(Видео) Снег во Нов Зеланд


Моќен поларен бран го погоди Нов Зеланд, носејќи снег во низинските области, затворајќи многу патишта и училишта и сериозно нарушувајќи ги фериботските услуги. Според „Нов Зеланд Хералд“, снегот ги покри деловите од Јужниот Остров додека студениот временски систем се движеше низ целата земја. Полицијата ги повика жителите на јужниот град Данедин да избегнуваат секакви патувања […]

Нов Зеланд купува американски хеликоптери „Сихок“


Американскиот Стејт департмент одобрија продажба на поморски хеликоптери „Сихок“ на Нов Зеланд во вредност од 1,5 милијарди долари. – Предложената продажба ќе ја зголеми способноста на Нов Зеланд да одговори на сегашните и идните закани и да обезбеди поголема заштита на критичната инфраструктура, се наведува во соопштението на Стејт департментот. Нов Зеланд, сојузник на Австралија […]

Нов Зеланд има најдобра рамнотежа меѓу животот и работата, според Глобалниот индекс за 2025 година


Според Глобалниот индекс на рамнотежа меѓу животот и работата за 2025 година, Нов Зеланд и Велингтон се на врвот на листата, заземајќи го првото место меѓу 60 држави и нивните главни градови, трета година по ред, со вкупна оценка од 86,87 од 100. Глобалниот индекс на рамнотежа меѓу животот и работата се заснова на индикатори […]

Циклонот „Вајану“ предизвика големи штети на Северниот остров на Нов Зеланд


Циклонот „Вајану“ предизвика сериозни штети на Северниот остров на Нов Зеланд, оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија и принудувајќи стотици жители да се евакуираат, соопштија локалните власти. Бурата беше придружена со ветрови со брзина над 130 км/ч, поројни дождови и високи бранови уште пред да стигне до копното, според податоците на националната метеоролошка служба. Во […]

Застрелан таткото кој избега со деца во дивина, децата пронајдени


Двете деца на бегалец убиен од полицијата на Нов Зеланд во понеделник се пронајдени по речиси четири години бегство, соопштија властите. Том Филипс исчезна на Северниот Остров во декември 2021 година со своите три деца. Со семејството ретко се гледа оттогаш. Филипс беше убиен од полицијата во понеделникот откако полицајците реагираа на пријава за провала, […]

Нов Зеланд и Австралија разговараат со азиските држави и со ЕУ за заеднички одговор на царините на Трамп


По минатонеделната најава на претседателот на САД, Доналд Трамп за воведувањето на царини, Нов Зеланд и Австралија почнаа разговори со други држави, со цел заеднички да одговорат на американските царини и да ја поттикнат слободната трговија. Премиерот на Нов Зеланд, Кристофер Луксон изјави дека разговарал со премиерите на Сингапур, Виетнам и Малезија, како и со […]

Ослободени 10 од приведените 16 Срби за време на викендот во Косово


Десетмина од Србите приведени оваа сабота и недела на Косово се ослободени по сослушувањето доцна синоќа, објави весникот „Коха диторе“. Косовските власти уапсија вкупно 16 лица на 5. и 6 април под сомнение дека собирале информации за потенцијални цели на Косово.  Според косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља, за нив биле пронајдени докази за […]

Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, полицајка почина на должност


Возач на автомобил нападна полициска патрола во Нов Зеланд, со што е првпат во историјата на земјата била убиена полицајка при вршење на должност. 32-годишниот осомничен е уапсен, а во инцидентот две лица се повредени, пишува АП. Нападот ја потресе земјата во која ретко се случуваат убиства на полицајци на должност. Постариот наредник Лин Флеминг […]

Организација од Нов Зеланд дистрибуирала бонбони со смртоносна количина дрога


Добротворна организација која работи со бездомници во Окленд, Нов Зеланд, несвесно делела лижавчиња со потенцијално смртоносна доза на метамфетамин во своите пакети со храна, пишува Гардијан. Станува збор за донирани пакети со храна. Мисијата на градот Окленд им кажа на новинарите дека персоналот почнал да контактира со околу 400 луѓе за да пронајдат пакети што […]

Нов Зеланд го прогласи Хамас за терористичка организација


 Нов Зеланд денеска го прогласи палестинското исламистичко движење „Хамас“ за терористичка организација. Премиерот на Нов Зеланд Кристофер Луксон рече дека нападот на Хамас врз Израел минатиот октомври бил брутален и оти Нов Зеланд го осудува. Досега Нов Зеланд го сметаше само военото крило на Хамас за терористичка организација. Министерот за надворешни работи Винстон Петерс рече […]

