Норвешка погодена од најголемата бура во последните 30 години – ветришта од 180 км/ч


 Централна Норвешка ја погоди бурата Ингун, најсилна во последните 30 години.Во некои делови дуваа урагански ветрови, до 180 километри на час. Метеоролошката служба го објави највисокиот, црвен аларм. Портпаролот на полицијата во регионот Троенделаг, Бјорнар Гасвик, изјави за норвешката новинска агенција НТБ дека агенцијата за јавна безбедност примила меѓу 40 и 50 пријави од луѓе […]

Сообраќаен колапс во Германија. Возачи 7 часа заглавени во снег


Сообраќајот во Германија веќе два дена е во застој поради снег и замрзнат дожд. Автопатите се непроодни, а железничките и воздушните линии се откажани. Северот на континентот, исто така, се бори со тешка временска ситуација. Повеќе од 300 од 1.000 планирани пристигнувања и полетувања беа откажани утринава на аеродромот во Франкфурт, изјави портпаролот. „Затрупани во […]

Норвешка ќе одобри ископ на океанско дно


  Норвешка најверојатно ќе стане првата земја во светот која ќе ја започне контроверзната практика на комерцијално ископување во длабоко море, пренесува Би-Би-Си. Планот, пред гласањето во парламентот, ќе го забрза ловот на благородни метали кои се многу барани поради новите, зелени технологии што ги користат. Еколошките научници претходно предупредија дека тоа може да биде […]

Зошто Норвешка ѝ подарува елка на Велика Британија секоја година?


Секоја година од 1947 година, жителите на Норвешка ѝ подаруваат на Велика Британија елка која ќе биде поставена на плоштадот „Трафалгар“ за време на празничниот период. Една од првите работи што ќе ги забележите ако се најдете во близина или околу плоштадот „Трафалгар“ во Лондон на Божиќ е елка висока 20 метри изложена за сите […]

Финците ја напуштаат земјата: „Оваа земја нуди безбедност“


Ако зборуваме за висок стандард, но и квалитетно воспитување деца и создавање семејство – Норвешка е секогаш на врвот на листата на супериорни земји. Таа е понапредна од Шведска и Данска, кои заедно со Норвешка ја сочинуваат ултра богатата „тројка“ на Северна Европа, а ја надминува и Финска. Во исто време, не само Балканот и […]

Норвешка е подготвена да го затвори граничниот премин со Русија доколку биде потребно


 Норвешките граничари не забележале зголемен број руски гранични премини на контролниот пункт Сторског, но властите во Осло се подготвени да го затворат доколку е потребно, изјави денеска министерката за правда Емили Енгер Мел. Таа посочи дека Норвешка внимателно ја следи ситуацијата на гранката со Русија. – Но, во моментов на пунктот Сторског не гледаме необичен […]

Потона извозот на норвешки гас


Трговскиот суфицит на Норвешка со светот значително се намали во септември под притисок на остриот пад на извозот на гас, покажаа вчера податоците на заводот за статистика. Норвешкиот извоз потона во септември за 47,7 отсто во споредба со истиот месец минатата година, на 131,9 милијарди норвешки норови (11,4 милијарди евра). Извозот на гас е намален […]

И Норвешка ја затвора границата за автомобили регистрирани во Русија


Во Норвешка на 3 октомври стапува во сила забраната за влез на автомобили со руски регистарски таблички, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. – Важно е санкциите да бидат ефективни за да се спречат колку што е можно повеќе приходите што и се потребни на руската држава за финансирање на војната, изјави шефицата на норвешката […]

Норвешка ќе донира 70 воени возила за Армијата


 Над 70 воени возила како донација, најави денеска норвешкиот министер за одбрана, Бјорн Арилд Грам, на заедничката прес-конференција во Скопје со министерката за одбрана, Славјанка Петровска. На прес-конференцијата тој говореше за досегашната соработка во сферата на одбрана меѓу двете земји, но и за она што може понатаму да се стори. Истакна дека Северна Македонија и […]

Пукна брана на вештачко езеро во Норвешка, се очекуваат нови поплави


Брана на норвешка река денеска делумно се урна, а водата почна да се излева низ процепната дупка во средината на објектот. На инцидентот му претходеа повеќедневни силни поплави во областа. Браната Браскерајдфос на реката Глома, најголемиот воден пат во Норвешка, не можела да ги отвори вратите откако нејзината контролна соба се поплавила. Полицијата претходно размислуваше […]

Невремето направи хаос во Скандинавските земји: Евакуирани повеќе од 600 луѓе во близина на Осло


