Околу 60 студенти од следниот месец на пракса во матичните општини


Околу 60 студенти во текот на следните два месеца ќе имаат можност да стекнат практично искуство во своите матични општини. Станува збор за проект што го реализира Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) во соработка со Министерството за локална самоуправа. Околу 40 општини пројавиле интерес за проектот, а потпишувањето на договорите ќе се […]

ДЗР: Дури 50 милиони евра ненаплатени даноци на имот имаат општините


Општините во Македонија неефикасно ги наплаќат даноците по основ на недвижен имот, немаат ажурирани регистри, а се отпишуваат долгови по однос на задоцнето плаќање и камати… Дури близу 50 милиони евра останале ненаплатени за периодот од 2020 до 2024 година, а речиси 4 милиони евра се отпишани долгови. Проблемот се зголемува и поради неекипираност на […]

Општините влегуваат во изборната трка со милионски долгови


Дури 22 општини во земјава се рангирани во 100 те најзадолжени субјекти и на локално и на централно ниво. Општините во државата ја стартуваат изборната кампања со доспеани а неплатени обврски во износ од 64,7 милиони евра – сума која е зголемена и на квартално и на годишно ниво, пишува Порталб. Експертите велат – одговорност […]

Општинарите ќе се учат како да подготвуваат проекти за привлекување пари – Ресурсниот центар проект на УНДП


Со Ресурсен центар за поддршка на општините Владата презема мерки за воведување на систематизирана  и институционализирана поддршка во функција на реформа на локалната самоуправа. Центарот, како што изјави на денешната прес – конференција, министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе понуди изводливи и одржливи решенија за зајакнување на капацитетите на општините. -За да се одговори […]

Општините влегуваат во изборна кампања со доспеан, а неплатен долг, од речиси 65 милиони евра


Локални избори распишани, локалните власти на терен “работат“ со парите од унгарскиот кредит. На локалните 2025 “општинарите“ ќе настапат со вкупни доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 65 милиони евра. Споредбената анализа на „Порталб“ покажа дека долгот е зголемен и на квартално и на годишно ниво. 10 општини со највисок доспеан, а неплатен […]

Парите од вториот дел од унгарскиот кредит на стендбај: Општините прво треба да донесат ребаланси на буџетите


Општините треба да направат ребаланси на буџетите и измени во Планот за јавни набавки, по што веднаш можат да отворат постапки за избор на изведувачи на проекти со кои имаат аплицирани за користење на средства од вториот повик од заемот од Унгарија, истакна денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински. Одговарајќи на новинарско прашање кога […]

Со околу 14 милијарди денари ќе се финансираат инфраструктурни проекти во општините, потпишани договорите од вториот повик


Во Владата денеска се потпишани договорите со општините кои аплицираа и беа избрани на вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти. Потпишани се договори во вредност од околу 14 милијарди денари кои со средствата од првиот повик изнесуваат вкупно околу 20 милијарди денари со кои се финансираат вкупно 1.200 проекти.  За премиерот Христијан Мицкоски е […]

Градоначалниците удрија на „леб и игри“, но што е со клучните проблеми


Општинските татковци удрија на забава – речиси секојдневно се одржуваат или се во најава концерти, перформанси, журки… Вистински период на „леб и игри“ во пресрет на локалните избори оваa есен, додека клучните проблеми на граѓаните остануваат на маргините. Вниманието на младите летово се привлекува со звучни домашни, но и меѓународни музички ѕвезди, што во овие […]

ДЗР: Тетово нема парк – Чаир и Кисела Вода имаат само 3 отсто од зеленилото на Скопје


Од 34 општини со седиште во град, ГУП-овите на 22 општини не го исполнуваат препорачаниот стандард за озеленетост од 25 м2 по глава на жител, констатираат државните ревизори, во последниот извештај. Масовната урбанизација на просторот, долгите постапки за донесување урбанистички планови, недонесените годишни програми за подигање и одржување на зеленилото, финансирањето на урбанистички планови од […]