Нов Зеланд се сврте в десно на изборите


  Премиерот на Нов Зеланд Крис Хипкинс призна дека неговата Лабуристичка партија ги загубила изборите во саботата, бидејќи гласачите ја казнија владата и ја одведоа земјата надесно девет месеци откако неговата претходничка Џасинда Ардерн ненадејно поднесе оставка. Зголемените трошоци за живот доминираа во кампањата и Новозеланѓаните му ставија крај на шестгодишното владеење на Лабуристичката партија, […]

Земјотрес од 6 степени во централниот дел на Јужниот остров на Нов Зеланд


Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Џералдин, во централниот дел на Јужниот остров на Нов Зеланд. Според првичните податоци, нема жртви или значителна материјална штета. Земјотресот, најсилниот во земјата оваа година, е регистриран утрово во 9:14 часот по локално време (21:14 часот по Гринич) на длабочина од […]

Нов Зеланд ги олеснува миграциските правила за да привлече нова квалификувана работна сила


Нов Зеланд денеска соопшти дека ќе ја зголеми годишната квота на прифат на нови висококвалификувани мигранти и ќе обезбеди побрз пат до обезбедување нивен постојан престој, бидејќи богатите земји се натпреваруваат да ги привлечат најдобрите таленти во светот. Неколку напредни економии го зголемија годишниот број на миграции или ги олеснија визните правила за да им […]

Маж во Нов Зеланд со секира нападна гости во ресторани, четири лица повредени


Четири лица се повредени, од кои едно потешко, кога маж со секира нападнал гости во три кинески ресторани во предградието на Окленд, Нов Зеланд. Осомничениот денеска кратко се појави во судот. Полицијата на лице место го приведе осомничениот, 24-годишен кинески државјанин и поднесе кривична пријава за ранување со намера да нанесе тешка телесна повреда. Полицијата […]

Новозеландското национално радио отвори истрага поради „несоодветно“ проруско редактирање на настани за војната во Украина


Националното радио на Нов Зеланд отвори истрага и испрати свој вработен на принуден одмор, откако се покажа дека серија вести на веб-страницата на медиумот за руската инвазија на Украина биле редактирани за да се презентираат „лажни информации за настаните“. Радио Нов Зеланд (RNZ), кое е финансирано од владата, но има уредувачка независност, до вчера коригирало […]

Нов голем земјотрес со магнитуда од 7,1 степен кај Нов Зеланд


Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на островите Кермадец, во близина на Нов Зеланд, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а USGS првично извести за јачина од 7,3 степени, но подоцна го коригира податокот на 7,1, пренесуваат британските медиуми. Американскиот центар за […]

Две торнада го погодија Нов Зеланд


Во две торнада, кои денеска повторно го погодија Северниот остров на Нов Зеланд, едно лице е повредено, а причинета е материјална штета. Едно од торнадата го погоди главниот град Велингтон, а најмалку четири куќи во овој град беа оштетени, бидејќи торнадото им ги однесе покривите. Според новозеландските медиуми, еден тинејџер е во болница, бидејќи зградата […]

Нов Зеланд почнува кампања за утеха на млади со скршено срце


Нов Зеланд почна кампања за да им помогне на младите во земјата да ги надминат болните раскинувања, охрабрувајќи ги оние со скршено срце да се помират со тоа и да ги блокираат своите поранешни партнери/партнерки на социјалните мрежи. Владината кампања „Love Better“ нуди совети и поддршка кога љубовта ќе заврши, а ќе биде прикажана во […]

Расте бројот на загинати во невремето на Нов Зеланд


Најмалку пет лица загинаа во циклонот Габриел на Нов Зеланд каде и денеска продолжуваат напорите за отстранување на штетите. Полицијата на Нов Зеланд соопшти дека ја истражува смртта на едно лице во Гизборн, за кое се верува дека загинало во поплава. Претходно беа потврдени уште четири смртни случаи, а се стравува дека неколку пријавени исчезнувања […]

Земјотрес на Нов Зеланд


Силен земјотрес денеска го потресе Нов Зеланд, но нема информации за материјални штети или жртви, јави ДПА. Земјотресот бил со јачина од 6,1 степен и бил во близина на главниот град Велингтон, соопшти државната сеизмолошка агенција на Нов Зеланд, Геонет. Земјотресот се случил во 19:30 часот по локално време на длабочина од 50 километри, што значи дека земјотресот бил […]