Пономарјов: Македонија цел на можна дестабилизација во пресрет на приемот во НАТО


Македонија трeба да биде подготвена на намерна дестабилизација на ситуацијата од страна на руски играчи во пресрет на можната покана за членство во НАТО доколку спорот со името биде решен, изјави за МИА Иља Пономарјов, пратеник во руската Дума. Како член на социјал-демократската партија Праведна Русија Пономарјев беше избран за пратеник на парламентарните избори во […]

Бејли: Очекуваме напредок на Македонија кон НАТО


Американскиот амбасадор Џес Бејли ја реафирмираше поддршката на САД за интеграцијата на Република Македонија во НАТО. – Ние ги поддржуваме македонските аспирации за приклучување во НАТО веќе 25 години, секако очекуваме и сакаме да напредувате, одговори денеска Бејли на новинарско прашање дали на Самитот на ЕУ во Софија ќе се отвори патот на Македонија за […]

Павлопулос: Прво уставна ревизија па потоа членство во НАТО и ЕУ за ПЈРМ


За интеграција на ПЈРМ во НАТО и ЕУ потребно е решение на името, за што предуслови се уставна ревизија и елиминирање на иредентизмот, рече претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, во неговото обраќање откако беше прогласен за почесен граѓанин на општина Пеонија. – Постои еден начин за да оди напред интеграцијата на ПЈРМ во НАТО и […]

Столтенберг: Македонија ќе добие покана за членство во НАТО само ако го реши спорот за името


Македонија ќе добие покана за членство во НАТО ако го реши чувствителното и тешко прашање за името, изјави генералниот секретар на Западната воена алијанса (НАТО), Јенс Столтенберг. Во интервју за грчката агенција АНА, Столтенберг изјави дека проширувањето на НАТО е голем успех и истакна дека вратата на овој воен сојуз останува отворена. „Од крајот на […]

Могерини: Балканскиот самит во Софија ќе биде исклучително важен


Европската претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини денеска оцени дека претстојниот самит на Европската унија и земјите од Западниот Балкан во Софија ќе биде исклучително важен, јави бугарската новинска агенција БТА. – Средбата ќе биде показател дека ЕУ и нашите партнери од Западен Балкан не споделуваат само географска област туку и заеднички […]

Шекеринска во Софија на средба со Каракачанов


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во Софија каде што ќе има средба со бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов и ќе учествува на меѓународната конференција „Кон нов одбранбен идентитет на ЕУ“. Во фокусот на средбата со бугарскиот колега Каракачанов ќе бидат повеќе прашања од соработката меѓу двете земји како и […]

Шекеринска: Вселената знае дека Македонија е заинтересирана да за реши името


Врз база на сегашните и претходните средби што сум ги имала  одговорно тврдам дека потезите  што ги направи Македонија не само во поглед на преговорите за името, во поглед на аеродрoмот и автопатот, покажаа дека, од вселената Македонија е заинтересирана за решение, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска  вечерва во гостувањето во емисијата […]

Интервју со Робертсон: Македонија од 2001 и оваа сега е ден и ноќ


Поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон е лидерот на новоформираната неформална „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ. Робертсон, кој беше десеттиот генерален секретар на НАТО од 1999 до 2004 година, повеќепати ја имаше посетувано Македонија, особено за време на кризата во 2001 година. И беше […]

Шекеринска во Вашингтон побара поддршка од САД за нашето членство во НАТО


Бараме поддршка од САД за Македонија да добие покана за членство во НАТО оваа година, зашто еден таков пробив може да има позитивно влијание, кое ќе создаде нова надеж на Балканот, истакна заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на тркалезната маса во Вашингтон организирана од американскиот Атлантски совет, со што ја почна  официјалната посета […]

Столтенберг: Русија не одлучува за членството на Македонија во НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, денеска потсети дека само Македонија и 29-те земји членки на Алијансата можат да одлучуваат за членството на земјата во Алијансата. На прес-конференција ден пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО членките во Брисел, генералниот секретар Столтенеберг, прашан да ги коментира изјавите на рускиот амбасадор во Македонија дека […]