Меџити: Општините се клучен партнер во еколошката трансформација


Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска остварил работна средба со претседателството на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), на која бил детално презентиран јавниот Конкурс за финансирање на проекти од областа на животната средина за 2025 година. На средбата, како што соопштија од Министерството за животна средина […]

Пописот 2021 го намалува бројот на советници во повеќе општини – во Гостивар дури 8


  Најголем пад во советничките мандати за следните локални избори ќе претрпи општина Гостивар, каде во следните години ќе има дури осум советници помалку. Според резултатите од пописот од 2002 година оваа општина имала 81.000 жители, што според Законот треба да има 31 советничко место, но по резултатите од 2021 година, Гостивар има резидентно население […]

Следната недела втор јавен повик за општините за унгарските пари


Вториот дел од кредитот од Унгарија, наменет за развој на општините ќе почне да се доделува од следната недела, најавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински. – Станува збор за втор јавен повик за искористување на средства до 15 милијарди денари, но тие пари нема да бидат потрошени во една […]

Перински: Уште трае евалуацијата на општинските проекти


 Процесот на евалуација на пристигнатите документи од општините за владиниот повик за поддршка на општините сè уште трае и наскоро ќе има информации, изјави денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински на промоција на новата опрема за противпожарни единици во Куманово. Рокот за докомплетирање на потребната документација беше продолжен на владина седница и заврши до […]

Владата ќе дели 50 милиони евра на општините обезбедени од претходната власт


Нови 50 милиони евра, кредит од Европската инвестиициска банка, кои биле обезбедени, но не и искористени, ќе им бидат на располагање на општините, најави вечерва првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити. Во петок, како што рече Меџити, сите 80 градоначалници се поканети на средба со премиерот на која ќе бидат информирани за […]

Истражување: Општините за ниски цени продаваат државно градежно земјиште


Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Недоволна транспарентност и ниски цени при продажбата на државно градежно земјиште“ кое открива дека oпштините не ги информираат граѓаните за реализираните продажби на државно градежно земјиште. -Општините ги објавуваат одлуките за отуѓување на државно градежно земјиште само во Службен весник на РСМ. Но, ниту една од мониторираните општини […]

ДО 2026 година општините електронски ќе може да наплаќаат данок на имот


Стратегии за зголемување на општинските приходи, унапредување на процесот на децентрализација и подобрување на транспарентност и отчетност на локалната самоуправа се теми на форумот Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација чиј домаќин е Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на општините. На форумот на кој учествуваа […]

За кредитот од 250 милиони евра 66 општини поднеле 215 барања


До вчера, 66 општини аплицирале со 215 проекти за пари од кредитот од 250 милиони евра што Владата го стави на располагање за подобрување на условите за живеење.  „Јас сум исклучително многу задоволен и навистина им честитам на општините и на администрацијата во општините, бидејќи веќе 66 општини поднесоа околу 215 проекти заклучно со вчерашниот […]

На повикот за проекти во вкупна вредност од 250 милиони евра во текот на вчерашниот ден аплицирале 10 до12 општини


Утре истекува рокот во којшто општините треба да го пополнат апликативниот формулар за јавниот повик за реализација на проекти во вкупна вредност од 250 милиони евра што го распиша Министерството за локална самоуправа.  Премиерот Христијан Мицкоски очекува овој процес да заврши успешно. Како што денеска изјави само во текот на вчерашниот ден апликации поднеле 10 […]

Објавен јавниот повик за општините за доделување 250 милиони евра


Министерството за локална самоуправа денеска го објави Јавниот повик за доделување  средства за финансирање на инфраструктурни проекти, во висина од 250 милиони евра, односно во првата фаза, до крајот на година, ќе се доделат  6 милијарди денари, од вкупно 15 милијарди денари за општините. Општините може да аплицираат со еден или повеќе проекти на следниот […]

Двајца министри и ЗЕЛС се договорија да спроведат дигитализација на општините


Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски. На состанокот се разговараше за процесот на дигитализација на локалните услуги. Беше констатирано дека дигиталната трансформација на локално ниво е приоритет и на централно и на локално ниво и дека преку соработка […]