НАТО со поддршка на САД, Британија и Франција за нападот во Дума


Брисел – Претставниците на САД, Франција и Британија во НАТО денеска ги информираа другите сојузници за ракетниот напад врз Сирија, при што, како што соопшти НАТО, го претставиле значителното количество информаци кои укажуваат дека хемискиот напад во сирискиот град Дума на 7 април бил извршен од страна на сириската армијa. – Трите земји – сојузнички […]

Заев: Со Русија сакаме да градиме пријателство


Со Русија сакаме да градиме пријателство, ние сме православни земји, имаме поврзаност со културата, со Охридската архиепископија, имаме многу заеднички работи кои треба да бидат мост за градење на дополнително пријателство. Но за нас нема друга алтернатива освен членството во ЕУ и НАТО, изјави премиерот Зоран Заев вечерва во интервјуто за ТВ 24 вести. Ние, како […]

Руските специјални служби пет години ги следеле Сергеј и Јулија Скрипал


Руските разузнавачки служби го шпионирале поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија речиси пет години, соопшти советникот на британскиот Совет за национална безбедност Марк Седвил во писмо до НАТО, јави АФП. – Според нашите информации, интересот на руските разузнавачки служби кон Скрипал датира најмалку од 2013 година кога адреси во електронската пошта на […]

НАТО: Употребата на хемиско оружје е закана за меѓународниот мир и безбедност


Силно ја осудуваме употребата на хемиско оружје во Сирија, последниот случај беше застрашувачки. Тоа е закана за меѓународниот мир и безбедност, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. – Го повикуваме сирискиот режим и неговите поддржувачи да дозволат укажување меѓународна медицинска помош и меѓународни набљудувачи, додаде тој. Столтенберг ги повика виновниците за употреба на хемиско […]

Столтенберг: НАТО не сака да ја изолира Русија, таа е наш сосед и ќе остане


НАТО не се обидува да ја изолира Русија, но мораше да реагира за да го манифестира своето незадовоство поради случајот со Сергеј Скрипал, порача денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. – Ние и натаму тежнееме кон подобри односи со Русија, бидејќи таа држава е наш сосед и ќе остане тоа. Не сакаме да ја изолираме […]

Бејли: Македонија со реална можност наскоро да стане дел од НАТО


Реалната можност Македонија наскоро да се приклучи кон НАТО е најголемата разлика кога зборуваме за земјата денеска во споредба со минатото, порача американскиот амбасадор Џес Бејли денеска на трибината „НАТО и ти“, организирана од Министерството за одбрана, Евроатлантскиот совет на Македонија (АТА-Македонија), НАТО Канцеларијата за врски и Хрватската амбасада по повод Денот на Алијансата – […]

Пендаровски: Македонија има алтернативи за НАТО


Прашањето за Македонија не е дали постојат алтернативи за членството во НАТО, туку дали тие алтернативи се доволно квалитетни за земјата, изјави денеска националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски. Тој ова го посочи на научната тркалезна маса „Алтернативи на и за НАТО: интеграција на Република Македонија, политичка реалност, идни решенија и можности“, која се одржа […]

Ниту НАТО ќе се тепа со Русија ниту Москва ќе нѐ нападне


Предупредувањата што ги даде рускиот амбасадор дека Македонија ќе стане цел на возвратен напад при наш влез и конфликт на НАТО со Москва се само политички декор без реална основа, вели генералот Благоја Марковски. Според него, нашата Влада немаше потреба да се вмешува во конфликтот меѓу Велика Британија и Русија, но оти ситуацијата е многу […]

Трамп и Меркел ја пофалија одлуката на НАТО да го намали бројот на руската мисија во Алијансата


Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел ја пофалија одлуката на НАТО да го намали бројот на руската мисија во Алијансата. Трамп и Меркел разговараа по телефон за одлуката, информираат од Белата куќа. Двајцата лидери ги пофалија одлуките на државите од ЕУ, како и на другите западни земји, да протераат руски дипломати во […]

И НАТО протерува руски дипломати


НАТО протерува седум руски дипломати, и одби да даде акредитација за уште тројца. Тоа го наведе генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Руските дипломати кои ќе бидат протерани се од руската мисија во Алијансата. НАТО ја намалува и бројноста на руската мисија од 30 на 20. – Со тоа се испраќа јасна порака до Русија, […]

