Норвешка ја прекина истрагата за можната врска меѓу Норвежанец, сопственик на бугарска фирма и експлозивните пејџери за Хезболах


Норвешката безбедносна служба (ПСТ) денеска соопшти дека не пронашла докази за продолжување на истрагата за норвешка поврзаност при испораката на пејџерите што експлодираа во септември до Хезболах во Либан. Во истовремените експлозии на уредите загинаа десетици луѓе, а илјадници беа повредени, Израел ја презеде одговорноста за пејџерскиот напад, кој го изненади Хезболах и беше проследен […]

Силно невреме ја погоди Норвешка, активирано е предупредување за поплави и лизгање на земјиштето


Бурата Јакоб во четвртокот ја погоди западна Норвешка, предизвикувајќи неколку црвени предупредувања за поплави и лизгање на земјиштето. Во делови од Мореог Ромсдал, Вестланд и Рогаланд се издадени предупредувања за екстремни временски услови. „Тоа е само почеток, ова ќе продолжи. Денеска во текот на денот и во вечерните часови ќе има пообилни врнежи. Веројатно ќе […]

(Фото) Воз излета од шините во Норвешка. Едно лице загина, четири се повредени


  Едно лице загина, а четворица се повредени денеска кога воз излета од шините на северот на Норвешка, соопшти полицијата. Камења паднаа на возот што ги поврзува градовите Трондхајм на запад и Бодо на северот на земјата, по што излета од шините, изјави полицаецот Арилд Волдмо за норвешката радио и телевизија NRK. PHOTOS: Norway train […]

Норвешка размислува за изградба на ограда на границата со Русија


Министерката за правда на Норвешка, Емили Енгер Мел изјави дека Осло би можел да постави ограда долж границата со Русија, по примерот на Финска. – Оградата на границата е многу интересна, не само затоа што може да делува како одвраќање, туку и затоа што содржи сензори и технологија што ви овозможува да откриете дали луѓето […]

Норвешка планира да дозволи абортус до 18-та недела од бременоста


Норвешката влада денеска соопшти дека сака да го измени законот за абортус, првпат по половина век, со што на жените ќе им биде дозволено да ја прекинат бременоста до 18-та недела. Предложените измени се „во согласност со денешната пракса“. – Речиси на ниту една жена не и одбиено барањето за абортус по 12-та недела, изјави […]

Словенија ја изненади Норвешка и влезе во полуфиналето на ракометниот турнир на ОИ


Ракометната репрезентација на Словенија сензационално ја исфрли Норвешка и се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри. Конечниот резултат беше 33:28, а таа водеше во поголемиот дел од натпреварот. Најефикасен кај Словенија беше Алекс Влах со осум гола, а одличен беше и Блаж Јанц со единаесет погодоци. Словенија во полуфиналето ќе игра против првиот фаворит на […]

(Видео) Норвешка министерка ја крена кошулата и ги затресе голите гради во тв-шоу, премиерот се гордее со неа


Норвешката министерка за култура и еднаквост, Лубна Џафри за време на гостувањето во една телевизиска емисија ја крена кошулата и ги откри голите гради. Минатата недела министерката гостуваше во ток-шоуто „Skeiv Preik“, емисија која е дел од Oslo Pride, каде и беше врачена наградата „Геј мајка на годината 2024“. Наградата се доделува на дами кои […]

Норвешка го откри најголемото наоѓалиште на ретки минерали во Европа


Рударската компанија „Ретки Земји“  (Rare Earths) Норвешка вели дека го открила најголемото докажано наоѓалиште во Европа на високо ценети елементи, што потенцијално претставува пресвртница и за нордиската земја и за поширокиот регион. Едно од ретките наоѓалишта кои не се во сопственост или контролирани од Кина, откривањето на најголемото наоѓалиште на ретки елементи во континентална Европа […]

Норвешка прв пат во историјата ќе организира СП во алпско скијање


 Норвешка во 2029 година прв пат во историјата ќе биде домаќин на Светско првенство во алпско скијање, а натпреварите ќе се одржат во Нарвик, град со околу 22.000 жители кој се наоѓа на повеќе од 300 километри северно од Арктичкиот круг. На конгресот во Рејкјавик делегатите на Меѓународната скијачка федерација (ФИС) денеска избираа меѓу три […]

