Четворица загинати од циклонот Габриел во Нов Зеланд


Четири лица загинаа на Нов Зеланд откако циклонот Габриел ја погоди земјата на почетокот на оваа недела, јави ДПА, повикувајќи се на полицијата. Тело е пронајдено на местото каде исчезна пожарникар при уривање на куќа во регионот Окленд – најнаселен град во земјата. Три лица загинаа во друга област на Северниот остров – Хоков Залив. […]

Нов Зеланд прогласи вонредна состојба поради бурата „Габриел“


Владата на Нов Зеланд прогласи вонредна состојба на територијата на целиот архипелаг поради бурата „Габриел“. Според надлежните власти „Габриел“ е метеоролошки настан без преседан кој на Северниот остров во земјата донесе пороен дожд и силен ветер со брзина од 140 километри на час. На некои места е прекинато напојувањето со електрична енергија, има одрони, паднати […]

Со приближувањето на ураганот Габриел, стотици домаќинства без струја и откажани летови во Нов Зеланд


Илјадници домаќинства во Нов Зеланд останаа без струја, а многу летови се откажани денеска поради очекуваниот ураган Габриел Министерот за управување со вонредни состојби Киеран Меканулти, предупреди дека денешниот ден ќе биде „критичен ден“ поради екстремно опасната комбинација од силни ветрови и обилни врнежи. Има откорнати дрвја, оштетувања на патиштата и срушени столбови за струја. […]

Ситуацијата во Нов Зеланд и натаму критична


Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека во Окленд, најголемиот град во земјата, кој е погоден од големи поплави, дождот ќе продолжи да паѓа во наредните денови и предупредуваат дека може да се влоши состојбата.   „Ни претстојат уште понеповолни временски услови и треба да се подготвиме за тоа“, рече дежурната контролорка за управување со […]

Поројниот дожд предизвика поплави во Окленд


 Поројниот  дожд на Нов Зеланд предизвикаа поплави во најголемиот град, Окленд. Цивилната одбрана на Нов Зеланд ги предупреди околу 1,6 милиони жители на Окленд  да се засолнат од надојдената вода. Според Националниот институт за истражување на водата и атмосферата во Окленд наврнале 80 проценти повеќе од просечните летни врнежи. – Можно е во делови на […]

Нов Зеланд се соочува со промени предизвикани од затоплувањето на морето


Водите околу јужните делови на Нов Зеланд се шест степени потопли од вообичаено поради климатските промени, временскиот феномен Ла Ниња и областите со висок воздушен притисок, посочуваат научниците. Океанографот Жоао де Соуза изјави дека температурата на водата моментално е четири степени потопла од просечната и дека таквите температури ќе имаат значителни последици за еко-системот настанат […]

Нов Зеланд со закон го укинува пушењето цигари


Парламентот на Нов Зеланд усвои единствен закон за постепено укинување на пушењето цигари, со воведување забрана за младите да ги купуваат.   Според законот, цигарите не смеат да се продаваат на луѓе родени на или по 1 јануари 2009 година, пренесува АП. Со новиот закон се намалува и бројот на продавници за тутун, од околу […]

Канцеларијата на новозеландската премиерка Ардерн била нападната од жена со меч


  Новозеландската полиција приведе жена во врска со вчерашниот напад со меч врз канцеларијата на премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, во Окланд, јави ДПА.   Полицијата соопшти дека е уапсена 57-годишна жена. „Уапсената соработува во истрагата, во овој момент не бараме друго лице“, изјави полицискиот портпарол.   При нападот бил скршен прозорец од канцеларијата […]

Во Кореја уапсена е жена осомничена за убиство на две деца, најдени во куфер


  Во Јужна Кореја уапсена е 42-годишна жена која се сомничи за убиство на две деца чии тела се најдени во август во куфери купени на аукција на Нов Зеланд, пишува Гардијан. Останките на малите деца, кои биле на возраст од околу пет и десет години, неколку години биле скриени во куфери пред семејство од […]

Ардерн: Нов Зеланд ќе стане република, но не наскоро


Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн изјави дека по смртта на кралицата Елизабета Втора нејзината влада нема да бара промена на статусот на Нов Зеланд од кралство во република. Ардерн, пренесуваат американските медиуми, изјави дека верува дека Нов Зеланд во иднина ќе стане република и дека тоа ќе се случи за време на нејзиниот живот, но дека […]

