Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска


Собранието, денеска, во рамките на 85. седница, ги констатира оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, Марко Бислимоски, и на членката на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси, Цвета Ристовска. По усвојувањето на дневниот ред, почнаа двочасовните опозициски прашања до премиерот […]

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија


Собранието на пленарната седница закажана за среда, 18 февруари се очекува да ги  констатира оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска. Веднаш потоа, како што велат од Собранието за МИА, треба да започне постапката за избор на нов претседател на […]

СДСМ бара оставки од министерите за здравство и за внатрешни: Едниот лажел за загадувањето, другиот не спровел евакуација


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање повика на итна одговорност и оставки од министерот за здравство и министерот за внатрешни работи, поради, како што рече, несоодветното справување со пожарот во депонијата во Трубарево и загрозувањето на здравјето на граѓаните. „Треба да си поднесе оставка министерот за здравство. […]

Вучиќ повика на оставки поради несреќата на железничката станица во Нови Сад


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека луѓето се загрижени за несреќата во која загинаа 14 лица на Железничката станица во Нови Сад и дека бараат одговорност и побара од членовите на Владата на Србија да покажат одговорност, наведувајќи дека мора да го покажат тоа и да направат разлика, пренесе Бета. „Знам дека некои […]

Деспотовски бара оставки од раководството на СДСМ веднаш, а не одложени


  Еден од повидните членови на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јован Деспотовски, кој е и актуелен директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ), денеска побара оставки од раководството на СДСМ веднаш, а не со одложено дејство и условени. Во писмена изјава упатена до медиумите Деспотовски вели дека за првиот чекор кон овие одлуки […]

Во Косово досега 578 Срби поднеле оставки


Министерот за внатрешни работи на Косово Џељал Свечља денеска изјави дека досега 578 косовски Срби, припадници на косовската полиција, поднеле оставки. На заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Аљбин Курти тој рече дека тие оставки се резултат на уцени. „Официјално се поднесени 578 оставки, од кои 461 се од полицијата за јавен ред, 107 од граничната […]

Нова рунда оставки во Скопје – на директорите на „Улици и патишта“, „Лајка“ и ЈСП „Турс“


  ВМРО-ДПМНЕ денеска ѝ возврати на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нејзините жестоки вчерашни зборови со тоа што уште тројца директори на јавни претпијатија поднесоа оставки – на „Улици и патишта“, „Лајка“ и ЈСП „Турс“. Заедно со другите разрешувања и оставки во комуналните претпријатија Скопје е на самиот раб да не може да функционира, […]

Директорот на службата за разузнавање на Грција и генералниот секретар на грчката Влада си поднесоа оставки


Директорот на Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП) Панајотис Кондолеон и генералниот секретар на грчката Влада Григорис Димитриадис денеска ги доставија нивните оставки до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој ги прифати, а опозициските партии оставките ги поврзуваат со случајот со прислушкувањата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Директорот на службата за разузнавање Кондолеон, […]

Уште пет државни секретари во британската влада поднесоа оставки


Во владата на британскиот премиер Борис Џонсон, пет државни секретари и потсекретари денеска преку заедничко писмо објавија дека поднесуваат оставки. „Ја имавте најтешката задача во една генерација. Се восхитуваме на вашата цврстина, издржливост и траен оптимизам. Со право можете да се гордеете со значајните одлуки кои, со заедничка акламација, сте ги направиле исправни. Меѓутоа, станува […]

Многу функционери на Кремљ сакале да поднесат оставки – но не можат


  Две недели од руската инвазија на Украина, бомбардирањето на цивилите и масивните санкции на Западот предизвика неверување во голем дел од руското општество. Иако поради екстремно строгата цензура малку се знае што се случува во владините и други ешалони, забранетата од Кремљ веб-страница „Медуза“ се обиде да открие дали врвните руски функционери биле подготвени […]

Моралните оставки и неморалните прозивки


Ужасната трагедија во Тетово, во која загинаа 14 луѓе кои се лечеа од корона вирусот во модуларната болница и истрагата за причините зошто тоа се случи уште додека траат деновите на жалост станаа помалку значајна тема од оставката на министерот Венко Филипче, како и за оставките на заменикот министер и директорите на клиниката во Тетово. […]

Драмата од Брисел се пресели во Скопје: Димитров си заминува, Заев останува?


