Инспекторите во акција заради манипулациите со дериватите и прехранбените производи


Покрај најавените контроли на работата на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти, со инспекциските надзори ќе бидат опфатени и правните субјекти кои вршат дејност „Трговија на мало и големо со нафтени деривати“, соопшти Управата за финансиска полиција. Оттаму информираат дека екипи на Управата за финансиска полиција заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата […]

Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени


Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, соопшти денеска владината Прес-служба. Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат […]

Цената на нафтата се зголеми на 106 долари


Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари се искачија до 106 долари, бидејќи најавите за координирана продажба на нафта од стратешките резерви не ги ублажија стравувањата од прекини во снабдувањето поради руската инвазија на Украина и санкциите против Москва. Цената на барел нафта со датум на испорака во мај на лондонскиот пазар порасна за 7,83 […]

Раст на цената на нафтата на светските берзи поради војната во Украина, околу 100 долари за барел


Англија– На лондонскиот пазар во четвртокот, веднаш по рускиот напад на Украина, цената на барел нафта скокна на над 105 долари за барел, првпат по повеќе од седум години, но во петокот падна под тоа психолошки важно ниво. По големите осцилации на крајот на неделата, цената на барелот на лондонскиот пазар забележа неделен раст од 4,7 […]

Нафтата поскапува осум недели по ред


И изминатата недела имаше раст на цените на нафтата на светските берзи, осма недела по ред, како последица на тензиите меѓу САД и Русија, околу Украина, но и на проценките за зголемената побарувачка оваа година на рекордно ниво. Новите, највисоки цени на нафтата од крајот на 2014 година, најмногу се должат на скокот во петокот […]

Црногорците не се откажуваат – по нафта, ќе бараат природен гас


Црна Гора не се откажува истражувањата во близина на нејзиниот брег. Откако напорите да се пронајде нафта во близина на Будва не дадоа резултат, сега напорите се наочуваат кон истражување на наоѓалишта на гас. Според државниот секретар за енергетика и рударство, Марко Перуновиќ, до 15 март ќе се знае дали грчка компанија ќе започне со […]

(Видео) Крај Нигерија експлодира брод за складирање нафта


  Брод за производство и складирање кој може да прими два милиони барели нафта експлодира крај брегот на Нигерија со 10 членови на посадата на него. FPSO Trinity Spirit, кој може да преработи до 22.000 барели нафта девно, се наоѓал во близина на Вари во јужна Нигерија кога избил пламен, јави Скај. Пловилото, кое исто […]

„Ени“ и „Новатек“ не најдоа нафта во крајбрежјето на Црна Гора


Производството на јаглеводороди на наоѓалиштето што го проби конзорциумот на компаниите „Ени“ и „Новатек“ во црногорско крабрежје нема да биде можно, бидејќи тоа, според концесионерот, е суво, изјави државниот секретар за енергетика и рударство во Министерството за капитални инвестиции Марко Перуновиќ. Перуновиќ рече дека концесионерите стигнале до крајот на бунарот и собраните примероци ги испратиле […]

Лос Анџелес ги затвора изворите за нафта во градот


Лос Анџелес ќе го забрани дупчењето за нафта во градот, т.е. во населените места. Советниците на Градот вчера ја изгласаа забраната на изградба на нови бунари и престанок на работа за постоечките. Според западните медиуми, илјадници активни извори се наоѓаат во густо населени населби (најчесто, каде што луѓето се со ниски приходи), веднаш до училиштата, […]

Барел нафта е речиси 90 долари


Цените на нафтата пораснаа во азиската трговија денеска поради загриженоста за прекини во снабдувањето и растечките тензии во Источна Европа и Блискиот Исток, што дополнително ја влошува и онака затегнатата ситуација со снабдувањето. Фјучерсите на северноморската сирова нафта брент (фјучерси по однапред договорена цена) се зголемија за 81 цент или 0,9 отсто на 88,70 долари […]

