Скопјанец ги нападнал ќерката и сопругата во Аеродром


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 12.25 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Ѓ.Р.(44) од Скопје, затоа што околу 11.00 часот во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, физички ги нападнал својата 49-годишна сопруга и својата малолетна ќерка, а оштетил и дел […]

Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски од Градскиот парк испраќа порака дека врсничкото насилство булингот може да има сериозни последици доколку не се превенира и спречи. Денеска во Градскиот парк компанијата Макпетрол одржа музички хепенинг во рамки на кампањата Крени глас – Стоп за булинг каде учество зема и Општина Центар. Герасимовски оттаму порачува дека […]

Кина започна кампања против насилничкото однесување во училиштата


Министерството за образование на Кина објави дека започнува кампања за справување со проблемите, вклучително и прекумерните домашни задачи и малтретирањето во училиштата, како дел од напорите за зајакнување на менталното здравје на учениците. Министерството завчера соопшти дека спроведува едукација за ментално здравје за наставниците и учениците, со посебен осврт на децата на мигрантите од руралните […]

На девојче во училиште ѝ ги залепиле и ѝ ги скубеле веѓите


Врсничко насилство е забележано во училиште во околината на Задар. Две момчиња ѝ ги залепиле, а потоа ѝ ги искубале веѓите на девојче. Од страв таа чувала сѐ во себе, но по неколку дена раскажала што се случило. Веќе некое време трпела навреди и понижувања, ѝ биле кажувани секакви навредливи зборови. Сè до пред некој […]

Кривична пријава за полициски службеник за семејно насилство


СВР Битола – Отсек за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против Џ.Р., полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“. Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, на 29 јануари 2024 година во Битола Џ.Р. физички ја нападнал неговата невенчана сопруга […]

Средношколците се тепаат во автобусите од јавниот превоз


 Физичко насилство помеѓу средношколци, мотивирано на етничка основа, е честа појава во автобусите од јавниот превоз, покажува анкетата „Сајбер булинг во средините училишта во Република Северна Македонија“ што ја изработи Институтот за човекови права (ИЧП). Како што информираше Мартин Сопронов од ИЧП, на денешниот настан по повод презентација на резултатите од анкетата, децата побарале овој […]

Тренчевска: Од јануари до септември лани пријавени 1.166 случаи на семејно насилство, најчесто психолошко


 Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска информираше дека во делот на семејното насилство, минатата година најмногу било застапено психолошкото насилство. Како што рече, од јануари до септември лани пријавени се 1.166 случаи на семејно насилство, а од нив, 708 се поврзани со психолошкото насилство. -Од јануари до септември 2023 година имавме вкупно 1.166 […]

Кампања: „Стоп за семејното насилство. Жртвите не се виновни!“


На иницијатива на Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, како дел од кампањата „Стоп за семејното насилство. Жртвите не се виновни!“, денеска напладне на Градскиот плоштад во Скопје, се одржа едноминутен настан за тивка поддршка на жртвите на семејното насилство преку демонстрација на симболот кој означува барање помош. На […]

Приведени малолетен кавадарчанец и лице од неготинско село поради семејно насилство


 Малолетен кавадарчанец и лице од неготинско село во текот на вчерашниот ден биле приведени поради семејно насилство, информираат од СВР Велес. – Полициски службеници од ОВР Кавадарци во 20:30 часот лишиле од слобода малолетник, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 34-годишна мајка. За настанот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални […]

Истражување: Насилството присутно во училиштата


Оваа година, заклучно со минатиот петок, кај Народниот правобранител поднесени се 191 претставки за повреда на правата на децата од различни области. И натаму најголем број на претставки се за повреди на правата на детето во рамки на семејството, односно семејно-правните односи, каде акцентот се става и на насилството врз децата во семсјството. Потоа бројни […]

Истрага за синот кој го избодел таткото до смрт во Скопје – и откако паднал продолжил да го боде


за убиство при семејно насилство во Скопје 09/11/2023 21:15 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, при вршење семејно насилство, на 7 ноември го лишил […]

Прво мажот ја пријавил, па таа него – кој кого нападнал треба да открие полицијата


Синоќа во 23.00 часот во СВР Скопје 36- годишен маж пријавил дека околу 19.30 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром неговата 34- годишна партнерка физички го нападнала со остар предмет и му нанела повреди. – На 26.10.2023 во 01.00 часот во СВР Скопје 34-годишната жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 36- […]

Три случаи на семејно насилство пријавени во полиција


  Во полиција вчера биле пријавени три случаи на семејно насилство. Како што информира МВР, во првиот случај синоќа, во 23.45 часот, 33-годишна жена пријавила дека околу 20.30 часот во домот во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг И.М. Во вториот случај, пак, синоќа во 20.30 часот 20-годишна жена пријавила дека околу 6.00 часот […]

Бесплатно онлајн советување за жени – жртви на семејно насилство


Во рамки на советувалиштето на Сојуз – Национален совет за родова рамноправност, покрај бесплатната поддршка која се нуди за жени – жртви на семејно насилство (во форма бесплатна СОС линија, 141-700, достапна 24 часа), како и бесплатно советување со психолог, социјален работник и правен советник со физичко присуство во нашите простории, воведена е нова услуга […]

Жените се убивани и тепани. Огромниот дел молчат за насилството, државата исто така


  Освен скопските и велешкиот, другите шелтер-центри за жртвите на семејно насилство не функционираат. Проблеми има и кај функционалните: нема доволно кадар, несоодветни просторни услови, нема надзор и обезбедување. Проценка на ризик вршат лица кои не се обучени за тоа, па случаите не стигнуваат до оние што се вистински надлежни. Сите овие системски проблеми, придонесуваат, […]

Куманово ќе поддржи советувалиште за жртви од семејно насилство


Општина Куманово ќе одвои средства за да го поддржи советувалиштето за жртви на семејно насилство, одлучија советниците на последната седница. Како што информираа надлежните од Комисијата за еднакви можности за мажи и жени ќе се одвојат 711.000 денари за двегодишна поддршка на акцискиот план за рамноправност на жените и мажите. Од тие средства 60.000 се […]

Таткото и синот ја истепале мајката


Вчера околу 18.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 62-годишниот Ќ. Ј. и 25-годишниот Д. Ј. од гостиварско село, кои биле пријавени од 57-годишната сопруга и мајка дека физички ја нападнале, извести СВР Тетово. Тие се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање […]

Децата умеат да препознаат насилство


Децата знаат да препознаат насилство, а како најприсутно се јавува меѓуврсничкото, ова беше оценето во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“. На денешната конференција беа сумирани сите впечатоци и идеи произлезени од работилниците кои изминатиот период се одржуваа во рамки на проектот. Кристина Сибиновска, проектен […]

Покрај Белград, осмиот протест Србија против насилството и во уште девет други градови


Осмиот протест Србија против насилството, покрај Белград каде се собраа помалку граѓани отколку изминатите протести, денеска се прошири и во уште девет други градови, со блокада на сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград. Како што беше најавено, протести се одржаа во Суботица, Зрењанин, Нови Сад, Шабац, Крагуевац, Кралево, Ниш, Пирот и Лесковац, а во […]

Скопјанец осомничен за семејно насилство


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Тешка телесна повреда.     -Во семејниот дом на улицата „Партение Зографски“, во периодот од 25 до 30 мај, осомничениот 45-годишен скопјанец, во повеќе наврати вршел семејно насилство врз својата вонбрачна партнерка, […]