридскиот аеродром траеа околу половина час, но бидејќи невремето не запираше, пилотот доби нови насоки, при што авионот задоцни околу половина час. Авионот кружеше околу Охрид и охридските села повеќе време, […]

Повеќе од 20 винарии на годинешниот втор по ред Охридски фестивал на виното


Со потврдено учество на повеќе од 20 винарии од сите региони на земјата наредните три дена во Охрид ќе се одржува второто издание на Охридски фестивал на виното. На годинешниот фестивал пред охриѓани и туристите во градот ќе се претстават добро познатите големи вински брендови и компании од земјата,, како и некои од помалите семејни […]

„Ер Србија“ воведува сезонски летови меѓу Белград и Охрид


Ер Србија воведува сезонски летови меѓу Белград и Охрид. Националната српска авиокомпанија ќе лета до Охрид од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, четири пати неделно, секој понеделник, среда, петок и сабота. Првиот лет на „Ер Србија“ свечено беше пречекан на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. – При изборот на дестинации, патниците посветуваат големо внимание […]

Планинско-езерскиот фестивал „Охрид-Галичица 2023“ почнува викендов


 Авантуристичкиот клуб „Маунтин маднес“ (Mountain madness) по четврти пат организира викенд исполнет со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање, соопштија организаторите.  – Фестивал на планината и езерото. Авантурата започнува во сабота на 17 јуни, со велосипедска тура околу Охридското Езеро и на локации покрај езерото. Оваа тура се организира со цел да се […]

Пред летната сезона, влезот во Охрид ќе биде затворен 45 дена


Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023 г., а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Со вакво соопштение излезе денеска АМСМ, а дел од медиумите јавуваат дека влезот во Охрид […]