НАТО ја зајакнува подготвеноста на илјадници војници поради „кризата со Русија“


Во момент на „кризата со Русија“, НАТО го подигнува нивото на подготвеност на илјадници војници од Алијансата, а станува збор за силите за брзо реагирање (NATO Response Force, NRF), објави германската агенција ДПА, повикувајќи се на свои извори. – НАТО ја зајакнува подготвеноста на илјадници војници поради кризата со Русија, се вели во соопштението. Силите […]

НАТО сака дипломатско решение со Русија, но се подготвува за најлошото


Белгија – Денеска се одржува вториот ден од министерскиот состанок за одбрана, голем дел од енергијата ќе биде и натаму посветена на кризата со Русија, јави дописничката на МИА од Брисел. Министрите на 30-те земји членки на НАТО ќе го започнат денот со седница на која се поканети нивните колеги од Украина и Грузија, две земји […]

Норвешка во знак на солидарност го зголемува својот контингент во НАТО силите во Литванија


Норвешка планира да го зголеми своето присуство во составот на НАТО силите во Литванија, соопшти норвешкиот министер за одбрана Од Рогер Еноксен. – Сакаме да придонесеме за зајакнување на присуството на сојузничките сили на Балтикот и да покажеме солидарност со нашите партнери на источното крило. Од наша страна, тоа најдобро може да се направи со […]

Ковачевски: На денешен ден во 2019 година, прв пат се крена знамето на НАТО пред Владата на Македонија


На денешен ден во 2019 година, прв пат се крена знамето на НАТО пред Владата на Република Северна Македонија, напиша Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, на неговиот фејсбук профил. – НАТО значи сигурност и безбедност, но во исто време отвара и нови перспективи. Регионалната стабилност како и унапредената соработка со соседите […]

Столтенберг: Не постои документ за непроширување на НАТО кон исток


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека вратата за влез на нови членки е секогаш отворена за сите земји кои ги исполнуваат стандардите на Алијансата и треба да се почитува слободната волја на суверените држави да одлучуваат по тоа прашање. Столтенберг за црногорската телевизија Вијести изјави дека евентуалниот документ за непроширување на НАТО кон […]

Петровска: Досега од Армијата не е побарано учество во никаков воен конфликт


Досега од нашата Армија не е побарано учество во никаков воен конфликт. Армијата, односно Министерството за одбрана и безбедносните сили ќе ги следат одлуките на НАТО, при што потсетувам дека како земја членка на Алијансата рамноправно учествуваме во донесување на одлуките, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во врска со можноста наши војници да бидат […]

НАТО размислува за засилување на сојузничките сили доколку руските трупи останат во Белорусија


НАТО ја разгледува можноста за зголемено воено присуство во балтичките земји и Полска во случај Русија да ги задржи своите трупи во Белорусија по планираната воена вежба, изјави денеска шефот на Воениот комитет на Алијансата, адмирал Роб Бауер. – Можно е натамошно распоредување на сојузничките сили на НАТО, изјави Роб Бауер, холандскиот адмирал на чело […]

Ле Пен најави повлекување на Франција од НАТО доколку победи на претседателските избори


Франција– Кандидатката за претседател на Франција Марин Ле Пен изјави дека во случај да победи на претстојните избори ќе донесе одлука Франција да го напушти НАТО. – Мораме слободно да ги застапуваме сопствените интереси, да излеземе од логиката на воените блокови. Затоа ќе се повлечеме од НАТО за да не бидеме повеќе вовлечени во туѓи […]

Земан се противи на испраќање чешки војници како засилување на НАТО


Чешка – Чешкиот претседател Милош Земан соопшти дека е против тоа неговата земја да испрати војници заради зајакнување источното крило на НАТО. Тој смета дека Русија и Украина ќе останат само во вербалната војна, а според него, најмногу што може да се случи е да избие локален конфликт ограничен на две сепаратистички проруски области во Украина. […]

Русија и Кина се против проширување на НАТО


Русија и Кина во заеднички став, го критикуваа „негативното влијание на САД во Европа и азиско-пацифичкиот регион“ и се спротивставија на „натамошното проширување на НАТО“, беше соопштено по денешната средба меѓу претседателите на двете земји Владимир Путин и Си Џинпинг. Средбата се одржа во Пекинг пред денешното отворање на Зимските олимписки игри во главниот град […]

