Давеник во Охридско Езеро, рибар се лизнал од карпа


Давеник утрово е пронајден во водите на Охридското Езеро, кај карпите меѓу плажите „Горица 2“ и „Горица 3“. Според првичните информации, се работи за несреќен случај со трагични последици. Рибар од Охрид се лизнал од карпата од која рибарел. Случајот за МИА го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски екипи се […]

Продолжениот викенд повторно го наполни Охридското крајбрежје


Продолжениот Првомајски викенд, кој годинава се поклопува со празникот Рамазан Бајрам, повторно го исполни Охридското крајбрежје. Хотелските капацитети, според првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески, се исполнети повеќе од минатиот продолжен викенд за Велигденските празници. – Има гости, мислам дека хотелите се исполнети повеќе од Велигденските празници. Очекуваме 60 до 70 […]

Претстојните празници ќе го наполнат Охридското крајбрежје со гости


Велигденските и Првомајските празници ќе ги наполнат туристичките центри во земјава. Исполнетоста на сместувачките капацитети во хотелите на охридско-струшката ривиера за претстојниот продолжен викенд е 40 до 50 проценти, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески. Дополнително раздвижување на двата крај езерски града ќе овозможат домашните гости, дел сместени кај приватни сместувачи, […]

Солзавци и шок бомби украдени од магацин на полицијата во Охрид


Солзавци, шок бомби и други предмети биле украдени од магацин на полицијата во Охрид. Информацијата утрово ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, се работи за помошен магацин за расходна опрема лоциран во старата Касарна. – Во СВР Охрид вчера 12 часот и 30 минути е пријавена тешка кражба од помошен магацин […]

Закупени 70 – 80 отсто од капацитети во Охрид за празниците


Околу 70 – 80 отсто од туристичките капацитети во Охрид се веќе закупени за претстојните велигденски и првомајски празници, рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. Јаневски на прес-конференција соопшти дека се потпишуваат и аранжманите за летото. -Се надеваме дека со иницијативата „Отворен Балкан“ ќе ја воведеме долгоочекуваната […]

Две починати лица пронајдени во Охрид


Во два одделни случаи полицијата пронајде тела на починати мажи во Охрид, во понеделникот. Имено, вчера во СВР Охрид пријавено е дека во поранешен ресторан на улицата „Партизанска“ во Охрид пронајден е починат М.Ј.(59) од селото Липец, општина Виница, со престој во Охрид, информираат од СВР Охрид. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без […]

Поради одрон сообраќајот на патот Кичево-Охрид кај Малковец се одвива по една лента


Поради одрон на карпа кај кичевското село Малковец, од попладнево од 18 часот сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид на ова место се одвива само по една коловозна лента. Како што соопшти АМСМ на терен е излезена екипа на единицата за Безбедност на патниот сообраќај – Кичево. На останатите патни правци сообраќајот се одвива непречено по […]

Силен ветер во Охрид, откорнати кров од зграда, бандера и дрвја


Откорната кровна конструкција на зграда, оштетен автомобил, падната бандера, искршени гранки…, е само дел од штетата предизвикана од силниот ветер што попладнево го зафати Охрид. Дел од кровната конструкција од зграда на улицата „Галичица“ паднала на паркинг и според жителите оштетила еден автомобил. Од Територијалната противпожарна единица од Охрид за МИА потврдија дека интервенирале на […]

Костадиновска-Стојчевска: Годинава повеќе средства за културата во Охрид


Годинава за културата во Охрид се издвоени повеќе средства за разлика од лани, односно сите институции од областа на културата во 2022 година добија поголем буџет, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која вчера ги посети националните културни установи во Охрид. Како што соопшти Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска истакна дека Охрид поседува ретко светско природно […]

Земјотрес почувствуван во Охрид, епицентарот во Албанија


Земјотрес во јужниот дел на Охридското езеро со епицентар 150 километри јужно од Скопје, во Република Албанија, регистрираше денеска Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Охрид и околината, а се случил во 02 часот и 41 минути, со локална Рихтерова магнитуда […]

Војната во Украина ќе влијае врз туризмот, хотелите на охридско-струшката ривиера подготвени да прифатат бегалци


Руско-украинската војна ќе влијае негативно врз туризмот во земјава. Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се подготвени доколку има потреба да прифатат бегалци од Украина. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажевски смета дека воената состојба во Украина ќе се одрази не само на бројот на туристи од Украина и Русија и од околните […]

Охридскиот чаршиски еснаф бара можност за работа во недела


Чаршискиот еснаф во Охрид со поддршка на угостителите, хотелиерите и Општина Охрид бараат недела да биде работен во туристичката сезона, но и во продолжените викенди преку цела година. Тврдат дека со законското решение, со кое од 1 јануари недела е не работен ден, трпи бизнисот, а губи и туризмот во градот. За проблемот со кој […]

Охрид го чествува македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев


Со традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ од денеска во Охрид почнуваат свеченостите и збиднувањата за одбележување на 129-годишнината од смртта на големиот охридски и македонски поет и преродбеник Григор Прличев. Согласно програмата, манифестацијата почнува денеска со свеченост по повод патрониот празник на ОУ„Григор Прличев“ и полагање цвеќе пред споменикот во училишниот двор. За точно на пладне […]

По синоќешните два, регистриран уште еден земјотрес во охридско – струшкиот регион


Уште еден земјотрес е регистриран рано изутрината во во 03 часот и 22 минути во епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга, 100 километри јужно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.6 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а е почувствуван од населението во Охрид, Струга, […]

Момче од Охрид со нож го прободело својот татко


Семејна расправија ќе завршела со голема трагедија во нашиот најголем туристички центар. Вчера попладнето во 19:15 часот во дом во Охрид на улица „Железничка“ дошло до семејна расправија помеѓу татко и син. Неофицијално, според извори на Телма, прво таткото го удрил синот, а потоа 18-годишниот син му возвратил на својот татко повредувајќи го со нож […]

Утре од 15:00 до 16:30 минирање на автопатот Кичево – Охрид


На автопатот Кичево – Охрид утре ќе се изврши минирање во периодот од 15 до 16:30 часот, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија пат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Охрид домаќин на меѓународна научна конференција за туризмот и културата


„Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“ ќе биде фокусот на дискусиите на десетата Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022“, што од денеска ќе се одржува во Охрид. На собирот организиран од Центарот за напредни истражувања, заедно со Социјалната организација за поддршка на проучувањето на […]

Десетто издание на Меѓународната научна конференција „Охрид-Водици 2022“


„Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“ ќе биде во фокусот на дискусиите на десеттата Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022“ што од утре ќе се одржува во Охрид. На собирот, организиран од Центарот за напредни истражувања, заедно со Социјалната организација за поддршка на проучувањето […]

Не се откриени траги на насилство кај починатата поранешна полицајка од Охрид


Извршениот увид на лице место спроведен во координација со Јавен обвинител, а во присуство на медицински и полициски екипи, како и избршената обдукција покажале дека нема траги од насилство врз жената чие безживотно тело вчера беше откриено во стан во Охрид. Секторот за внатрешни работи од Охрид денеска соопшти дека случајот би пријавен вчера во […]

Најдена мртва полицајка со траги на насилство во Охрид


Денеска, во попладневните часови, во стан на улица „Сирма Војвода“ во Охрид пронајдено е мртво тело на вработена инспекторка СВР Охрид М.M . Како што дознава редакцијата Охридскај сега веќе починатата неколку дена не излегувала од својот дом и не одговарала на телефонски повици по што следувало пријава во полициската станица во  Охрид. Според истиот извор, […]