Наставник поттикнал насилство меѓу ученици


Нов случај на врсничко насилство денеска бил пријавен во полициска станица во кој поттикнувач бил поттикнувач бил наставникот во училиштето. -Денеска (23.05.2023) во Полициската станица Карпош, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 19.05.2023 на час во основно училиште на подрачје на општина Карпош, по претходно недоразбирање помеѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот […]

МОН: Граѓаните да пријавуваат насилство во училиштата, институциите постапуваат по секоја пријава


Институциите на системот постапуваат по секоја пријава за случај за врсничко насилство или било какво девијантно однесување во училиштата. Државата има  развиено механизам кој го сочинуваат сет закони, проектни мерки и активности за детекција и справување со врсничко насилство. Граѓаните треба да се охрабрат да пријавуваат било какви форми на насилство меѓу младите во училишните […]

Предложен притвор за мајка осомничена за семејно насилство врз сопствените деца


Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишна жена за која постои основано сомнение дека сторила две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената, на 7 мај во вечерните часови, во станот во кој престојувала на улицата „Орце Николов“ во Скопје, при вршење […]

Стигнале првите пријави за врсничко насилство на мејловите кои ги отвори МОН


Поплаки за врсничко насилство во Македонија пристигнале на е- маил адресата на Mинистерството за образование и наука (МОН). Десетина пораки има на новата електронска адреса на Министерството за образование која е отворена со таа цел, граѓаните, родителите, младите да пријавуваат врсничко насилство и надлежните да пристапуваат по пријавите. Некои од пораките се однесувале и на […]

Минатата година во Грција регистрирани 74 случаи на расистичко насилство


Во 2022 година, во Грција биле регистрирани 74 случаи на расистичко насилство во кои, поголемиот дел од жртвите се бегалци/мигранти или припадници на ЛГБТ заедницата, јави дописничката на МИА од Атина. Мрежата за регистрација на случаи на расистичко насилство денеска во Атина го презентираше годишниот извештај, а претседателката на Националната комисија за човекови права, професорката […]

Лани 77 пријави за семејно насилство во Ѓорче Петров, расте насилството кон жените


Локалната самоупрва на Ѓорче Петров вчера ја одржа првата трибина за превенција од семејно насилство во соработка со Националниот совет за родова рамноправност, претставници на Општината, основните училишта, градинката Росица, ПСОН Ѓорче Петров и членови на Советот. – Целта е промоција и унапредување на родовата еднаквост и различноста на локално ниво, како и подобрување на […]

Приведени насилници кои нападнале 39-годишник во Кисела Вода


Полициски службеници од Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал вчера ги лишиле од слобода Е.Ф. и И.Т. -Постапувајќи по пријава од Ф.Џ.(39), косовски државјанин, според која на 11.02.2023 во 22.30 часот пред и во продавница на подрачјето на Кисела Вода со тврд предмет бил физички нападнат од неколку лица, полициските службеници по […]

Хорор во Гевгелија: Ја викнал на роденден, па ја тепал со боксови и ја силувал, па ѝ ја запалил облеката


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Осомничениот, на 19 декември, со употреба на сила и сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и […]

МОН: Недозволиво е насилство во училиштата


Министерството за образование и наука ја поздравува одлуката на градоначалникот на општина Градско за разрешување на директорот на основното општинско училиште каде беше утврден случај на врсничко насилство. „Ја охрабруваме локалната самоуправа да продолжи и да ги интензивира активностите за градење на мирна и хармонична училишна средина во која секое дете ќе може да го […]

Протест на просветните работници во Србија против насилството во училиштата и за статус на службено лице


Во 47 општини и градови низ Србија почна протестот на просветните работници, со што денеска настава не се одржува во 820 основни и средни училишта. Протест на просветните работници е со барање да прекинат сите форми на насилство во училиштата и наставниците да добијат статус на службено лице. Протестот „Стоп за насилството во училиштата“ го […]