Робертсон: Вистински патриотизам е да се направи она што е најдобро за идните генерации


Како ноќ и ден, ја оцени состојбата во Македонија поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорџ Робертсон, споредувајќи ја ситуацијата во 2001 и сега и нагласувајќи дека земјата тогаш била на работ на крвав конфликт, а денеска е европска држава. Лорд Робертсон во интервју кое вечерва го даде за МИА вели дека групата Охрид ќе […]

Поддршка од групата „Охрид“ за Македонија да го добие вистинското внимание за ЕУ и НАТО


По 17 години можеме да кажеме дека големиот успех со сите маани на Охридскиот договор е дека тој ни даде можност да се врати мирот за во одреден момент да почнеме да зборуваме за кохезија во државата, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во дебатата по промоцијата на групата за поддршка „Охрид“. Министерката Шекеринска, посочувајќи […]

Формирана Група Охрид за поддршка на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО


Групата Охрид за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ ја промовираше денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со поранешниот генерален секретар на Алијансата, лорд Џорџ Робертсон, кој ја предводи групата високи дипломати во посета на земјава. – Денеска сме тука заеднички да го објавиме конституирањето на Група […]

Џафери: И покрај тоа што Македонија не е членка на НАТО, даваме голем придонес во мировните мисии


Мирот и стабилноста подразбираат соработка помеѓу државите на полето на безбедноста, вклучително и во рамките на НАТО. Република Македонија, уште од своето осамостојување, за своја стратешка цел го определи полноправното членство во НАТО и за тоа има висока поддршка од граѓаните, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на Конференцијата на претседатели на Парламенти […]

Шекеринска: Македонија кредибилен партнер на НАТО


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска очекува на претстојниот Самит на НАТО во јули во Брисел да бидат верификувани промените во Македонија и исполнувањето на најголемиот дел од поставените важни задачи. Според Шекеринска, Македонија е кредибилен партнер на НАТО, со право очекува и работи да стане нејзина 30-та членка, а најголем дел од критиките од претходните […]

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон денес е во Скопје


Висока делегација од истакнати дипломати, предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Робертсон, денеска ќе престојува во Скопје. Делегацијата ќе биде примена од премиерот Зоран Заев, а во нејзин состав се и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, лордот Кристофер Геијд, поранешен секретар на кралицата на Обединетото Кралство и член на Горниот Дом […]

Поранешниот генерален секретар на НАТО Робертсон утре во Скопје


Висока делегација од истакнати дипломати, предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Робертсон, утре ќе престојува во Скопје. Делегацијата ќе биде примена од премиерот Зоран Заев, соопшти попладнево неговиот Кабинет. Во делегацијата ќе бидат и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, Лордот Кристофер Геијд, поранешен приватен секретар на Кралицата на Обединетото Кралство и […]

Коѕијас: ПЈРМ во јуни нема да влезе во НАТО, нема доволно време


Убедување дека на следниот НАТО самит, Македонија нема да стане членка, бидејќи е краток временскиот рок, изрази шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио 247. Очигледно е дека ПЈРМ, во јуни нема да влезе во НАТО, рече Никос Коѕијас и го објасни овој негов став дека договорот треба да се ратификува […]

Шекеринска на 1 мај ќе се сретне во Вашингтон со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе отпатува во  официјална посета во САД , каде што на 1 мај ќе се сретне со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис. Како што дознава „Независен весник”, на средбата со Матис ќе се разгледуваат прашања од стратешката соработка меѓу САД и Македонија, во претсрет и на Самитот на НАТО […]

Македонија не кажува за кого навива во Сирија


Македонија засега одбива да заземе став по воздушните напади во Сирија, во кои мета се хемиските погони на претседателот Башар ал Асад. Поголеми грижи ни создава претпоставениот нов мигрантски бран кој ѝ се заканува на земјава и притисокот од јужната граница. Воените аналитичари, пак, потенцираат дека не очекуваат зголемување на напнатоста на Блискиот Исток ниту […]