Сто милиони евра за ЕСМ и за општините за справување со енергетската криза и капитални инвестиции


Повеќе од 100 милиони евра обезбедува државата за справување со енергетската криза и за капитални инвестиции за подобрување на комуналната инфраструктура во општините. Вчера на владина седница беа усвоени одлуките, чијашто крајна цел е подобрување на условите за живот на граѓаните, информираат од Министерството за финансии. Со одлуката, од денеска на ЕСМ и се ставаат […]

Општините, законски, ќе добиваат двојно повеќе пари


Стартува реформата за унапредување на фискалната децентрализација. Законските измени и дополнувања, на кои работеше Министерството за финансии, денеска добија зелено светло од Собранието.   Реформата се состои од три столба: подобрување на фискалниот капацитет на општините и зголемување на нивните приходи, зголемување на фискалната дисциплина на општините и зголемување на нивната транспарентност и отчетност.   […]

УСАИД ги презентираше успешните практики за ефективно собирање на општинските ресурси


Во рамки на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, денеска пред претставници на 40 општини од земјава, беа презентирани успешните меѓународни и домашни практики за ефективно собирање на општинските приходи од сопствени извори. Директорот за финансиска самоодржливост на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, Бардул […]

Општините од денеска може да аплицираат на јавниот повик за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска пред претставниците на ЗЕЛС го презентираше јавниот повик за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште, на кој може да аплицираат општините. Јавниот повик е финансиран со средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. Финансиската поддршка е во висина од 100 […]

Не може во некоја општина да „дивее“ некоја градба, а градоначалникот да нема право да ја сопре


Поголеми надлежности на градоначалниците и локалните власти, за да можат општинските проблеми побрзо да се решаваат, пристап до европските фондови, но преку Унијата на европски градови и одлична соработка со централните власти, без оглед на политичката припадност на градоначалниците се дел од решенијата кои беа предложени на денешниот Меѓународен форум на градоначалниците „Модерни општини“, што […]

Истражување: Над две третини од граѓаните не веруваат дека може да влијаат врз одлуките во општината и државата


Граѓаните немаат доверба и во голема мера сметаат дека не можат да влијаат на случувањата во општината во која живеат и државата, покажуваат податоците од телефонското и онлајн истражување со граѓани и граѓански организации, презентирано денеска на онлајн конференцијата „Високи надежи и големи падови: ставови на граѓаните и граѓанските организации и ефекти од секторските работни […]

Бочварски: Општините сами може да изработат планови за Охридското крајбрежје согласно ГУП-овите и УНЕСКО


Има јасни критериуми и законски процедури како општината може да пристапи кон поставување плажи согласно урбанистички план, доколку тој се наоѓа во рамки на Генералниот урбанистички план. За таквата процедура и постапка, согласно новиот Закон се изработува урбанистички проект, кој не треба да оди во Владата, туку Општината може сама да изработи план и да […]

50 години ЗЕЛС: Развиените општини значат посилна економија


Многу е важна соработката на централната и локалната власт, развиените општини значат посилна економија, порача денеска премиерот Димитар Ковачесвки пред настанот по повод 50 години од постоењето на ЗЕЛС. Како што истакна Ковачевски, целта на Владата е сите ресурси да се насочат кон севкупен развој на државата. -Државата силно го подджува рамномерниот регионален развој и […]

Нови 24 општини станаа дел од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите


Визијата за засилен локален развој и подобрување на финансискиот капацитет на општините е основа на реформата која е преточена во закон кој во моментов е во собраниска процедура со кој се унапредува фискалната децентрализација. Реформата се состои од три главни столба и поразбира: зголемување на фискалниот капацитет на општините и на нивните приходи; зголемување на […]

Анблок покривањето на барањата на општините од државниот Буџет не е добро решение


Анблок покривањето од државниот Буџет на барањата на општините за покривање на нивните зголемени финансиски потреби не е добро решение, смета универзитетскиот професор Борче Треновски. Од досегашното искуство видовме дека по таквата попмош многу од општините повторно ги зголемиле своите обврски, вели тој. „Пред да ги утврдиме причините зошто определени општини влегле во фискална нестабилност, […]

Град Скопје со европски пари ќе рециклира градежен отпад, Струмица ќе прави велосипедски патеки