Различни информации од различни места пристигнуваат денеска откако стана јасно дека Македонија нема да добие датум за преговори за влез во Европската унија. Постои огромно разочарување во владата, од каде сметаат дека направиле сѐ што било побарано, па дури и се согласиле на промена на името на државата, а за возврат не го добиле ветеното […]

Макрон: Тројца министри поднесоа оставки


Франција – Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека тројца министри во Владата поднеле оставки, меѓу кои и министерот за европски прашања Натали Лоазо. Покрај неа, оставки поднеле портпаролот на Владата Бенжамен Гриво и министерот за дигитални работи Мунир Махжуби. Лоазо, која и се приклучи на француската Влада во јуни 2017 планира да биде на чело на […]

Каменос бара 101 оставка за блокада на ратификацијата на договорот од Преспа


Атина – Претседателот на Независни Грци и до неодамна коалициски партнер во владата, Панос Каменос, преку неговиот Твитер профил, утрово побара масовни оставки на пратениците за да се спречи ратификацијата на договорот од Преспа. -До 14 часот можеме да го блокираме гласањето на договорот од Преспа со оставка на 101 пратеник. Прв ја потпишувам мојата оставка, […]

ВМРО-ДПМНЕ побара оставки од Анѓушев и Деспотовски


ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставки од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и од директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски во врска со грантот доделен од Фондот во висина од 160.000 евра за „Каст Инвест“. Партискиот портпарол ја обвини владејачката партија за нелегални тендери и донации, во време кое како што рече, целата јавност е […]

Здружението „Но пасеран“ побара оставки од првите луѓе на Основен Суд 2


Оставки од претседателот на Основен Суд 2 Илир Сулејмани и администраторот на судот Никола Блажевски денеска повараа од Здружението за заштита на граѓанските права „Но пасеран“ – Скопје кои протестираа пред Врховниот суд во Скопје поради, според нив, спорните одлуки на судот во однос на утужените сметки од компанијата БЕГ за парно греење. Маријан Ненов […]

Обезглавени институции: Од понеделник – и без Антикорупциска и без ДИК


Собранието во понеделник се очекува да ги констатира оставките на пет члена на Антикорупциската комисија, затоа што за тогаш е закажана нова пленарна седница. Со тоа во Антикорупциската комисија ќе останат само уште двајцата членови Сузана Таскова Аџикотарова и Најдо Спасевски, кои не можат сами да одлучуваат. Во понеделник за Државната комисија за спречување корупција( […]

Вкупно петмина од Антикорупциска досега поднесоа оставки


Оставка од Државната комисија за спречување на корупцијата попладнево поднесоа и членовите Сејди Халили и Фарие Алиу, потврдија за МИА од Антикорупциска. Претходно, денеска оставка поднесе и Жаклина Дамчевска. Вчера оставка поднесе и претседателот на ДКСК Игор Тантуровски, а претходно и членот на Комисијата и нејзин поранешен претседател Горан Миленков. Од вкупно седумте членови на […]

Бошњаковски: Добро е што поединци покажаа морал и поднесоа оставки


Им честитаме конечно на поединци во Македонија и добро е што дојде време да се поднесуваат оставки од морални причини. Тоа е добро, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, коментирајќи ги оставките во Антикорупциската комсија. Според Бошњаковски, треба да се почека да заврши целиот процес за да се види како ќе оди назначувањето на нови […]

Штерјов: Во чие име Ристовски бара оставки?


Коле Штерјов, претседателот на Советот на обвинители, вели дека не знае во кое својство заменик-министерот за правда Оливер Ристовски бара оставки од него и од неговите колеги. „Недопустливо е заменик-министер да се меша во работата на Советот на обвинители. Ристовски вели дека тоа е негово лично мислење дека треба да поднесат оставки. Меѓутоа, јавна изјава […]