Столтенберг до Ковачевски: Подгответе се и за најлошото (Видео)


  Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, утрово по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, порача дека разговарале за состојбата во и околу Украина и дека треба, како земја членка, да бидеме подготвени за секакви сценарија околу кризата, па и за најлошото.  „Има значително движење на руските воени сили кон Белорусија. Ова е најголемо распоредување на […]

На „Криволак“ завршни активности на здружената вежба на НАТО „Neptune Strike 22“


На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе бидат извршени летачки вежбовни активности со воздухоплови од вооружените сили на САД, во рамки на планираните редовни заеднички вежбовни активности на НАТО. Овие вежби се изведуваат како дел од завршните активности на вежбата „Neptune Strike 22“, која се изведува во медитеранскиот регион во период од 24 јануари до 05 […]

Османи: Како членка на НАТО се подготвуваме за сите ризици по заедничката безбедност


Досега околу 40 наши државјани во Украина се пријавиле за евакуација доколку дојде до воена состојба во таа земја. Министертсвото за надворешни работи пред неколку недели формирало работна група и ги контактирало за да направи планови за евентуално нивно повлекување, соопшти министерот Бујар Османи. -Засега нема уште потреба за тоа, но ако се појави потреба, […]

Велика Британија и САД може да испратат по 1.000 војници во Романија, Бугарија и Унгарија


САД и Велика Британија анализираат да испратат по 1.000 војници во Романија, Бугарија и Унгарија, објави Дејли телеграф. Тие ќе бидат слични на баталјонските борбени групи што моментално се стационирани во Балтичките држави и Полска. Извори од британската влада потврдија за Дејли Телеграф дека Британија размислува за распоредување повеќе војници во Источна Европа, но се […]

Добра работа, Волоѓа! Путин го воскреснува НАТО


Едвај две години откако францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи за „мозочно мртов“, НАТО воскресна од заканите на Русија за Украина, оставајќи ја зарѓаната, но доверлива одбранбена алијанса предводена од Соединетите држави единствена игра во градот за европска безбедност. Како тоа ѝ служи на децениската стратешка цел на Москва да ги турка САД од Европа […]

Расте тензијата околу Украина: НАТО испраќа нови сили на источните граници


  НАТО ги зајакнува своите источни граници со копнени, морски и воздушни сили, рече генералниот секретар на воената алијанса, додека руската инвазија на Украина се чини сè поверојатна. Јенс Столтенберг рече дека „влошената безбедносна ситуација“ ги навела сојузниците на НАТО да подготват фрегати, борбени авиони и војници за нивната „колективна одбрана“. Администрацијата на САД, исто […]

НАТО ги отфрли руските барања да ги повлече своите сили од Романија и Бугарија


НАТО ги отфрли руските барања да ги повлече своите сили од Романија и Бугарија, додека дипломатските напори продолжија да се спречи војна во Европа, откако Русија собра десетици илјади војници во близина на границите на Украина. „НАТО нема да се откаже од нашата способност да се заштитиме и браниме меѓусебно, вклучително и со присуството на […]

Шпанија испрати воени бродови во Медитеранот и Црното Море


Шпанија– Шпанија испрати воени бродови да им се придружат на поморските сили на НАТО во Средоземното Море и Црното Море додека тензиите во регионот се зголемуваат поради трупањето војници на Русија на границата со Украина, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес. Таа додаде дека миноносецот веќе е на пат кон регионот и фрегатата ќе исплови […]

НАТО и Украина со договор за продлабочување на кибер соработката


Белгија – НАТО потпиша договор за зајакнување на кибер поддршката за Украина, откакоо големиот хакерски напад врз Киев ги зголеми тензиите поради стравувањата дека Русија може да подготвува инвазија, пренесува БГНЕС. – Ние работиме успешно со Украина веќе неколку години, обезбедувајќи клучни капацитети и разменувајќи знаење, рече Лудвиг Декампс, шеф на Агенцијата за комуникации и информации […]

Столтенберг: НАТО нема да ги повлече војниците од земјите кои се приклучија по 1997 година


Белгија– Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за канадскиот телевизиски канал СВС ги објасни клучните позиции на Алијансата во однос на односите со Русија. – НАТО не може со сигурност да каже какви се намерите на Русија во ситуацијата околу Украина. Може да има промена во плановите. Значи постојат шпекулации за ова прашање, но нема […]