Со 600.000 евра евроопски пари, Општина Тетово ќе ги дигитализира услугите за граѓаните, со 750.000 евра пак Општина Струмица ќе гради велосипедски пари. Градоначалниците на 19 општини денеска потпишаа договори со Европската унија за поддршка во висина од 5,5 милиони евра од програмата „ЕУ за општините“ и 10,7 милиони евра за прекугранична соработка со Албанија. […]

Град Скопје ќе додели средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило


Советот на Град Скопје на денешната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини.  Со првата одлука, предвидено е Град Скопје да издвои средства за 10-те скопски општини за реконструкција и хортикултурно уредување на постојните зелени парковски површини, како и садење нови садници и цвеќе. Од овие средства ќе се реализираат голем број […]

Само 4,5 отсто од населението во руралните средини бара информации на веб страните на општините


Само 4,5% од населението во руралните средини се информира за работењето на општините преку нивните веб страни што упатува на фактот дека електронските алатки за комуникација со општините речиси и да не се користат. Одењето на шалтер директно во институцијата е сеуште најкористен начин за комуникација со локалната администрација и добивање на услугите за дури […]

Арсовска бара помош од Владата за скопските општини да си платат струја


На денешната средба во Координативното тело на градоначалници на Град Скопје, беше дискутирано за енергетската криза и проблемите со кои се соочуваат скопските општини во функционирањето, трошоците за електрична енергија за редовно работење на општините, основните и средните училишта, уличното осветлување кои значително се зголемени некаде и за над 500% особено во општините кои немаат […]

Општините ќе располагаат со повеќе пари, но ќе има и поголема финансиска дисциплина и отчетност


Од годинава општините ќе добиваат повеќе пари со што треба да станат финансиски постабилни и на тој начин да испорачуваат подобри и поефикасни услуги за граѓаните. Со реформата за унапредување на фискална децентрализација предвидено е постепено до 2024 година општините да добијат повеќе приходи од личниот данок на доход и од стапката на дотација од […]

Трикратно зголемени сметките за струја на општините, бараат Владата да ја плати разликата


Општините се соочуваат со огромно зголемување на сметките за електрична енергија. Минатата година Општина Чаир платила околу 500.000 денари за електрична енергија, а сега сметката е 1,4 милион денари, со воведени рестрикции и намалено трошење на осветлувањето. Истиот случај е и во Општина Ѓорче Петров, сметката била до 700.000 денари, додека пак последната сметка за ноември 2021 […]

Дури 66,6 проценти од вкупните приходи на општините доаѓаат од централната власт


Во просек, 66,6 проценти од вкупните приходи на општините, доаѓаат од централната власт. Даночните приходи во просек учествуваат со 9,7 отсто, а приходите на данок на имот со 8,4 проценти, покажаа податоците собрани со проектот „Мојата општина – финансии, развој, долгорочна одржливост“ . Податоците покажуваат дека на расходи за плати отпаѓаат 48 отсто, а на […]

Прилеп најеколошка општина, следуваат Кавадарци, Карпош и Центар


Општината Прилеп ќе добие модерно еколошко детско игралиште, откако на конкурсот на компанијата „Пакомак“ го освои првото место за најеколошка општина. Второто место ѝ припадна на Општина Кавадарци, а третото место го делат две скопски општини, Карпош и Центар. „Првиот човек на општината е најважен за спроведување на екологијата во општината. На пример, општина Кавадарци […]

Се пресметува дали општините можат да преземаат нови надлежности


Работна група формирана од Владата проверува дали општините имаат доволно пари да ги финансираат надлежностите кои им се пренесени со децентрализацијата. Не е целта да им се одземат надлежности, зашто тогаш нема фискална децентрализација, вели Ширет Елези, заменик-министер за финансии. „Тоа би било враќање назад и непочитување на европската и домашната регулатива. Целта е да […]

Општините за раздолжувањето: Владата не ни поклонува пари, ни враќа


Општините не сметаат дека Владата им дава поклон со тоа што им покрива 51 процент од долговите, од пари од централниот буџет. Тоа го објасни градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, кој на прес-конференцијата на која министерот за финансии Драган Тевдовски го образложи концептот за намалување на задолженоста на локалната самоуправа, го оквалификува потегот како разбирање […]