Нов Зеланд дополнително ги олеснува мерките против Ковид-19


Веќе нема да биде потребно посетителите на Нов Зеланд да бидат вакцинирани против Ковид-19, соопшти денеска премиерката Џасинда Ардерн, јави ДПА. Во земјата ќе престане да важи и мерката за носење маски, освен во здравствени и установи за нега на стари лица. – Време е безбедно да се сврти страницата од нашето управување со Ковид-19, […]

Рекорден број смртни случаи од Ковид-19 во Нов Зеланд


 Нов Зеланд бележи рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, а новиот бран на инфекција со варијантата омикрон се покажа особено тежок за постарата популација. Според Министерството за здравство, за седум дена до 16 јули од Ковид-19 починале 151 лице, повеќе од најлошата седмица од претходниот бран во март кога имаше 115 починати. Во последните […]

Последниот учесник на СП2022 ќе биде познат на 14 јуни


Фудбалерите на Нов Зеланд и Костарика ќе се борат на 14 јуни во Доха за последното место на завршниот турнир од Светското првенство 2022, чиј домаќин ќе биде Катар, соопшти денеска Новозеландската фудбалска федерација. Победникот од дуелот ќе го заземе местото во групата Е во која се репрезентациите на Шпанија, Германија и Јапонија. Нов Зеланд последен пат учествуваше на […]

Час за планетата Земја: Нов Зеланд прв во светот ги исклучи светлата


 Знаменитостите во Нов Зеланд први потонаа во мрак по повод Часот на планетата Земја, кој денеска се одбележува во најголемиот дел од светот. Глобалниот настан ги охрабрува земјите да ги исклучат светлата на еден час за да привлечат внимание на климатските промени. Знаменитостите во Окленд, вклучително и Скај Тауер, Мостот Харбор и Парламентот во Велингтон, […]

Нов Зеланд од 12 април ќе ги отвори границите за вакцинираните Австралијци


Нов Зеланд– Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн рече дека земјата повторно ќе ги отвори границите многу порано од очекуваното, при што на вакцинираните Австралијци ќе им биде дозволено да патуваат таму од 12 април. „Патниците од некои други земји, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, можат да дојдат во Нов Зеланд од 1 мај“, […]

Силен земјотрес на Нов Зеланд, се тресеше главниот град


  Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер го погоди Нов Зеланд денеска, а засега нема извештаи за повредени или за материјална штета. Земјотресот се случил во близина на градот Бленхајм, на длабочина од 30 км, соопшти сеизмолошката служба. Силно ртресење на тлото се почувствувало и во главниот град Велингтон, изјави еден очевидец, за […]

Земјотрес од 5,6 степени го погоди Нов Зеланд


Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Нов Зеланд. Епицентарот на потресот бил во близина на градот Бленхајм на Јужниот Остров, на длабочина од 30 километри, соопшти сеизмолошката служба. Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета. 

Протести на Нов Зеланд против здравствените мерки


Конвој камиони и автоприколки денеска ги блокираа улиците околу Парламентот во Велингтон во знак на протест поради здравствените мерки воведени поради Ковид-19, по примерот на повеќедневната блокада во главниот град на Канада, Отава. Вакциниран сум, но сум против да се принудуваат луѓето, изјави еден од демонстрантите. На возилата може да се видат пораки како „Вратете […]

ЗОИ: Историско прво злато за Нов Зеланд


Нов Зеланд за прв пат во историјата на Зимските олимписки игри освои златен медал. Сноубордерката Зои Садовски на свопјата земја и донесе најсјајно одличје победувајќи со 92,88 поени. За 20-годишната Садовски ова е втор олимписки медал во кариерата. Таа во 2018 година во Пјонгчанг освои бронзен медал. Денешниот успех на Нов Зеланд го комплетира Тес […]

Бремената новинарка од Нов Зеланд може да си оди дома од Авганистан


Нов Зеланд– Бремената новинарка од Нов Зеланд која остана во Авганистан поради анти-ковид мерките и ограничувањата за влез воведени од нејзината земја, изјави дека властите на Нов Зеланд и понудиле начин да се врати дома. Официјалните лица прво инсистираа новинарката Шарлот Белис да мора повторно да аплицира за место во хотел за карантин, но се откажаа и […]