Предложен куќен притвор за насилникот врз новинарска екипа


  Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишно лице осомничено за насилство врз новинарска екипа. – Пријавениот, на 14 ноември, со грубо навредување и грубо насилство ја загрозил сигурноста на снимател од новинарска екипа, додека кај присутните сведоци – новинар и возач на телевизиската екипа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и […]

Насилство во Врање: Ученици биле принудени да шетаат голи во училница


Невиден случај на насилство меѓу ученици се случил во училиште во Врање, дознава „Новости“. Од обвинителството во Врање за „Новости“ потврдија дека возрасен ученик од околината на Бујановац се товари за кривично дело злоупотреба и тортура, додека малолетник е обвинет за насилничко однесување. Насилниците потоа ги принудувале малолетните ученици да се соблекуваат и да шетаат […]

Четири лица од струшко приведени за семејно насилство, жртвите ретко бараат помош од институциите


Во само еден ден полицијата во Струга лиши од слобода четири лица за два случаи на семејно насилство во струшко. Жртвите многу ретко бараат помош во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Струга. СВР Охрид соопшти дека вчера околу 9 часот полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода П.Д.(49) од струшкото село Ложани […]

До 10.000 евра обесштетување за жртви на насилство – ако немаат насилниците, ќе плаќа државата


Право на обесштетување имаат жртвите на дела со насилство што се казнуваат со затворска казна над четири години, а единствен услов е насилството да биде пријавено во полиција или во Обвинителство, пишува Слободен печат. До 10 илјади евра вкупно обесштетување од државната каса може да добие жртва на кривично дело со насилство во случаите кога […]

Тренчевска: Жените во политиката не се поштедени од насилство, да застанеме против него


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на регионалната конференција за борба против насилство врз жените во политиката, во организација на НДИ Северна Македонија во соработка со регионалната програма на НДИ за интегритет на политичките партии, a со поддршка на Европската мрежа на политички фондации, Меѓународниот центар Олоф Палем и Европскиот едукативен центар. […]

Истражување на Аналитика: Епидемија на насилство во средните училишта


речиси 63 отсто од учениците во средните училишта потврдуваат дека насилството е присутно во училишната средина, покажува истражувањето кое го спроведе тинк тенк организацијата „Аналитика“ во три средни училишта на територијата на Град Скопје (СУГС “Здравко Цветковски”, СУГС “Зефљуш Марку “и СУГС” Шаип Јусуф”). Истражувањето беше спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици во училишта […]

Притвор за маж кој поранешната жена ја тепал со тупаници и се заканувал дека ќе ѝ го убие семејството


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило продолжено кривично дело „телесна повреда“ според член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. За осомничениот, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, е предложен притвор. […]

Истражување за насилство во средните училишта


Аналитика тинк-тенк денеска организира завршен настан од проектот „Развој на култура на мир и превенција на насилство како основни вредности во образовниот систем во РС Македонија’’, кој е подржан од Амбасадата на Канада за Србија, Црна Гора и Северна Македонија. На настанот ќе биде презентиран Прирачник базиран на истражување врз репрезентативен примерок од 300 испитаници, […]

Истражување: 70 отсто од средношколците се сведоци на насилно однесување во училиштата


Дури 62,7 отсто од учениците сметаат дека насилството е често или постојано присутно во училишната средина. Најголем број од нив го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо, а во висок процент е присутно и психичкото и сајбер насилството. Седумдесет отсто од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но истото […]

Папа Франциск: Насилството врз жените е речиси сатанско


Папата Франциск го осуди насилството врз жените истакнувајќи оти мажите кои вршат такво насилство се занимаваат со нешто што е „речиси сатанско“. За време на разговорите со три жени и еден маж за италијанската мрежа ТГ5 папата истакна дека е „многу голем“ бројот на жени кои биле тепани и злоставувани во нивните домови. – Тоа […]