Еколошка катастрофа во Перу: По ерупцијата во Тонга силно излевање на нафта


Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало „еколошка катастрофа“. Од рафинеријата Ла Пампила протекоа повеќе од 6.000 барели нафта поради брановите кои ја погодија по ерупцијата на вулканот во Тонга. Властите ги затворија трите најпогодени плажи каде има многу мртви животни покриени со нафта. Претставници на Министерството за надворешни работи […]

Ограничувањата во снабдувањето ја зголемија цената на нафтата на 86 долари


Цените на нафтата се искачија до 86 долари на меѓународните пазари во петокот, поттикнати од ограничувањата на понудата и послабиот долар што ја засени можната нова аукција на нафта од стратешките резерви на Кина на почетокот на февруари. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,16 долари во однос на претходното затворање, на 85,63 […]

Цената на нафтата надмина 84 долари


Цените на нафтата денеска се зголемија над 84 долари на меѓународните пазари, поттикнати од проблемите на производителите со зголемувањето на понудата и проценките дека ширењето на инфекцијата со Омикрон нема да го попречи закрепнувањето на побарувачката од корона кризата. На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево порасна за 47 центи во однос на претходното затворање […]

ЈСП бара нафта од Владата, но и менување на Законот за енергетика за Регулаторна да ја „смири“ цената на метанот


ЈСП Скопје уште еднаш ја повикува Владата да донесе одлука за субвенционирање на работењето на претпријатието со оглед на зголемените цени на енергенсите во државата. – Оваа криза бара вклучување на сите чинители во нејзино разрешување. Со оглед на тоа што е прогласена кризна состојба поради состојбата во енергетиката на располагање се многу механизми како […]

Членките и сојузниците на ОПЕК ќе го зголемат производството на нафта од февруари


Членките на Организацијата на производители на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници денеска одлучија да го зголемат производството со надеж дека патувањата и побарувачката за гориво нема да се намалат и покрај брзото ширење на омикрон сојот на коронавирусот. ОПЕК плус, која се состои од 23 земји, најави дека од февруари ќе го зголеми производството на […]

Цените на нафтата во пораст на почетокот на тргувањето во Новата година


Цените на нафтата денеска зајакнаа, почнувајќи со позитивен тренд во новата 2022 година, но нивниот пораст беше ограничен поради стравувањата поврзани со континуираниот раст на бројот на заразени со Ковид-19. Во фокусот на трговците е утрешната средба на Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници, група наречена ОПЕК +. Цената на нафтата Брент […]

Спласна оптимизмот за нафта во црногорското подморје 


Црногорскиот министер за капитални инвестиции Младен Бојаниќ изјави дека во последно време се намалил оптимизмот за откривањето нафта во црногорското подморје, но дека ќе се сочека конечниот извештај. Тој во утринската програма на ТВЦГ рече дека во првите месеци од дупчењето имало оптимизам во конзорциумот Ени и Новатек кои се задолжени за целата работа. „Во […]

Климатските промени го загрозуваат и светското производство на нафта


Голем дел од светските резерви на нафта и гас се под закана од зголемени плими, бури, поплави и екстремни температури предизвикани од климатските промени, објави денеска консултантската компанија за анализа на ризик Вериск Мејплкрофт (Verisk Maplecroft). Временските услови би можеле да влијаат на вадење на околу 600 милијарди барели нафтен еквивалент, што е 40 отсто […]

Зголемената понуда и омикронот ја намалија цената на нафтата под 73 долари за барел 


Цените на нафтата денеска паднаа под 73 долари за барел на меѓународните пазари, по зачестените индикации дека следната година понудата ќе ја надмине побарувачката и предупредувањата на СЗО дека вакцините можно е да се помалку ефикасни против новиот омикрон сој на коронавирусот. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше за 88 центи пониска од […]

ОПЕК очекува поголема побарувачка за нафта на почетокот на 2022 година


Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја зголеми својата проценка за глобалната побарувачка на нафта на почетокот на 2022 година, проценувајќи дека новата варијанта на коронавирус, омикрон, само малку ќе влијае на светот кој веќе научи да живее со пандемијата. ОПЕК ја процени побарувачката на нафта во првиот квартал од следната година на просечни […]