„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта


 Доставите на нафта преку рускиот цевковод „Дружба“ за Унгарија се обновени по нападот со украински дронови врз трансформаторска станица на објектот, соопшти унгарската влада, пренесува ДПА. „Доставите на нафта преку ‘Дружба’ се рестартирани по украинскиот напад пред два дена“, соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на социјалната мрежа „Икс“. Тој му се заблагодари […]

Меѓународната агенција за енергија повторно ја намали прогнозата за побарувачката на нафта


Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) дополнително ја намали прогнозата за побарувачката на сурова нафта за оваа година, повикувајќи се на послабиот глобален економски раст и несигурност на пазарот. Според месечниот извештај објавен во Париз денеска, за 2025 година се очекува пораст на побарувачката од само 680.000 барели дневно, во споредба со претходната прогноза од 700.000 […]

Индија одбива да прими четири руски танкери за нафта


Најмалку четири руски танкери за нафта моментално се закотвени покрај брегот на Индија, бидејќи индиските рафинерии одбиваат да примат руска сурова нафта, објави Блумберг. Според податоците за следење на бродовите, танкерите „Ахилс“ и „Елит“ моментално се закотвени во близина на градот Џамнагар. Бродовите го товареа својот товар во Приморск и Уст-Луга кон крајот на јуни, […]

Полска откри едно од најголемите нафтени полиња во Европа во последните 10 години


„Централ Јуропиан Петролеум“ (CEP) оваа недела објави дека е откриено најголемото конвенционално нафтено поле во Полска и едно од најзначајните во Европа во последната деценија, кое се наоѓа покрај брегот на Балтичкото Море на оваа централноевропска земја, објавува Euronews. Откритието е направено на бунарот Волин Ист 1 (WE1) на CEP, на околу шест километри од […]

Цените на нафтата паднаа кон 68 долари


Цените на нафтата паднаа кон 68 долари на меѓународните пазари денес по сигналите од големите производители дека би можеле да ја зголемат понудата до крајот на летото и медиумските извештаи дека преговорите меѓу Техеран и Вашингтон за нуклеарната програма на Иран продолжуваат. На лондонскиот пазар, цената на барел попладнето беше за 67 центи пониска отколку […]

Цените на нафтата паѓаат


Цените на нафтата паднаа под 69 долари на меѓународните пазари денес, бидејќи знаците за послаба побарувачка во САД го надминаа трговскиот договор со Виетнам. На лондонскиот пазар, цената на барел попладне беше за 51 цент пониска од вчерашното затворање на 68,60 долари. Вчера затвори со пораст од 2 долари. На американскиот пазар, денес со барел […]

Нафтата на 100 долари? Тоа сценарио сега не изгледа толку неверојатно


Пазарите на нафта влегуваат во нова фаза на неизвесност откако САД се приклучија на војната меѓу Иран и Израел, а експертите предупредуваат за троцифрени цени. Инвеститорите внимателно го следат одговорот на Техеран на американските напади врз неговите нуклеарни постројки, а министерот за надворешни работи на Иран предупредува дека неговата земја ги задржува „сите опции“ за […]

Русија заработила три пати повеќе од нафта, гас и јаглен отколку што била вкупната западна помош за Украина


Глобално, од почетокот на војната, Русија заработила три пати повеќе пари од продажба на нафта, гас и јаглен отколку што е издвоено за помош на Украина. Истиот сооднос важи и кога се гледаат членките на Европската Унија. Дури и кога станува збор за земјите од НАТО, Русија заработува повеќе од продажба на енергетски производи отколку […]

Голдман Сакс советува: Купувајте злато и нафта за да ги заштитите инвестициите од ризик


Њујоршката банкарска корпорација Голдман Сакс ги повика инвеститорите да го вклучат златото и нафтата во своите долгорочни портфолија за да ги ублажат ризиците за нивниот капитал. Во време кога традиционалната стратегија за распределба на средства 60/40 (акции/обврзници) трпи сериозни удари, аналитичарите на банката веруваат дека златото и нафтата се во состојба да им обезбедат на […]

Спуштање на цените на нафтата поради одлука на ОПЕК


Цените на нафтата вчера  на светските пазари забележаа пад под 60 долари за барел, откако клучните производители решија да го зголемат снабдувањето и покрај загриженоста дека бран на давачки би можел да ја ограничи побарувачката.     На берзата во Лондон, цената на еден барел нафта изнесуваше 59,83 долари, што претставува смалување за 1,46 долари. […]

