Од денеска во Охрид заеднички патроли на македонските и српските полициски службеници


Денеска во Охрид отпочнаа со функционирање заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од македонското и српското Министерство за внатрешни работи. Патролите се реализираат врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства според кој, предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот […]

Километри возила чекаат да влезат во Охрид, додека премиерот го отвора реновираниот Залив на коските


  Повеќе од 20 километри возила, не можат да влезат во Охрид денеска, а температурата на воздухот е високо над 30 степени Целзиусови.  Единственото објасување кое го добиваат граѓаните кои чекаат да влезат во Охрид од страна на Скопје е дека се чека делегација. А, делегацијата е на највисоко ниво, односно, таму денеска се премиерот […]

УНЕСКО го сврте листот – бара Охридскиот регион да биде означен дека е во опасност


  Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион […]

Слаб земјотрес во Охридскиот регион


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 3 часот и 59 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 115 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 2.4. Според досегашните податоци […]

Стопирана незаконска градба на објект во Старата охридска чаршија


Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направи увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија.    При увидот, констатирано е прекршување на одредбите од Законот за градење, односно […]

Жена прегазена на тротоар на булеварот „Туристичка“ во Охрид


Возрасно женско лице смртно настрада во сообраќајна несреќа што вчера вечерта околу 22 часот се случи во центарот на Охрид. Според првичните информации, жената била прегазена на тротоар кога во неа удрило патничко моторно возило „Волксваген Голф“ со охридски регистерски таблички. Несреќата се случила на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај поранешниот Мини Маркет, кога […]

Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро


 Беживотно тело попладнево околу 14 часот е пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој истакна дека врз телото немало траги на насилство. Местото е обезбедено и во тек е истрага која треба да ги утврди причините за трагичниот настан […]

Да се дислоцираат пловните објекти од јавните површини од крајбрежјето на Охридското Езеро


Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани. Според локалните власти, доколку сопствениците самите не ги отстранат пловните објекти поставени на […]

Распределени преостанатите корпи за селектиран комунален отпад во Охрид


 Во рамки на активностите што се основа на Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО) денеска во Охрид е финализирана иницијативата за селекција на отпад, како значаен чекор напред во градењето на одржлив систем за управување со отпадот во Северна Македонија. Комплетирањето на иницијативата беше заокружено со дистрибуција на преостанатите 120-литарски садови за депонирање селектиран […]

Поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ – Охрид делел плати за прекувремено без евиденција


СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“- Скопје, Подрачно одделение Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при […]

Во Охрид 500 луѓе трчаа на хуманитарна трка за Кочани


Околу петстотини ученици од охридските средношколски центри денеска трчаа за поддршка на семејствата на жртвите во несреќата во Кочани. Трката „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани” во должина од три километри долж Кејот на Охридското Езеро се одржа во организација на СОСУ „Св.Кирил и Методиј”, во соработка со општинското Јавно претпријатие „Билјанини извори”. […]

Околу 7000 работници фалат на охридско – струшката ривиера и оваа сезона


Масовна побарувачка на работници во хотелите и останатите угостителски објекти на охридско-струшката ривиера, пред почетокот на туристичката сезона. Проценките се дека се потребни меѓу 5.000 и 7.000. Нема објект, кој нема потреба од кадар. Во Центарот за вработување во Струга дневно стигнуваат и по неколку вакви барања од сопствениците на објекти.Се очекува таа бројка да […]

Претставено уникатното охридско кајче на Меѓународниот саем за наутика во Белград (видео)


Охридски „Зелен Град“ го претстави уникатното Охридско кајче со фотоволтаични панели и електичен мотор на Меѓународниот саем за Наутика во Белград. ЕКО Здружението „Зелен Град” од Охрид имаше забележително учество на Меѓународниот саем за Наутика во Белград, Република Србија. Се претставија со единствениот и уникатен експонат на саемот, традиционалното Охридско кајче на кое беа поставени […]

Регионална конференција во Охрид: Одржливиот транспорт е заедничка одговорност


Воспоставување повеќеслојна структура на управување што ќе овозможи координација во активностите на сите нивоа на власт и ефикасна меѓуресорска соработка помеѓу клучните сектори – транспорт, просторно планирање и животна средина, се предуслови за изградба на функционални и квалитетни системи на мобилност, што ќе бидат во полза на граѓаните – а не обратно. Одржливиот транспорт претставува […]

Поднесена претставка од 25 граѓански организации до Владата за одобрението за градење за хотелскиот комплекс во Горица


Вкупно 25 граѓански организации поднесоа претставка до премиерот и членовите на Владата која се однесува на одобрението за градење за хотелскиот комплекс во Горица за кое, како што информираат, сите релевантни закони налагаат обврска да се прогласи за ништовно. Претставката се осврнува и на инспекцискиот надзор на Државниот инспекторт за животна средина (ДИЖС), кој, според […]

Охрид летово со богата програма за забава на децата


Општина Охрид и за престојната летна туристичка сезона преку проектот „Културата расте со децата“ предвидува богата културно-забавна програма посветена на најмладите охриѓанчиња, но и сите деца до десетгодишна возраст кои ќе летуваат во градот. За оваа сезона реализацијата на проектот е предвидено да започне на крајот на овој месец, а да заврши во ноември, со […]

Издрогиран, под закана со пиштол, држел роднина на кого му го барал возилото и да го вработи


На 01.04.2025 полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.И. од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од страна на маж од Охрид, заради постоење сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ (чл. 140 ст.1 од КЗ) и „изнуда“ (чл.258, ст.1 од КЗ). Според пријавителот, инаку во роднинска врска со пријавениот, на […]

Фатени лихвари од Охрид


СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(34), А.Б.(28), Е.Б.(30), Н.Ј.(33), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело  „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Во периодот од 2021 до 2024 година, пријавените во повеќе наврати на лице од охридско, преку неговата невенчана сопруга, му давале пари на заем, а […]

Kонтроли низ угостителските и објектите за домување во Охрид


Комбинирани инспекциски служби составени од претставници на полицијата, финансиската полиција, на Дирекцијата за заштита и спасување и на пазарната инспекција изминатите денови спровеле контроли на ноќните клубови, дискотеките и кабареата во Охрид. Контрола била извршена на сите угостителски објекти што изминатите две години поседувале лиценца за работа како кабареа или диско-клуб. Градоначалникот на Охрид, Кирил […]

Милион денари од Општина Охрид за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани


 Советот на Општина Охрид денеска на вонредна седница донесе одлука за одобрување финансиска помош во износ од милион денари за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот во Кочани. Како што појасни градоначалникот Кирил Пецаков, во издвоените средства е вклучена и сумата што беше наменета за традиционалната Ифтарска вечера која поради трагичниот настан во […]