  Повеќе од 600 луѓе се евакуирани во регионот северно од Осло по силниот дожд што предизвика лизгање на земјиштето низ планинскиот дел на јужна Норвешка.   Норвешката управа за водни ресурси издаде црвен метеоролошки аларм за поплави и лизгање на земјиштето во делови од јужна Норвешка. Норвешката метеоролошка агенција издаде предупредување на највисоко ниво […]

Ќе се зголеми ли Норвешка? Острови сакаат да се отцепат од Британија и да се придружат на нордиската земја (видео)


Оркни би можел да ја напушти Велика Британија и да стане самоуправна територија на Норвешка, откако нејзиниот совет одлучи да истражува „алтернативни форми на управување“. Архипелагот во близина на северниот брег на Шкотска, исто така, ќе размисли за промена на својот правен статус во Велика Британија, бидејќи се обидува да обезбеди повеќе економски можности. Водачот […]

Норвешката Влада предлага 40 отсто од управните одбори на големите и средни компании да бидат жени


Големите и средни приватни компании во Норвешка што не котираат на берзата мора да имаат менаџмент составен од најмалку 40 отсто жени, се наведува во денешниот нацрт-закон предложен од Владата. Норвешка беше прва во светот која во 2005 година воведе задолжителна квота за жени во одборите на котирани компании, што предизвика меѓународен бран и другите […]

Банките повеќе нема да тргуваат со готовина во норвешки и шведски круни


Деловните банки во земјава повеќе нема да прифаќаат ефективни парични средства во норвешка круна (NOK) и шведскa крунa (SEK). – Причината за тоа се прекинатите врски за размена на ефективните парични средства во овие две валути од страна на деловните банки во Норвешка и Шведска поради зголемена претпазливост во врска со нивната регулатива за спречување […]

Норвешки психолози пристигнуваат во Белград, ја имаат истата задача како по масакрот на Брејвик


Тим од психолози, психотерапевти и архитекти од Норвешка, кои се справија со траумите на своите граѓани по масакрот на Андрес Брејвик кој уби 77 студенти, пристигна во Србија и ќе остане два дена. Тие денес има средба со претставници на Владата на Србија. Дојдоа да им помогнат на психотерапевтите кои работат со ученици, нивните родители […]

(Видео) Норвежаните предупредени да се држат настрана од рускиот кит „шпион“


Норвешките власти го предупредија населението да избегнува контакт со познатиот кит белуга за да не биде случајно повреден или убиен. Китот познат како Хвалдимир стана познат во 2019 година, откако беше забележан како носи специјален ремен и носачи за камера, што ги наведе експертите да веруваат дека можеби и припаѓа на руската војска, која можеби […]

Норвешката полиција заплени рекордна количина кокаин по дојава од Германија


Властите во Норвешка запленија рекордно количество кокаин скриено во пратка со јужноамериканско овошје, по дојава од Германија, јави ДПА. Норвешката полиција соопшти дека оваа недела во главниот град Осло биле запленети повеќе од 800 килограми дрога. „Сепак, досега нема уапсени“, изјави инспекторката Грета Метлид на прес-конференција. Пратката, која се проценува на улична вредност од десетици […]

Норвешка без Халанд на почетокот на квалификациите за ЕУРО2024


Норвешкиот напаѓач на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, ќе го пропушти почетокот на квалификациите за ЕУРО2024 поради повреда на препоните. Халанд се повреди во четвртфиналето од ФА купот против Барнли и нема да биде во составот на Норвешка за квалификациските дуели против Шпанија и Грузија оваа недела. „Се надевавме дека ова е само полесна повреда, но по вчерашните прегледи стана […]

Пет пати поголеми приходи: Продажбата на нафта и гас ја преплави Норвешка со пари


Во „исклучителната“ 2022 година, Норвешка заработила петпати повеќе од продажбата на нафта и гас благодарение на рекордно високите цени, објави денеска државната компанија „Петоро“. „Петоро“ уплатиле 528 милијарди норвешки круни (46,6 милијарди евра) во државната каса, што е повеќе од петпати повеќе отколку во „нормална“ година, се наведува во извештајот. Приходите се за 342 милијарди […]

Снимка од бебиња во колички кои спијат на улица во Норвешка предизвика внимание


  Снимка поставена на ТикТок привлече внимание на корисниците на друштвените мрежи и многумина шокира, а прикажува бебиња оставени во колички на студеното време во Норвешка. Праксата на оставање бебиња надвот во колички без надзор е нормална во скандинавските земји, а се смета дека му помага на имунолошкиот систем на децата. Снимката брзо стана вирална, […]