Норвешка се повеќе го отежнува условот за влез на руски граѓани


Норвешките власти денеска соооштија дека од идната недела ќе ги затворат своите граници за руските туристи, не дозволувајќи им директен пристап до Шенген зоната. Иако не е членка, Норвешка го следи примерот на ЕУ, која презеде слична мерка по руската инвазија врз Украина. Таа скандинавска земја дели 198 километри копнена граница на Арктикот со Русија. […]

Норвешка ќе ја признае палестинската држава


 Норвешка ќе го признае постоењето на палестинска држава од 28 мај, соопшти денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и покрај предупредувањата од израелската влада. – Ние веруваме дека решението со две држави е во најдобар интерес на Израел, рече норвешкиот премиер на специјално свикана прес-конференција. Тој додаде дека целта е „да се оствари палестинска држава […]

Норвешка најави дека ќе го уапси Нетанјаху доколку биде распишана потерница


Норвешка е првата европска земја која соопшти дека ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог по него. Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ејде изјави дека Норвешка ќе мора да го уапси Нетанјаху доколку биде издадена потерница, пренесе Ал Џезира. Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд побара од […]

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија


Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои обраќања имаа министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом и командантот на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка Андрес […]

Норвешкиот државен фонд оствари добивка од 103 милијарди евра


Норвешкиот државен фонд денеска објави дека во првиот квартал од 2024 година остварил профит од 1,21 билиони норвешки норвешки круни, или приближно 103 милијарди евра, благодарение на високите приноси од инвестициите во акциите на технолошките компании. „Нашите капитални инвестиции имаа многу високи приноси во првиот квартал, особено во технолошкиот сектор“, изјави заменик-извршниот директор на фондот […]

Норвешка е подготвена да ја признае палестинската држава


Норвешка е подготвена да ја признае палестинската држава во соработка со други земји, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре во присуство на неговиот шпански колега Педро Санчез, кој се залага за такво признавање. „Норвешка е подготвена да донесе одлука за признавање на палестинската држава. Таа одлука мора да се донесе врз основа на време […]

Норвешки регион сака денот да трае 26 часа


Најсеверниот регион на Норвешка побара од Европската комисија дозвола да воспостави временска зона со 26-часовен ден. Планот, промовиран од локален градоначалник во Арктичкиот круг во близина на руската граница, има за цел да ги зајакне локалните вредности, да го продолжи времето за семејството и да привлече нови жители во регионот. Сепак, деталите од планот се […]

Норвешка донираше 76 воени возила за Македонија


  Норвешка испрати 76 воени возила за Македонија. Вкупно 40 камиони и 36 лесни пешадиски возила се натоварени вчера од пристаништето Оркангер и со брод ќе бидат транспортирани до Солун, информираат од Норвешката амбасада. Со донацијата, најавена во септември минатата година, како што информираат од амбасадата на Норвешка, ќе биде опремен лесен пешадиски баталјон. „Донацијата […]

Норвешкиот крал Харалд Петти е хоспитализиран во Малезија поради инфекција


 Норвешкиот крал Харалд Петти е хоспитализиран во Малезија поради инфекција која ја добил додека бил на одмор. „Неговото височество кралот се разболе за време на неговиот одмор во Малезија и таму беше хоспитализиран поради инфекција“, се вели во соопштението на норвешкото кралско семејство. Во соопштението се наведува дека за 87-годишниот крал Харалд Петти се грижи […]

Поплави на југот на Норвешка, Во Шведска пак, прекин на железничкиот сообраќај во Гетеборг


Силно невреме проследено со дожд ја погоди Скандинавија, предизвикувајќи поплави на југот на Норвешка, а во Гетеборг, Шведска, железничкиот сообраќај е во прекин откако во невреме денеска беше оштетена главната железничка станица, додека илјадници луѓе на западот од земјата останаа без струја. Силно невреме го однесе покривот на главната железничка станица во Гетеборг, што предизвика […]

Норвешката тајна служба тврди дека Русија е сѐ посилна во војната во Украина


Русија е на пат кон воена надмоќ во војната во Украина бидејќи има поголема резерва на сили и материјална поддршка од земји како Северна Кореја и Кина, предупреди разузнавачката служба на Норвешка. Претставувајќи го годишниот извештај за проценка на ризик на норвешките разузнавачки служби, шефот на военото разузнавање, Нилс Андреас Стенсонес, рече дека на Украина […]