Словачка одобри распоредување странски војници на НАТО во земјата


Словачкиот парламент одобри распоредување странски војници на НАТО во земјата, чиј број може да достигне 2.100. „Прво, ќе биде распоредена единицата ‘Засилено прогресивно присуство’ на НАТО, со околу 1.200 луѓе кои доаѓаат од Чешка, Германија, Холандија, САД, Полска и Словенија“, изјави министерот за одбрана Јарослав Наѓ. Тој рече дека дополнително ќе биде распореден и системот […]

НАТО стравува од исцениран хемиски напад од страна на Русија во Украина


Министрите за одбрана на НАТО членките утре ќе одржат нов вонреден состанок во Брисел, тие ќе разговараат за предизвиците од руската воена операција и опасноста по земјите членки на Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел. Едно од прашањата кои редовно се појавуваат во јавноста во последните денови е можноста од напад со хемиско оружје. […]

НАТО испраќа војници во Норвешка на воена вежба


Белгија – НАТО соопшти дека во понеделник ќе испрати војници во Норвешка каде ќе се спроведе воена вежба. Околу 30.000 војници, 200 авиони и 50 пловни објекти од 27 земји се очекува да учествуваат во вежбата Студената реакција 2022, најголемата вежба во која учествуваат трупите на НАТО оваа година. Вежбата ќе се одржи на неколку стотици километри од руската граница. – Оваа […]

НАТО се засилува во Источна Европа


Чешката влада денеска одобри праќање 650 војници во соседна Словачка за да го зајакне источното крило на НАТО, соопшти министерството за одбрана. Таму треба да се распоредени до 30 јуни 2023 година, но одлуката мора да ја потврди парламентот, во кој владата има големо мнозинство. Околу 50 од планираните 650 војници ќе подигнат и ќе […]

Косовски војници ќе учествуваат во операција на НАТО во Полска


Косово – Владата на Косово денеска го усвои техничкот договор на Министерството за одбрана (МО) со Владата на Полска за стационирање на припадници на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во Полска, во рамки на операцијата на НАТО „Атлантско решение“ („Atlantic Resolve“), јави дописникот на МИА од Приштина. Министерот за одбрана, Арменд Мехај изјави дека, според договорот, […]

Над 20 илјади противтенковски и противвоздушни ракети досега се испратени на Украина


САД и други членки на НАТО досега и испратиле на Украина 17.000 противтенковски проектили и 2.000 противвоздушни ракети Стингер, изјави висок американски функционер за Си-Ен-Ен. Дури и пред да почне руската инвазија на 24 февруари, небото над Европа беше исполнето со воени товарни авиони на САД и други, особено C-17, столбот на американската воздушна флота. […]

Полска нема да испрати воени авиони, доколку за тоа не одлучи цело НАТО


Официјална Варшава, и покрај американското зелено светло за Полска да и помогне на Украина со испраќање борбени авиони, инсистира дека таквата одлука ќе мора заеднички да ја донесе НАТО. Дека земјата нема такви намери, потврдија портпаролот на полската Влада Пјотр Милер и шефот на полското Биро за национална безбедност Павел Солох. – Ако е потребна […]

Блинкен: Зона на забранети летови над Украина ќе доведе до целосна војна во Европа


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека воспоставувањето зона на забранети летови над Украина од страна на САД и нивните сојузници во НАТО може да доведе до „целосна војна во Европа“. Тој нагласи дека Вашингтон ќе продолжи да работи со своите сојузници со цел да им обезбеди на Украинците средства за одбрана од руската агресија, […]

Османи: Проширувањето на ЕУ да се забрза во име на безбедноста


 Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој денеска учествува на вонредниот министерски состанок на НАТО, пред почетокот на состанок ја изрази поддршката на Северна Македонија на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Втората главна порака на шефот на македонската дипломатија утрово од НАТО беше дека проширувањето на ЕУ сега станува витално прашање од безбедносна […]

На 5 ноември ги добивме информациите дека Русија се подготвува за инвазија на Украина


Сега се покажува колку беше битно што влеговме во НАТО. Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија на Украина на цела територија, не само во Донбас, ние што сме овластени да ги примаме тие информации преку НАТО механизмите, ги добивме на 5 ноември минатата година, изјави вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски. Тој нагласи дека […]

