Груевски: Предметите на СЈО се дел од политичкиот прогон кон мене


Одбраната на обвинетите во предметот Т.НТ. на Специјалното јавно обвинителство за уривањето на комплексот „Космос“ на денешното продолжение на судењето во Кривичниот суд побара да им се даде дополнително време за воведни говори, бидејќи имало дополнителни докази од СЈО, кои обвинетите, како што велат, доцна ги добиле. Судијата го одобри барањето при што адвокатот на […]

Денеска судења за уривањето на „Космос“ и за изборните нерегуларности во Чаир


Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Т.Н.Т“ и „Титаник 3“. Во случајот „Т.Н.Т“ обвинети се седум лица за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски. Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески, […]

Експресно распрашани сведоците за скапиот „мерцедес“


Само еден час му беше потребен на специјалниот јавен обвинител Стефчо Донев да ги распраша тројцата сведоци во случајот „Тенк“, кој се однесува на луксузниот „мерцедес“набавен за потребите на поранешниот премиер Никола Груевски. Обвинителот, како што јавува правосудство.мк,  немаше многу прашања за двајцата вработени во Министерството за внатрешни работи и за претставникот на „Мак Авто-Стар“, […]

Експремиерски аперкат во спикерскиот агол


Александра М. Митевска Поранешниот премиер Никола Груевски не успеа вчера да го „нокаутира“ Законот за употреба на јазиците, иако навлезе сосема во спикерскиот агол, обидувајќи се во собранискиот ринг да ги покаже сите боксерски вештини кои, впрочем, ги докажуваше (метафорично) и додека владееше во земјава подолго од една деценија. Груевски, веројатно, планира во истиот боксерски […]

Судски рочишта за „Тенк“ и за „Тарифа“


Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“ и „Тарифа“. Во предметот „Тенк” обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Според обвинението, во периодот од […]

(ВИДЕО) Груевски физички го нападна Џафери


Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски  го нападна пред малку претседателот на парламентот Талат Џафери, додека тој се обидуваше да излезе од собраниската сала, откако околу неговата маса се собраа опозициските пратеници пред почетокот на расправата за Законот за јазици. Груевски ги предводеше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се собраа околу  говорницата. Тој истури чаша со […]

(Видео) На пауза од судница, Груевски на седница


Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се појви денеска, по подолго време, во парламентот, за да присуствува на расправата за Законот за употреба на јазиците. Груевски, кој сега е само пратеник, во последно време најчесто е присутен во јавноста кога треба да се јави на судско рочиште за некој од предметите што  ги […]

Груевски: Мицкоски не ме консултира, самостојно ја води партијата


Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вели дека ретко се среќава со неговиот наследник Христијан Мицкоски, кој, како што тврди, самостојно ја води партијата. – Не би ја оценувал работата. Тоа е ново раководство кое има свои приоритети и треба да се остави време да се покажат со своето работење и капацитети. Верувам дека работите […]

Денеска ќе се суди за случаите „Тендери“ и „Насилство во Центар“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство, „Тендери“ и „Насилство во Општина Центар“. Поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ за злоупотреби со тендерот за изведување на градежните работи во Музејот на ВМРО, како дел од проектот „Скопје 2014“. Судијата Осман Шабани […]

Цела седмица Груевски во судница


На поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, од утре до петок, ќе му се суди во континутет за неколку кривични предмети по кои постапува Специјалното јавно обвинителство, јавува правосудство.мк Тој утре треба да се најде на обвинителна клупа за случајот  „Тенк“, односно за набавката на службениот „мерцедес“ вреден 600.000 евра. На судењето, кое […]

Уште еден обвините во случајот во „Насилство во Центар“ седнува на обвинителна клупа


Судското рочиште за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во Општина Центар“, кој претходно беше раздвоен од постапката, денеска треба да се одржи во Кривичниот суд. Минатото рочиште беше одложено, бидејќи се уште не било готово вештачењето што го побарал Судот. Крстев се уште нема адвокат, а на последното рочиште се изјасни за невин. Во […]

Бакојани: Груевски е радикален националист, Заев е прозорец на можност


Се плашам дека е само уште една можност во синџирот можности што ги изгуби грчката надворешна политика, вели поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани во однос на изгледите за решавање на прашањето за името, а паралелно упати остри критики до владата на Ципрас за тоа како управува со преговорите. На панел дискусија на Економскиот […]

Ташковиќ бил избран на оглас, исполнувал критериуми


На 28 ноември минатата година Владата именуваше нови меѓународни членови на Комитетот при Фондот за иновации и технолошки развој и тоа: Кларис Бехар Молад – претседател, Дон Левис, Никос Георгоулас, Глигор Ташковиќ и Авинаш Сахи. Изборот на петте меѓународни експерти, членови на Комитетот е направен врз основа на оглас од страна на Владата на Република Макеоднија на сајтот на „The Economist“ […]

Продолжува судењето за предметот „Траекторија“


Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за случајот на СЈО „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Четворицата се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во […]

Груевски му останал должен на Шилегов четири милиони евра


Поранешната влада му останала должна околу четири милиони евра на Град Скопје. Неисплатените пари се отштета кон Градот за неговиот основачки удел во спортскиот комплекс „Борис Трајковски“, кој од градска сопственост премина под државна капа. Иако во неколку наврати Владата и Градот потпишале спогодба за сервисирање на долгот, и после неколку години на сметката на […]

Груевски до Ристовска: Кадија те тужи, кадија те суди


Кадија те тужи, кадија те суди, рече на денешното судење поранешниот премиер Никола Груевски, во реплика до обвинителката Ленче Ристовска, која претходно изјави „дека некому можеш сосила да му земеш, а не да му дадеш“, објаснувајќи дека обвинетите не нашле време да ги видат и добијат записниците од претходните рочишта. Груевски алудираше на „една неприродна […]

Ристовска до Груевски: Со сила на човек можеш само да му земеш, а не можеш ништо да дадеш


Судијката Добрила Кацарска, веднаш по започнувањето на денешното рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, даде половина час пауза по барање на одбраната на обвинетите за да ги разгледаат записниците од претходното рочиште. Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, […]

Ново рочиште за набавката на луксузниот „мерцедес“


Во Кричниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на […]

Груевски и Јанакиески во судот треба да слушаат како договарале да се руши „Космос“


Судското рочиште за случајот „Т.Н.Т“ за уривањето на комплексот „Космос“ денеска нема да се одржи, бидејќи обвинетите ќе вршат увид во доказите на Специјалното јавно обвинителството. Станува збор за 26 аудиоснимки од телефонски разговори, 50 СМС-пораки и едно вештачење. Од Кривичниот суд велат дека за датумот кога ќе продолжи судењето дополнително ќе информираат. Во случајот […]

Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски на судење за „Траекторија“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот […]