ЦУК: 180 пријави за поплавени простории од вчерашното невреме


По обилните врнежи од дожд и силниот ветар кои вчера попладне го зафатија Скопје на телефонскиот број 195 и преку бројот за итни повици 112 беа примени околу 180 пријави. Од нив, за поплавени простории од објекти – 80, за паднати дрва – 40, за оштетени возила и поплавени улици и подвозници – по 20, […]

Пријавете штети од невремето во Аеродром


Службите на општината во координација со ЈП ,,Паркови и зеленило” и утрово се целосно ангажирани за отстранување на штетите предизвикани од силното невреме кое го зафати Аеродром. На терен се ангажирани сите расположливи човечки ресурси и целата механизација со која располага општината и наскоро ќе бидат отстранети сите дрвја, гранки и објекти кои го попречуваат […]

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ го расчистуваат градот од паднати дрвја и гранки


  Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ по попладневното невреме кое го зафати Скопје веднаш излегоа на терен заради расчистување на паднати гранки и дрвја и овозможување на нормално функционирање на градот. Досега се пријавени  над 40 локации на кои е побарана наша интервенција но од час во час стигнуваат и нови пријави. Се случува на една локација да  има паднати  повеќе дрвја и гранки така што бројот на потребни интервенции е многу поголем. […]

Силно невреме со град во Скопје, има и штети (фото, видео)


Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево го зафати Скопје. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Граѓани јавуваат за поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови, како и за одлетани покриви, за паднат билборд кај Три бисери, паднато дрво во Топаанско поле…  УХМР најави […]

Невремето во Тетово поплави куќи, подруми, гаражи и ја излеа канализацијата


Тетово и околината вечерва околу 20 часот беа зафатени обилните врнежи дожд, што предизвика поплавување на куќи, подруми и гаражи , како и излевање на канализацијата од неколку шахти. ЦУК информира дека на загрозените места интервенира Територијалната противпожарна единица Тетово. Патот кон село Фалише кај подвозникот е полн со вода, а и останатите подвозници се […]

Невреме во Виница, одрони на патот кон Берово


  Територијата на Општина Виница попладнево беше погодена со обилни  врнежи од дожд и притоа регистрирани се одрони на патот Берово – Виница, заради што надлежните апелираа на внимателно возење долж овој патен правец. Претходно Центарот за управување со кризи соопшти дека како поплавени во Виница се пријавени 30 до 40 објекти. На терен интервенираат […]

Големо невреме во Европа, се зголемува бројот на загинати, погодени и земји во регионот


  Најмалку тринаесет лица загинаа во силните бури што денеска погодија делови од Европа. Две деца на возраст од четири и осум години загинаа во јужна Австрија кога дрвја паднаа во близина на езеро во Корушка. Десетина луѓе се повредени, од кои некои потешко. Три лица загинаа кога дрво падна уште на север, во Долна […]

Силно невреме вечерва го зафати Кавадарци, поплавени подруми, вода навлезе и во општинската зграда


Силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења вечерва го зафати Кавадарци, јави Општината на нејзиниот фејсбук профил. Според првичните информации, до повикувачкиот центар во општината, се пристигнати дваесетина пријави за поплавени подрумски простории. Екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец и „Мој општинар“ се на терен. За половина час наврнале 40 […]

(Видео) Кратко, но силно невреме во Охрид – откорнати покриви


Краткотрајното, но интензивно невреме што попладнево го зафати Охрид, предизвика материјални штети. Силниот ветер откорна покрив од станбена зграда на улица „Мирче Ацев“ чии делови оштетиле повеќе куќи и автомобили во соседството. За среќа нема повредени, пишува Охридњус. Локалните жители раскажуваат дека оштетувањата на објектите се сериозни.   Невремето за кратко ги претвори охридските улици […]

До крајот на неделава нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и ветер


Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде утре. Во петок […]

УХМР предупредува на излевања на помалите реки


Поради очекуваната можност на повеќе места да има краткотрајни и интензивни врнежи од дожд, можни се појави на локални излевања на помалите реки и суводолици. Исто така, доколку интензивните врнежи бидат во градските урбани срредини, можна е појава на течење и акумулирање на вода низ градските улици поради неможност за одведување на водата преку атмосферската […]

Невреме во Ѓорче Петров, надлежните цела ноќ на терен


По невремето кое ја зафати Општина Ѓорче Петров вчервавечер веднаш на терен излегоа екипите на Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров во координација со Пожарна Скопје и екипите на ЈП Водовод и канализација Скопје и делуваа на критичните места, информираше градоначалникот на општината Александар Стојкоски.  Веднаш беа превземени мерки за санација на сливниците за атмосферска […]

На местото на паднатото дрво на плоштад „Македонија“ ќе се засади исто такво дрво


Од невремето кое зафати делови од Скопје, деновиве, на повеќе места имаше паднати дрјва, а падна и едно од дрвјата засадени во близина на спомен-плочата за Мајка Тереза. Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски на денешната прес-конференција истакна дека на местото на паднатото дрво на плоштад „Македонија“ ќе се засади исто дрво од […]

Невреме во Србија – оштетени патишта и мостови кај Чачак и Пожега


Поради обилните врнежи од минатата ноќ во Србија причинета е штета на инфраструктурата во реонот на општините Горњи Милановац, Чачак и Пожега, јави дописникот на МИА од Белград. Реката Каменица го оштети мостот во Богданица, го однесе патот на неколку домаќинства во Мршељи, кои во моментов се отсечени. Жителите од краишта околу Чачак велат дека се поплавени и куќите, […]

До сабота нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи


 До сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, информира УХМР. Во петок се очекуваат пообилни количини воден талог. […]

Силно невреме во Словенија предизвика поплави и пожари


Студениот фронт со силен дожд и ветер, кој во текот на ноќта ги зафати речиси сите делови на Словенија, уништи дрвја и покриви, а пожарникарите мораа да испумпуваат вода од поплавените згради и да изгаснат пожар предизвикан од молња. Словенечката управа за цивилна заштита и помош при катастрофи соопшти дека невремето е низ целата земја, […]

Невреме проследено со град во Делчевско


Невреме проследено со град, денеска попладне го зафати делчевскиот регион. Во селото Очипала граѓани информираат дека градот бил со големина на лешник, додека градоносни врнежи се регистрирани и во неколку останати села. – Во село Очипала врнежите од град беа нешто поголеми од форма на крупен лешник. Од штети првично може да констатираме дека е […]

Скопската Котлина ќе биде зафатена од невреме


Во текот на оваа работна седмица ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура до петок ќе биде […]

Поплавени улици и подруми во Струмица, штети на посеви, урнати дрвја…


Од невремето кое го зафати Струмичко во попадневните часови поплавени се повеќе улици во долниот дел на градот околу улицата „Младинска“, како и повеќе подруми, а силниот ветар урна и неколку дрвја. Од села под планината Беласица има информации дека од градот настрадале посеви на отворено, а најмногу штети имало врз бостанот. Спопред информациите од […]

Невреме во Македонија, поплавени улици, делови во Скопје без струја


Силен дожд проследен со ветар и грмотевици, а некаде и со град денеска зафати делови од земјава, поплавувајќи улици, а во Скопје делови од градот останаа без струја повеќе од еден час. Како што соопштија од Центарот за управување со кризи на нивната Фејсбук страница, превентивената препорака, односно апелот до граѓаните за внимателност заради силно […]