Испораките на нафта од Саудиска Арабија и Ирак за Европа доцнат поради тензиите во Црвеното Море


Испораките на нафта од Саудиска Арабија и Ирак до Европа, во вкупна вредност од речиси девет милиони барели, се соочуваат со одложувања бидејќи танкерите се принудени да ја пренасочат рутата поради ескалацијата на тензиите во Црвеното Море, објави Блумберг, цитирајќи податоци за следење на бродови, пренесува СЕЕбиз. Според извештајот, седум бродови, кои претходно овој месец […]

Цените на нафтата растат на почетокот на 2024 година


Цените на нафтата благо пораснаа на азиското тргување денеска. Цените беа најмногу погодени од тензиите во Црвеното Море, пренесува германската новинска агенција Дпа. Барел нафта од 159 литри за испорака во февруари беше 72,91 долар до попладне време по Сингапур, што е за 1,26 долари повеќе од петокот. Северноморската нафта „брент“ за испорака во март […]

Русија повторно е најголемиот снабдувач на нафта за Кина и Индија


  Русија повторно стана најголемиот снабдувач на нафта за Кина и Индија, се вели во извештајот објавен денеска од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Русија обезбеди речиси 17 отсто од вкупниот кинески увоз на нафта, Саудиска Арабија 14 отсто, а Малезија околу 12 отсто, пренесува ТАСС. Увозот на нафта во Кина е зголемен […]

Нафтата е главен извозен производ во САД за прв пат од 2009 година.


Од јануари до септември оваа година, САД продадоа сурова нафта во вредност од 86 милијарди долари на светските пазари. Според податоците на Националната канцеларија за статистика, нафтата стана најголемиот американски извозен производ за прв пат од 2009 година. На второ место се нафтените деривати кои оствариле приход од 83 милијарди долари. На трето место се […]

Цените на нафтата паднаа на 79 долари


 Цените на нафтата паднаа на 79 долари на меѓународните пазари во средата, откако главните производители го одложија состанокот за производната политика, поттикнувајќи ги стравувањата дека слабата побарувачка ќе ги принуди дополнително да ја намалат понудата. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 3,39 долари отколку на затворањето на тргувањето вчера и […]

Путин собра дополнителни 1 милијарда евра преку дупката во санкциите во Бугарија


Русија годинава заработи околу една милијарда евра само на сметка на најголемата руска приватна нафтена компанија „Лукоил“, искористувајќи ги дупките во правилата на санкциите на ЕУ, со помош на една од членките на Унијата – Бугарија. Искористувајќи го единственото ослободување од забраната на ЕУ за увоз на руска нафта, Бугарија дозволи милиони барели од Русија […]

Американскиот нафтен гигант одби да се сврти кон обновливите извори, го купи конкурентот, а одлуката се исплатеше


Американскиот нафтен гигант Exxon Mobil денеска објави дека ќе го купи домашниот конкурент Pioneer Natural Resources, што треба да му даде водечка позиција во производството на нафтени шкрилци во САД. „Ексон“ понуди 253 долари по акција за „Пионер“, што е за 6,57 отсто повеќе од нејзината цена на затворање во вторникот, пресмета Ројтерс. Тоа би […]

САД се најголем снабдувач на Франција со гас и нафта


 САД се најголем снабдувач на гас во Франција во 2022 година, пред Норвешка и Русија, покажуваат денеска објавените официјални француски податоци. Пред војната во Украина, Франција повеќе од 15 проценти од потребите за природен гас ги увезуваше од Русија. Со оглед на големото  зголемување на цените и тензиите поврзани со снабдувањето со енергија предизвикани од […]

Екстремен страв повторно ги прогонува пазарите. Еве зошто инвеститорите се исплашени


Инвеститорите се навистина нервозни во моментов. Индексот на страв и алчност на Си-Ен-Ен, кој следи седум индикатори за расположението на пазарот во Соединетите држави, се претвори во „екстремен страв“ во четвртокот за прв пат од март, кога банкарската криза сееше паника меѓу инвеститорите. Денес тоа е болна мешавина на раст на цените на нафтата, очекувања за […]

Цената на нафтата Брент е највисока во последната година


Цената на нафтата Брент денеска достигна цена од 97,56 долари за барел, што е највисока во последната година. Како што објави Си-Ен-Би-Си, главната причина за овој раст е загриженоста за падот на залихите на нафта во САД. Залихите на сурова нафта во Кушинг, Оклахома паднаа на 22 милиони барели во четвртата недела од септември, блиску […]

