(Видео) Прилеп зафатен од невреме, три возила заглавени на излезот


Попладнево околу 15 часот, Прилеп беше зафатен од пороен дожд, при што на излезот од овој град кон Битола, по патот имало метар вода. Таму заглавиле три возила, а противпожаранат служба интервенирале за да ги извлечат. Како што вели командирот на противпожарната, во едното возило имало двајца патници, во едното еден, а третиот бил камион […]

Прогласена природна непогода од град и поплави во Делчево


 Советот на Општина Делчево на денешната вонредна седница прогласи природна непогода од поплави и град. На седницата беше донесена одлука за формирање Комисија за проценка на штетите, како и заклучок за објавување јавен повик преку кој ќе се информираат граѓаните за постапката за пријавување штети.  При процена и утврдување на висината на штетата, како што […]

Водата во Делчево може да се пие, дефектот е саниран


Дефектите на водоснабидителниот систем во Делчево што настанаа по синоќешното невреме се санирани. Градоначалникот Горан Трајковски кажа дека граѓаните можат да ја користат водата за пиење. Во невремето поплавени беа десетици објекти, граѓаните пријавуваа поплавени подруми, унишени беа улици. И денес се работи на санирање на штетите. Во моментов советниците имаат вонредна седница во општината […]

(Видео) Невреме во Белград: Oд силните громови испукале стаклата на автомобилите


Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во сите делови од градот. На Баново брдо големо количество дожд ги поплави улиците, а најкритично беше во Пожешка и на падината Чукарица каде имаше вистинска поплава. „Гром удри во куќа на […]

Продолжува санирањето на последиците од невремето во Делчево


Во Делчево синоќа и утрово продолжи испумпувањето вода од подрумите на луѓето, како резултат на поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати градот.  Доцна синоќа помош на луѓето им пружаа пожарникари од Кавадарци, Кочани, Берово и М.Каменица кои се одзваа на повикот на градоначалникот на Делчево и колегите од ТППЕ Делчево и помогнаа во […]

Доаѓа невреме – Не престојувајте на отворено и под осамени дрвја


Од Центарот за управување со кризи информираат дека попладнево се очекува локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. – Денес и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со интензивен пороен дожд, […]

Невремето предизвика поплавување и штети во гостиварско


Невремето со пороен дожд и град во Гостивар предизвика краткотрајни проблеми во сообраќајот на одредени локации и поплавување на семејни домови. Најмногу пријави за штети стигнаа од јужниот дел на општината, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште. До поплавувањата дошло од надојдената вода во еден канал за наводнување.     Според информациите од Центарот […]

Ново влошување на времето во Италија поради нов циклон кој доаѓа од Тунис


Во италијанскиот регион Емилија Ромања и денеска во сила е црвено предупредување поради нов циклон кој доаѓа од Тунис, кој влијае на времето во земјата, јавија италијанските медиуми. Се верува дека новите дождови би можеле повторно да го подигнат нивото на реките во сериозно поплавеното подрачје. Но, врнежи се предвидуваат и на островот Сицилија, на […]

Силно невреме во Кичево и регионот


Во предвечерните часови Кичево го зафати силно невреме проследено со пороен дожд, град и интензивни електрични празнења. За час улиците се претворија во вистински реки што оневозможи сообраќајот да се движи непречено. Поради обилните врнежи се излеаја повеќе шахти. Вистинската штета од ова невреме допрва ќе се утврдува ако се има предвид количеството на град […]

Невремето продолжува да ја уништува Калифорнија (видео)


Уште еден налет на зимско време од Пацификот денеска ја погоди Калифорнија, која веќе е „уморна“ од невремето. Метеоролозите предупредуваат на удари на ветрови кои ќе достигнат ураганска сила, придружени со силен дожд и обилен планински снег. Dairy farmers in Tulare County move herds to higher ground to escape flooding. STORY: https://t.co/l0XMRyeKVC pic.twitter.com/DKTlngXadz — FOX26 […]

Скопски Аеродром зафатен од силно невреме попладнево, Лисиче без струја


Попладнево силно невреме проследено со ветер го зафати Скопје, кое особено изразено беше во скопски Аеродром. Покрај грмежите и силното навевање на дождот, повремено паѓаше и град кој ги натера граѓаните на општина Аеродром кои се најдоа на отворено да се скријат под зградите и да чекаат невремето да помине. Во населбата Лисиче, по невремето, […]

