Презентација на информации поврзани со досегашните истражувања на локалитетот „Пенелопа“ во Охрид


Археолошкиот музеј на Македонија и Заводот и музеј, Охрид денеска организираат настан на Археолошкиот локалитет „Пенелопа“, кој се наоѓа на просторот на поранешните бараки на „Трудбеник“, во близина на каналот Студенчишта во Охрид. ‎ ‎На локацијата, како што информираат од Општина Охрид, ќе бидат присутни стручните лица кои работат на археолошките ископувања, кои ќе дадат […]

Македонското слово како мост меѓу културите на 59. Меѓународен семинар во Охрид


Македонското слово како мост меѓу културите беше една од темите на дискусијата во рамки на 59. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, што во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржува во Охрид. На Семинарот учествува и директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, Зоран Пејковски, […]

УЈП им порача на охридските туристички работници: Фер туризам започнува со пријавен доход


Запознавање на даночните обврзници со нивните законски обврски, навреме да го пријават доходот остварен од туризам и да го платат соодветно данокот е целта на денешната информативна средба на претставници на Управата за јавни приходи во Охрид со туристичкиот сектор во Охрид во рамките на кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“.  Целта на Управата, […]

Денеска 115 средношколци заминаа на бесплатен наставно-научен едукативен камп во Охрид


Денес започнува бесплатниот наставно-научен едукативен камп во Охрид, наменет за ученици од средните училишта во Скопје. Првата смена, составена од 115 ученици, утрово замина за Охрид, каде во текот на престојот ќе имаат можност да стекнат нови знаења и вештини, да истражуваат, да развиваат нови интереси и да создаваат нови пријателства. Целта на кампот е […]

Белорусинка најдена почината во хотел во Охрид


Утрово, во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината И.Т.(53) од Република Белорусија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТАВ Аеродроми: Охридскиот аеродром постави нов рекорд со раст од 41 отсто во јули


Додека аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, ACI Europe повторно ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа. Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи […]

На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај


Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, а на третата интензивно се работи. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска изврши увид […]

Муцунски има план: Дивоградбите во Охрид ќе се уриваат законски. Досега ниедна не е урната


  Откако Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, вели дека дивоградбите не само во Охрид, туку секаде, треба да се уриваат на законски начин. Владата доби уште пет години за да ги спроведе забелешките […]

Се реновира охридската гимназија


МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид Министерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава […]

Нови правила за паркирање во стариот дел на Охрид од понеделник


Од понеделник, 13 јули, во Охрид започнува примената на новиот режим на паркирање на улиците „Илинденска“, „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“, соопшти ЈП „Билјанини Извори“. Паркинг-местата на овие улици ќе можат бесплатно да ги користат само резидентните жители кои поседуваат соодветна документација и важечка резидентна налепница. За останатите возила паркирањето на обележаните места ќе биде […]

Новa опрема за хотелиерство и угостителство во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ во Охрид


Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ во Охрид, каде се реализираат формални програми и програми за доквалификација и преквалификација во областа на угостителството и туризмот и се образуваат идни готвачи, келнери, туристички работници и други профили од секторот, доби современа опрема за унапредување на практичната настава. Со овој проект се создаваат подобри услови за учење и посовремена […]

Една од најпрепознатливите стари градски куќи во Охрид е срушена за профит – џабе повиците на СОС Охрид


Една од препознатливите стари градски куќи во Охрид, лоцирана на улицата „Димитар Влахов“, е срушена до темел, иако претходно беше поднесено барање за нејзина итна привремена заштита. Објектот, за кој граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ наведува дека датирал од 1927 година, се наоѓал во непосредна близина на старото градско јадро и со години бил препознаван како […]

Охрид SOS: Наместо парк, Бејбунар се бетонира


Во подножјето на Националниот парк „Галичица“, во некогаш зелениот појас на Бејбунар, богат со подземни води, забрзано се одзема буквално секоја педа за да се изградат што повеќе згради, една до друга, без каков било простор за урбано зеленило, или да се зачува барем она што останало, реагираат од Граѓанската иницијатива Охрид SOS. „Деновиве, дел […]

Охрид на мапата на Европските културни рути на Советот на Европа


 Охрид официјално стана дел од Европските културни рути на Советот на Европа, со што уште еднаш го потврди своето место на европската културна и духовна мапа. На Генералното собрание одржано во Аквилеа, Италија, Охрид е вклучен во мрежата градови и локалитети што ги поврзуваат заедничките европски вредности, културното наследство и историското паметење. За Општина Охрид […]

Ќе се доградува пристаништето во Охрид. Доделени сертификати за новите капетани


 Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски денеска во Охрид на новите капетани и на опслужувачите на бродови им ги врачи сертификатите за управување со пловни објекти, кои се издаваат преку Капетанијата на пристаништата во Охрид и Министерството за транспорт. – Од 2005 година првпат кај нас се организира полагање испити за пловни објекти. Заеднички […]

Второлигашот Охрид го победи освојувачот на Купот, Вардар, за полуфинале со Шкендија Арачиново


Ланскиот освојувач на фудбалскиот куп екипата на Вардар е елиминирана во четвртфиналето на ова натпреварување откако по изведување на пенали како домаќини загубија со второлигашот Охрид во регуларниот дел резултатот беше 1:1, а на пенали 3:2 за Охрид. Ова воедно беше дуели на лидерите во Првата лига (Вардар) и Втората лига (Охрид). Вардар поведе во […]

Штом се исчисти една депонија – никнува друга! Охрид на мака


Охрид, но и останатите општини во земјата генерално се соочуваат со проблемот на појавата на дивите депонии со комунален отпад односно т.н. сметишта. Начинот како да се ублажат последиците од појавата на такви депонии и тоа преку дискусии на претставници на институции задолжени за односната тематика, беше темата на јавната панел-дискусија одржана денеска во Охрид. […]

Девет хотели во Охрид почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад


 Девет хотели од Охридската ривиера почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад. Станува збор за активност во рамки на заложбите на Општина Охрид за воспоставување на систем за одржливо управување во Хорека-индустријата во Охрид, во која спаѓаат хотелите, рестораните и кафулињата во градот и на крајбрежјето. Преку проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво” […]

„Безбеден град“ во Охрид почнува пред летната сезона – се поставуваат 40 камери на улиците


Во Охрид и Струга се планира поставување на вкупно 40 сообраќајни камери, кои ќе бидат дел од современиот систем за надзор „Безбеден град“ (Safe City), наменет за детекција на прекршоци и зголемување на сообраќајната дисциплина. Според најавите, системот треба да започне со работа пред стартот на летната туристичка сезона, пишува OhridNet. Во моментов, четири камери веќе […]

Обвинителството отвори предмет по ревизорскиот извештај за Општина Охрид


  Државниот завод за ревизија на 19 декември 2025 година го достави ревизорскиот извештај за Општина Охрид до Јавното обвинителство на Македонија, од каде извештајот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Охрид. Како што информираат од Обвинителството, оформен е предмет и се преземаат дејствија на проверки. Државниот завод за ревизија (ДЗР) вчера […]