Финскиот Парламент денеска расправа за евентуален влез во НАТО


Финска – Финските пратеници денеска ќе дискутираат за тоа како да се справат со петицијата со која се бара гласање за членство во НАТО, бидејќи таа покажа историска промена на ставот во традиционално неутралната земја по руската инвазија на Украина. Премиерката Сана Марин синоќа изјави дека планираната дебата во Парламентот ќе ја опфати ситуацијата во Украина и оти […]

Кибер напад врз членка на НАТО може да ја активира клаузулата за колективна одбрана


Белгија – Кибер напад врз земја-членка на НАТО може да го активира членот 5, клаузула за колективна одбрана, изјави претставник на НАТО. Воената алијанса со години јасно става до знаење дека сериозен кибер напад може да ја активира клаузулата, но таквото сценарио досега беше главно хипотетички. – Сојузниците, исто така, признаваат дека влијанието на значајните злонамерни […]

Мапа: Кои земји на кој начин помагаат на Украина


Членките на НАТО ја зголемуваат својата политичка и практична поддршка на Украина, која продолжува да се брани од руската агресија. Во Украина праѓаат илјадници парчиња противтенковско оружје, стотици противвоздушни проектили и илјадници парчиња останато оружје и муниција. Сојузниците, исто така, пружаат и финансиска и хуманитарна помош вредна милиони евра, како и медицинска опрема за украинските […]

НАТО распоредува 1.200 војници во Словачка


 Во Словачка ќе бидат распоредени околу 1.200 странски војници од другите земји членки на НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина, соопшти денеска словачкото Министерство за одбрана. Планот е дел од иницијативата на НАТО да се осигури дека земјите членки од источното крило на Алијансата се дополнително заштитени со испраќањето дополнителни сили за нивна […]

Македонија поддржува распоредување војници на НАТО, рече Пендаровски на самитот на алијансата


  Македонија целосно ги поддржува напорите на НАТО за брз одговор и распоредување на војници за зајакнување на безбедноста на територијата на сојузниците на источното крило на Алијансата во одговорот на руската инвазија на Украина. Македонија дава придонес кон овие напори, во согласност со нејзините капацитети. Ова им го соопштил претседателот Стево Пендаровски на учесниците на […]

Пендаровски на вонредниот виртуелен Самит на НАТО за Украина


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе учествува на вонредниот виртуелен Самит на НАТО, на ниво на шефови на држави и влади. На Самитот ќе се разговара за безбедносната ситуација во и околу Украина. Се очекува лидерите на земјите членки на НАТО уште еднаш остро да го осудат рускиот напад на Украина и нарушувањето на нејзиниот територијалниот […]

Столтенберг свика состанок на НАТО сојузниците за инвазијата на Украина


Шефот на НАТО Алијансата ја осуди руската инвазија на Украина која започна ноќва и свика состанокот на сојузниците, јави дописничката на МИА од Брисел. Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, најостро го осуди нападот врз Украина. -Повторно и покрај нашите постојани предупредувања и незаморни обиди да се ангажираме во дипломатија, Русија го избра патот на […]

НАТО на итен состанок поради рускиот напад врз Украина


Амбасадорите на НАТО утрово треба да одржат итен состанок за рускиот напад врз Украина, изјави претставник на Алијансата за западни медиуми. „Можеме да потврдиме дека НАК (советот на амбасадори) ќе одржи итен состанок утрово (четврток)“, рече претставник на НАТО. Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, потоа треба да одржи медиумска конференција, која се очекува околу 11.30 […]

НАТО почнаа воени вежби во Полска поради тензиите во Украина


Долго планираните воени вежби на НАТО „Saber Strike 2022“ денеска почнаа во Полска, во моменти на ќор-сокакот во односите меѓу Русија и Западот околу Украина, јави ДПА. Во меѓународните воени вежби учествуваат околу 1.300 полски војници, се наведува во соопштението на полската армија. „Тренинг вежбите како „Sabre Strike 2022“ се планирани однапред и не се […]

Столтенберг: Сè укажува дека Русија планира целосен напад на Украина


Германија– Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа во Минхен изјави дека сè укажува дека „Русија планира целосен напад“ на Украина, пренесе Бета. – Сите се согласуваме дека ризикот од напад е многу голем“, изјави Столтенберг за германската телевизија АРД во Минхен, каде што учествува на Минхенската безбедносна конференција. Неименуван претставник на Алијансата претходно изјавил дека НАТО […]