Чешката влада: За прв пат во историјата не сме зависни од руската нафта


Чешка стана целосно независна од руската нафта за прв пат во својата историја, соопштија денеска владини претставници, откако го зголемија капацитетот на Трансалпскиот гасовод (ТАЛ) кој носи нафта од запад. Првите зголемени залихи стигнаа до централното складиште за нафта во Чешката Република преку гасовод, изјави премиерот Петр Фиала на денешната прес-конференција емитувана на чешката телевизија. […]

Нафтата останува надвор од опсегот на новите царини на Трамп


Увозот на нафта, гас и рафинирани производи не е на листата со огромните нови царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Белата куќа. Исклучокот ќе ја намали загриженоста на американската преработувачка индустрија, која изрази загриженост за новите царини дека тие би можеле да доведат до прекини во снабдувањето и да ги зголемат цените […]

Трамп воведува 25 отсто царини за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела


Американскиот претседател Доналд Трампденеска соопшти дека воведува 25 отсто царини за сите увози од земји што купуваат нафта или гас од Венецуела. Новите, таканаречени секундарни царини против Венецуела, треба да стапат во сила од 2 април, објави Трамп на неговата платформа „Truth Social“, пренесува ДПА. Како една од причините за оваа мерка, Трамп го наведе […]

„Шеврон“ сака да истражува нафта во грчките води


Американскиот производител на нафта „Шеврон“ е заинтересиран за истражување на јаглеводороди меѓу Пелопонез и Крит, објави во понеделникот грчкото Министерство за енергетика. Интересот на „Шеврон“ е многу важен, како дел од стратегијата за енергетска независност и намалување на трошоците за енергија, како и паралелни иницијативи за зголемување на заштитата на морската средина, потенцираат од Министерството. […]

Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци


Глобалните цени на нафтата денеска се искачија на највисокото ниво во последните четири месеци, бидејќи трговците се загрижени дека новиот бран американски санкции насочени кон рускиот енергетски сектор може да го наруши и намали снабдувањето на пазарот. Според податоците на берзата, цената на нафтата Брент во еден момент порасна на 81 долар за барел, а […]

Санкциите против НИС ќе го погодат и регионот, каде е Македонија


  Санкциите кон Нафтената индустрија на Србија што вчера ги воведоа САД предизвикаа сериозна загриженост кај нашиот северен сосед, но и кај земјите во регионот, поради меѓусебните економски врски и стопанската поврзаност. Во Србија, официјалните лица велат дека последиците ќе бидат тешки за српската економија, но и дека мерките нема да предизвикаат недостиг на енергенси. […]

Поскапе нафтата: Американските санкции за руските компании ги разбрануваа берзите


Санкциите наметнати од САД врз руските компании ги придвижија глобалните цени на нафтата над 80 долари за барел. Извештајот за санкциите веднаш ги разбранува берзите, при што Брент за прв пат од 7 октомври минатата година надмина 80 долари за барел. Цените на нафтата ја започнаа годината со силен раст. Овој раст е поттикнат од најновите […]

Пленковиќ: Никому не е во интерес Србија да остане без нафта


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави во Брисел дека треба да се најде одржливо решение за испорака на нафта за Србија преку Јадранскиот гасовод (Јанаф) и дека не е во ничиј интерес земјата да остане без нафта. „Мораме да најдеме одржливо решение што е добро и за Јанаф и за економијата на Србија“, рече Пленковиќ, кој […]

Нафтата и златото поскапеа по падот на режимот во Сирија


 Европските берзански индекси ја започнаа неделата со раст, додека на пазарите истовремено е забележан раст на цената на нафтата, златото и пченицата. Порастот на цената на нафтата и златото, меѓу другото, е последица на несигурноста по повод натамошниот развој на ситуацијата на Блискиот Исток по падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија, пренесува […]

Нафтата стигна до базните станици на ЈСП – изутрина нормализиран автобуски превоз во Скопје


Нафтата од државните резерви е на пат кон базните станици на Јавното сообраќајно претпријатие и се очекува утре изутрина да има нормализиран автобускиот превоз во Скопје, најави пред вонредната седница на Советот на Градот Скопје советникот од ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски.   – Според нашите информации, моментално се доставува нафтата до базите во Автокоманда и Ѓорче Петров, […]