Нетанјаху повика на прекин на мисијата на УНРВА


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на прекин на мандатот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), по наводите дека мал број вработени во агенцијата биле вклучени во терористичките напади на Хамас во Израел на 7 октомври. – Мислам дека е време меѓународната заедница и самите ОН да сфатат дека мисијата […]

Нетанјаху ги отфрли условите на Хамас за ослободување на заложниците


 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во денешното видео обраќање рече дека „категорично“ ги отфрла условите на палестинскиот Хамас за ослободување на заложниците, откако тие објавија извештај за нападот на 7 октомври. „Категорично ги отфрлам условите на Хамас“ кои бараат „крај на војната, повлекување на нашите сили од Газа“ и „ослободување на сите убијци и силувачи“, рече […]

Вашингтон пост: САД се загрижени дека Нетанјаху може да почне војна и во Либан


Официјални лица во администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се загрижени дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би можел да започне војна против либанскиот Хезболах со цел да ја зацврсти својата позиција во земјата и да ја спаси својата политичка кариера, објави Вашингтон пост. Популарноста на Нетанјаху опадна од почетокот на војната со палестинскиот Хамас, бидејќи […]

Нетанјаху го критикуваше рускиот став за Газа во разговорот со Путин


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го критикуваше ставот на Русија за војната во Газа во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин. Канцеларијата на Нетанјаху денеска објави дека израелскиот лидер го изразил своето незадоволство од ставовите на руските претставници во Обединетите нации и на други меѓународни форуми. Нетанјаху, исто така, „искажа остри критики за опасната соработка меѓу […]

Нетанјаху ја напушти седницата на Владата на Израел за да разговара со Путин


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предвреме ја напушти денешната седница на Владата на Израел и разговараше педесет минути со рускиот претседател Владимир Путни, изјави неговиот портпарол за израелските медиуми. Телефонскиот разговор доаѓа во време на затегнати односи со Русија поради нејзиниот цврст анти-израелски став во војната против палестинскиот Хамас и додека рускиот амбасадор во ОН го […]

Нетанјаху: Во моментов нема можност преостанатите заложници да се вратат дома


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „во моментов не постои можност“ заложниците кои се уште ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа „да се вратат дома“. Тој се сретна со семејствата на заложниците кои претходно ги ослободи Хамас, а неколку членови на семејството кои присуствуваа на средбата жестоко ја критикуваа израелската Влада. Една жена […]

Ердоган: На Нетанјаху ќе му се суди како на воен злосторник за офанзивата во Газа


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на крајот ќе му се суди како воен злосторник за израелската офанзива во Појасот Газа. Британските медиуми пренесуваат дека турскиот претседател во говор на состанокот на комитетот на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) во Истанбул, кажа дека Газа е палестинска земја и […]

Нетанјаху ги критикуваше палестинските власти за извртување на вистината


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги критикуваше палестинските власти за, како што наведе, обвинувањата дека Израел ги „масакрирал сопствените цивили на 7 октомври“, оценувајќи ги таквите тврдења како неприфатливи. Нетанјаху, во видео изјава објавена на хебрејски и англиски јазик, наведува дека палестинските власти во Рамала вчера изнеле, како што рече, крајно бесмислено тврдење, обвинувајќи го Израел […]

Речиси никој не верува дека Нетанјаху зборува вистина


Помалку од четири отсто од еврејската израелска јавност верува дека премиерот Бенјамин Нетанјаху е сигурен извор на информации за тековниот конфликт  меѓу Израел и терористичката група Хамас. Бројката е зголемена на 6,63 отсто кај десничарските гласачи.  Спротивно на тоа, 73,7 отсто веруваат дека портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари е најсигурниот извор на информации за конфликтот. […]

Бајден побара од Нетанјаху привремен прекин на операциите во Газа


Американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху привремена пауза во воените операции на Израел во Појасот Газа, соопшти Белата куќа. Портпаролот на Белата куќа кажа дека американскиот претседател и израелскиот премиер во понеделникот разговарале за „тактички паузи“ во израелската офанзива врз Газа поради хуманитарни причини и можното ослободување на заложниците. Би-Би-Си наведува […]