Цените на нафтата скокнаа по забраната за извоз на руско гориво


  Цените на нафтата се искачија над 94 долари на меѓународните пазари, откако Русија привремено го забрани извозот на гориво, што ќе ја зголеми побарувачката од рафинериите во период на тесна понуда. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше повисока за 1,02 долари од вчерашното затворање и изнесуваше 94,55 долари. На американскиот пазар […]

Цените на нафтата речиси 94 долари


  Цените на нафтата се стабилизираа близу 94 долари во петокот, балансирајќи помеѓу проценките за помала понуда до крајот на годината и неизвесноста создадена од лошата кинеска економија и монетарната политика во САД и во еврозоната. На лондонскиот пазар цената на барел нафта попладне беше речиси непроменета во однос на вчерашното затворање на трговијата и […]

Германија увезува многу нафта од Индија – таа, всушност, е руска


И покрај ограничувањата на увозот, Германија очигледно сè уште увезува големи количества нафта од Русија преку Индија, објави денеска германската Федерална статистичка служба. „Увозот на нафтени деривати од Индија се зголеми во првите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, за повеќе од дванаесет пати“, објави Федералното биро за статистика. Според Обединетите нации, […]

Саудиска Арабија ќе продолжи да го намалува производството на нафта за да ја поддржи цената


Саудиска Арабија ќе продолжи да го намалува производството на нафта за 1 милион барели дневно од октомври до декември 2023 година, одржувајќи ја својата стратегија за поддршка на цената на нафтата, соопшти денеска нејзиното Министерство за енергетика. Саудиска Арабија, која е првиот светски извозник на нафта, го најави тоа намалување во јуни, по состанокот на […]

Цените на нафтата повторно пораснаа


Цената на барел нафта на лондонскиот пазар се зголеми за 67 центи во однос на претходното затворање, на 84,12 долари, а на американскиот пазар барелот се тргуваше по повисока цена од 63 центи, за 80,01 долар. Цените паднаа минатиот трговски ден поради загриженоста дека побарувачката за гориво дополнително ќе биде притисната од продлабочувањето на кризата […]

Саудиска Арабија продолжи со намалено производство на нафта за еден милион барели дневно


  Саудиска Арабија во четвртокот објави дека го продолжува доброволното намалување на производството на нафта од 1 милион барели дневно за уште еден месец, продолжувајќи ја својата кампања за зголемување на цените. „Саудиска Арабија ќе го продолжи доброволното намалување од 1 милион барели дневно… за уште еден месец, вклучувајќи го и септември“, соопшти Министерството за […]

Цените на нафтата пораснаа четврта последователна недела


  На светските берзи цените на нафтата пораснаа минатата недела, четврти пат по ред, поради зголемената загриженост за недоволното снабдување во наредните месеци и зголемените тензии меѓу Русија и Украина, што може дополнително да ја ограничи понудата. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 1,2 отсто, на 81,07 долари, додека на […]

Ирак го прави првиот чекор да стане најголем производител на нафта во светот


  Ирачкиот парламентарен комитет за нафта и гас планира да го зголеми производството на нафта во земјата на повеќе од пет милиони барели дневно, според објавените записници на комисијата неодамна, пишува во текст објавен на Оилпрајс.ком, Сајмон Ваткинс, трговец и продавач на FX, финансиски новинар и автор. Тој беше раководител на институционална продажба и тргување […]

Цените на нафтата скокнаа на над 76 долари


Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари на над 76 долари, откако американскиот Конгрес го суспендираше лимитот на националниот долг, а централната банка сигнализираше дека може да направи пауза во зголемувањето на каматните стапки. На лондонскиот пазар барелот се тргуваше по пладне за 1,88 долари повисоко од вчерашната цена на затворање од 76,16 долари. […]

Земјите од ОПЕК и Русија дополнително го намалуваат производството на нафта од мај


Земјите од ОПЕК и Русија дополнително го намалуваат производството на нафта од мај. Таа неочекувана одлука ги запали светските берзи – цената на барелот за еден ден се зголеми за осум отсто и достигна до 86 долари. Постојат стравувања од глобално нарушување на снабдувањето и дополнително зголемување на цените. ОПЕК заедно со Русија веќе го […]