Руско МНР: Зад акцијата на ЕУ стои НАТО


Зад акцијата на Европската унија стои НАТО, кој се користи со политика на казнување и се обидува да ја демонизира Русија, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. – НАТО стои зад Европската унија. ЕУ е актрактивна политичка конструкција со моќната Северноатлантска алијанса зад себе, истакна Захарова. Таа оцени дека „задачата […]

Србите не сакаат во НАТО


Мнозинството српски граѓани, односно 84 проценти, не поддржуваат членство на Србија во НАТО, две третини, или 66 проценти, веруваат дека бомбардирањето на СР Југославија можело да се избегне, а поголемиот дел сметаат дека политиката на Слободан Милошевиќ била причина за бомбардирањето. Тоа се резултатите од анкетата спроведена од Институтот за европски прашања. Денеска се одбележува […]

Бошкоски: Законот за јазици не е крај за Македонија


„Законот за јазици не е крај за Македонија“, вели поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски во изјава за „Независен весник“. Според него, судбината на Македонија била одредена уште во 2011 година со потпишувањето на Рамковниот договор и не ги разбира драмите што сега се случуваат околу донесувањето на Законот во Собранието. „Проблемот е што […]

Павел: НАТО сака стабилна, целовита и безбедна Европа


НАТО соработува со Евроспката унија, бидејќи негова цел е стабилна, целовита и безбедна Европа, изјави денеска во Белград претседавачот на Воениот комитет на Алијансата, генерал Петр Павел. По средбата со српскиот министер за одбрана Алексадар Вулин, Павел изјава дека ги разбира чувствата на Србија кон НАТО, но додаде дека низ исотијата има многу случаи кога […]

Членките на НАТО ги зголемуваат воените буџети, но се уште се под два отсто од БДП


Државите членки на НАТО веќе трета година по ред зголемуваат издвојувања за одбрана, но и понатаму, кај голем дел од нив тоа е под зацртаната цел од два отсто БДП, покажува годишната анализа објавена од Алијансата. Според извештајот, лани Велика Британија. Полска, Грција и Естонија ја исполниле или надминале целта од два отсто БДП, наменети […]

Столтенберг: Русија се обидува да го дестабилизира Западот


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја обвини денеска Русија дека се обидува да го дестабилизира Западот. Столтенберг изјави дека ќе има состанок со британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска во Брисел за да разговара за нападот со нервен агенс врз поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Британија. – Велика Британија може да […]

Алехандро Алваргонзалес: НАТО ќе помогне Македонија да успее


Само што се вративте од Македонија. Кои се вашите проценки за демократските промени во земјата и дали е потребно да се исполнат некои други услови за членство, освен спорот за името? – Имав многу корисна посета на Скопје заедно со заменик-директорот на Европската комисија за соседството и за проширување (ГД НЕАР). Имавме искрена и продуктивна […]

Вес Мичел во Скопје на разговори за името и за НАТО


Американскиот помошник државен-секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел денеска пристигнува во Скопје, како втора дестинација во рамки на неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан. Поддршка од САД за евроатлантските аспирации на Македонија, за преговорите кои земјата ги води со Грција за спорот околу името, но и апел до македонската Влада за спроведување на […]

Интервју со Радмила Шекеринска: Важно е никој да не е недопирлив


Какви ви се очекувањата од тековниот процес на преговори за името? – Процесот зависи од двете страни. Затоа проценките се многу тешки и неблагодарни. Се работи за сложено прашање кое многу години остана отворено. Она во што сум сигурна е дека ќе направиме сѐ од една страна да има успех, а од друга страна тој […]

Лазар Еленовски назначен за специјален претставник во НАТО и покрај отпорот во јавноста


И покрај реакциите во јавноста, Лазар Еленовски е назначен за специјален претставник на Владата на Република Македонија за прашања од областа на НАТО интеграциите во Брисел. Решението е објавено на 6 март во Службеник весник и по објавувањето стапува на сила. „Државата му најде работа на Еленовски за да остане во Брисел“ Груевски врати се, […]