Нетанјаху: Израелските сили ги уништија штабовите, тунелите и базите на Хамас


 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа прес-конференција во Тел Авив. „Го опколивме градот Газа. ИД дејствува внатре во градот, убивме многу терористи. Хамас сега сфати дека стигнавме до места до кои не мислеа дека ќе стигнеме. Израелските сили го уништија седиштето на Хамас, тунелите и базите ,” тој рече. Потоа се осврна на размената на оган […]

Нетанјаху: Израел ќе има целосна безбедносна одговорност за Газа


 Израел ќе има „целосна безбедносна одговорност“ за Појасот Газа на „неопределен период“ откако ќе завршат борбите, рече премиерот на земјата, Бенјамин Нетанјаху, пренесе Би-Би-Си. Тој ги даде коментарите во интервју за американскиот канал Еј-би-си њуз, во кое тој, ги отфрли повиците за прекин на огнот без ослободување на заложниците земени од Хамас во нивните напади […]

Ердоган: Турција го „пречкрта“ Нетанјаху


  Турција го „пречкрта“ израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и ќе направи сѐ за да го изведе израелското кршење на човековите права и воените злосторства пред Меѓународниот кривичен суд (МКС), изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, пренесе агенцијата Анадолија. Израелскиотт премиер „повеќе не е некој со кој можеме да разговараме, ние го пречкртавме “, им рече Ердоган […]

Бајден до Нетанјаху: Израел мора веднаш и значително да ја зголеми помошта за Газа


Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на нивниот телефонски разговор претходно денеска дека протокот на хуманитарна помош во Газа треба „веднаш и значително да се зголеми“, соопшти Белата куќа, пренесуваат израелските медиуми. Израел за време на викендот повторно го отвори вториот од трите водоводни цевководи кои обезбедуваат вода […]

Нетанјаху изјави дека не бил предупреден за нападот на Хамас, а потоа се извини


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на социјалните мрежи ги критикуваше шефовите на разузнавањето во земјата, велејќи дека тие не го предупредиле дека Хамас планира напад на 7 октомври, но подоцна ги повлече своите коментари и се извини. Неговите критики, објавени на „X“ околу 1 часот по полноќ по локално време, предизвикаа политички скандал и раздор […]

„Сите милитанти на Хамас се осудени на пропаст“, вели Нетанјаху


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето до нацијата изјави дека земјата „се подготвува“ за копнена операција во Газа, а војниците веќе „елиминирале илјадници терористи“. „Сите милитанти на Хамас се осудени на пропаст“, вели тој, додавајќи дека „деноноќно“ се работи на нивно сузбивање. Тие се мртви луѓе кои одат, вели шефот на израелската Влада. – Се […]

„Гардијан“ отпушти карикатурист по 40 години работа поради карикатура на Нетанјаху


Британскиот весник „Гардијан“ го отпушти својот карикатурист Стив Бел по повеќе од 40 години работа поради „антисемитска карикатура“ на Бенјамин Нетанјаху. Бел изјавил дека весникот „Гардијан“ го отпуштил поради карикатура за која е оценета дека е антисемитска, пренесува Н1. „Ми беше кажано дека повеќе не се подготвени да ја објавуваат мојата работа по карикатурата на […]

Нетанјаху ја одржа првата седница на проширената вонредна влада: Израел ќе го урне Хамас


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска за првпат ја свика седницата на проширената вонредна влада, изјавувајќи дека таа го демонстрира националното единство и испраќа порака дома и во странство додека земјата се подготвува да го „урне Хамас“ во Газа. Состанокот, одржан во воениот штаб во Тел Авив, почна со едноминутно молчење во спомен на 1.300 Израелци […]

Шокирaчкиот терористички напад на Хамас: Почеток на крајот за Нетанјаху?


  Владата на Бенјамин Нетанјаху го подели Израел со неговите контроверзни судски реформи, но тој сега претседава со земја која е обединета во своето барање за дефинитивна одмазда против Хамас.  Оваа ненадејна промена во политиката произлегува директно од колективната траума предизвикана на израелското општество од крвавиот и невиден ненадеен напад на Хамас во саботата, во […]

Трамп: Нетанјаху не бил подготвен за нападот на Хамас врз Израел


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека не бил подготвен за напад на палестинската милитантна група Хамас. -Не беше подготвен. Израел не беше подготвен. А под Трамп не би морале ниту да бидат подготвени, изјави Трамп за Фокс њуз, пренесуваат британските медиуми. Обраќајќи им се на приврзаниците на […]