Евакуирани згради, затворени мостови… Бурата Ото ја погоди Скандинавија


Поради бурата Ото која ја погоди Скандинавија, во Данска се евакуирани бројни станбени згради, затворен е мостот Оресунд кој ги поврзува Копенхаген и Малме во Шведска, а норвешките фериботи се откажани. Ветровите достигнаа брзина и до 145 километри на час во југозападна Норвешка, а метеоролозите во Данска прогласија портокалова временска тревога за јужниот дел на […]

Расте бројот на загинати во невремето на Нов Зеланд


Најмалку пет лица загинаа во циклонот Габриел на Нов Зеланд каде и денеска продолжуваат напорите за отстранување на штетите. Полицијата на Нов Зеланд соопшти дека ја истражува смртта на едно лице во Гизборн, за кое се верува дека загинало во поплава. Претходно беа потврдени уште четири смртни случаи, а се стравува дека неколку пријавени исчезнувања […]

Невреме во Кавадаречко: Силниот ветер откорна бандери и дрвја


Силен ветер денеска го зафати Кавадаречко, кој откорна бандери и повеќе дрвја, информираа вечерва од кавадаречката локална самоуправа.  – Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кавадарци, службите од „Мој општинар“ и Јавното претпријатие „Комуналец“. Нивни екипи интервенираа на местата каде што беше потребно. Всушност, имаше проблеми со паднати бандери од кои поголемиот дел се сопственост на […]

Силно невреме во Европа: Во Србија отсечен Копаоник, во Хрватска ветриштата уриваа дрвја и покриви


Снежно невреме и силни ветришта зафатија повеќе земји во Европа во саботата предизвикувајќи големи материјални штети, а во Полска беа регистрирани и две жртви. Како што пренесуваат агенциите, во Чешка, Словачка, Полска, сообраќајот беше парализиран, откако падна големо количество снег, што предизвика и бројни други компликации. Слично беше и во регионот, односно во Хрватска и […]

Невреме во Прилеп, град со големина на орев, дворовите побелеа


Силно невреме денеска зафати делови од Прилеп, проследено со ветар, пороен дожд и град. Како што јавуваат локалните жители, во делови од регионот, градот беше со големина орев. За сега нема информации за предизвикани материјални штети, но фотографиите што се споделуваат покажуваат побелени дворови од паднатиот град. Невреме имаше и во Битола. И во Скопје […]

Предупредување до жителите на западна Грција поради невремето „Богдан“


Невремето „Богдан“ од Италија, денеска се очекува да го зафати западниот дел на Грција, а до жителите на три области беше испратена порака од бројот 112 за итни случаи, да избегнуваат непотребни движења, јави дописничката на МИА од Атина. Доцна синоќа, порака добија сите оние кои се на островите во Јонско Море, со исклучок на […]

На 11 се зголеми бројот на жртви во вчерашното невреме во Италија


Бројот на загинати во невремето што вчера вечер го зафати централниот италијански регион Марке се искачи на 11, а две лица се сметаат за исчезнати, соопштија денеска властите. „Продолжуваме со потрагата за да се обидеме да ги пронајдеме двете исчезнати лица“, се вели во соопштението на провинцијата Анкона. Според локалните медиуми, се работи за осумгодишно […]

Скопјани пријавија 349 осигурани штети од силното невреме, имотот на „Ист Гејт Мол“ осигуран со франшиза од 100.000 евра


  Осигуреници од скопскиот регион пријавија вкупно 349 штети врз имот во сите осигурителни компании по силното невреме што го зафати Скопје на 30 август годинава. Од сите пријавени штети поголем број, односно 215, се врз имот осигуран од физички лица. Компании и други правни лица со седиште во Скопје пријавиле 134 штети врз имотот […]

Координативен состанок на скопските градоначалници: Се интервенира на сите локации, екипите остануваат мобилизирани


Се интервенира на сите локации, екипите остануваат мобилизирани на терен, се чисти со сите расположливи ресурси, беше констатирано денес на Координативниот состанок на скопските градоначалници и Штабот за спасување и заштита на Градот Скопје. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска одржа координативен состанок со градоначалниците на сите скопски општини и директорите на градските јавни […]