Грчка заменичка министерка поднесе оставка поради надомест за стан


Грчкиот министер за економија, Димитрис Пападимитриу и неговата сопруга Ранија Антонопулу,  заменичка на грчкиот министер за труд, поднесоа оставка откако се дозна дека таа барала и примила надомест за изнајмување стан во Атина, и покрај податоците во годишниот извештај дека поседува половина милиона долари. Антонопулу во изминатите две години од Владата примила помош од 23.000 евра […]

Дума наместо во пензија – на апанажа ?


Петмина поранешни членови на Државната изборна комисија (ДИК) поднеле барање за апанажа до Собранието, a тројца се вратиле на своите работни места, јави МИА. Барања за апанажа, како што е пренесено, поднеле поранешниот претседател Александар Чичаковски, кој беше од редот на експерите, и членовите Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ […]

ОМД бара оставка на Нимиц поради конфликт на интереси


Вработувањето на нова секретарка во кабинетот на Метју Нимиц од грчко потекло, и многубројните лични донации во знак на поддршка на носителот на грчката група на пријатели, конгресменката Каролин Малони се причините поради кои Обединета македонска дијаспора (ОМД) бара оставка од медијаторот Нимиц поради конфликт на интереси. – Со последниот обид од 17 јануари 2018 […]

Функционерите на Села поднесуваат оставки


Директорот на затворот „Идризово“ Керим Мамути, како што јавуваат медиумите, поднел оставка од функцијата, по одлуката на „Алијансата за Албанците“ да ја напушти владината коалиција. Вчера, оставки депонираа и заменик-министрите за надворешни работи, за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Арта Точи, Ремзи Мемеди и Елми Азири, како и државниот секретар во […]

Функционерите на Алијансата за Албанците офицјално депонираа оставки во Владата


Функционерите на Алијансата за Албанците денеска и официјално депонираа оставки во Владата. – Три заменици-министри и државниот секретар во Министерството за правда денеска поднесоа оставки во владиниата архива, а се очекува де се повлечат од своите функции и уште осум директори, што значи вкупно 12 или 13 функционери кои ќе поднесат оставка од водечки позиции, […]

Замениците министри на Села поднесуваат оставки-Заев:очекуван потег


По најавата на Зијадин Села дека ќе ја напушти владата по усвојувањето на Законот за јазиците, замениците-министри од Алијансата за Албанците ќе поднесат оставки. Како што најавуваат од „Алијансата за Албанците“, заменик-министерката за надворешни работи Арта Точи и заменик министерот за транспорт и врски Ремзи Мемети утре ќе ги достават оставките во писмена форма. Премиерот […]

Собранието ја „распушти“ ДИК


Собранието ги констатира денеска оставките што ги поднесоа осум од вкупно девет члена на Државната изборна комисија, по избувнувањето на скандалот со високите надоместоци за спроведувањето на изборите. На почетокот на собраниската седница, беа констатирани оставките на досегашниот претседател на ДИК Александар Чичаковски, на потпретседателот Реџеп Прекопуца, како и на независниот член Атанас Урумов, на […]

Никола Попоски се повлекол од сите функции во ВМРО-ДПМНЕ


Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ поднел оставка од сите органи на партијата. Оставката ја депонирал уште пред три недели, пренесе Плусинфо. Никола Поповски, кој пред извесно време беше еден од споменуваните можни кандидати за лидер на ВМРО – ДПМНЕ неизвесно е дали ќе влезе […]

Неизвесно е кога ќе бидат констатирани оставките на ДИК


Неизвесно е дали парламентот ќе ги констатира во петок оставките на шестемина членови на Државната изборна комисија или за тоа ќе се чека некоја нова наредна седница, до крајот на годината. Иако оставки на функционери што се избрани од Собранието вообичаено се констатираат на прва нова седница, во овој случај, според информациите, треба да се […]

ДИК се самораспушти


Уште петмина од актуелниот состав на Државната изборна комисија поднесоа оставки во текот на вчерашниот ден, како чин на морална одговорност за скандалот со високите бонуси за последните изборни циклуси. Прво Субхи Јакупи од ДУИ, потоа и експертите Атанас Урумов и Реџеп Прекопуца (кој е и потпретседател на ДИК), а доцна попладне и членовите од […]

Оставките на членовите на ДИК пред Собранието


Собранието на Република Македонија на првата наредна седница треба да ги констатира оставките на членовите на Државната изборна комисија. Овој состав на ДИК кој имаше мандат од склучувањето на Пржинскиот договор, а со траење до 2020 година, се повлекува по критиките во јавноста за делењето високи бонуси. На интернет-петиција со која се бараа оставки од […]

Уште Беса остана во ДИК


Сите членови на Државната изборна комисија, освен Ермира Асани-Салија од Беса, која беше неодамна избрана на функцијата, поднесоа оставки, јави МИА. По скандалот со високите бонуси за последните изборни циклуси, денеска последни оставки поднесоа и членовите на ДИК од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев. Претходно, во текот на денот, и Субхи […]

Уште три оставки во ДИК


Потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца и членовите Субхи Јакупи и Атанас Урумов поднесоа оставки на функциите. Со тоа, Државната изборна комисија остана без шест од деветте члена по избувнувањето на скандалот со бонусите за последните избори. Јакупи од ДУИ најавува дека парите од бонусот ќе ги врати во државната каса, а слично најавуваат и Прекопуца и […]

ДИК си плати за бонусите


Слободанка Јовановска И покрај увереноста дека си ја заслужиле наградата, три члена на Државната изборна комисија вчера си поднесоа оставки на функцијата. Александар Чичаковски, Игор Милев и Виолета Дума не го издржаа притисокот на јавноста, или на партијата, и повлекоа потег со кој треба да си го обелат образот пред нацијата. Нивната одлука од Владата […]

ДИК: Три оставки на маса, шест во фиока


Најмалку една третина од членовите на Државната изборна комисија се повлекуваат од функциите, по скандалот со високите бонуси за спроведување на последните изборни циклуси, што го обелодени американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли. По жестоките реакции во јавноста и граѓанската петиција за разрешување на актуелниот состав на ДИК, тројца од вкупно девет членови на ова […]

Парите ги враќаат, ама оставки не даваат


Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски се откажа од четирите илјади евра награда што ги зел за „исклучителниот“ ангажман околу локалните избори годинава. Парите ги донираше во граѓанската организација „Полио плус – Движење против хендикеп“ и ќе бидат искористени за унапредување на политичката партиципација на лицата со попреченост. Првиот човек на „Полио“, рече дека […]