Сондата на НАСА, со примерок од астероидот Бену, слета на Земјата


Сондата „ОСИРИС-Рекс“ на НАСА слета на Земјата, во американската сојузна држава Јута, со помош на падобран, носејќи околу 250 грама материјал собран на астероидот Бену. Веднаш по слетувањето на Земјиното тло, примерокот успешно беше пренесен во лабораториите на НАСА во Тексас за тестирање. Со помош на 60 различни научни пристапи, тим од околу 200 стручњаци […]

Извештај за НЛО на НАСА: Што научивме од студијата за неидентификувани аномални феномени


Истражувањето на НАСА за стотици забележани НЛО откри дека нема докази дека вонземјаните стојат зад необјаснетите феномени, но вселенската агенција исто така не можеше да ја исклучи таа можност. Ако вистината е таму некаде, овој долгоочекуван извештај не нуди убедливи докази. Но, наведува како НАСА ќе ги истражи, како што ги нарекува UAPs (неидентификувани аномални […]

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета


Вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) на НАСА можеби ги открил првите докази за знаци на живот на далечна планета. Телескопот потенцијално открил молекула наречена диметил сулфид (DMS), која, барем на Земјата, ја произведуваат живи организми. Истражувачите нагласуваат дека сè уште немаат цврсти докази дека ова е навистина детекција на DMS на планета оддалечена 120 светлосни […]

Орбитерот на НАСА го фотографира индискиот лендер „Викрам“ на Месечината 


Американската вселенска агенција НАСА објави фотографија од индискиот лунарен лендер на површината на Месечината. Го прикажува лендерот „Викрам“ како мала дамка во центарот на сликата со „неговата темна сенка видлива на светлиот ореол што го опкружува возилото“. Лендерот на „Чандрајан-3“ се спушти во близина на малку истражениот јужен пол на Месечината на 23 август. НАСА […]

НАСА објави снимка од лет на хеликоптерот „Гениј” на Марс


Хеликоптерот „Гениј” (Ingenuity) изврши уште еден пробен лет и слетување на Марс, а сѐ тоа го сними роверот „Упорност“ (Perseverance). Беспилотното летало досега заврши повеќе од 50 летови иако се очекуваа најмногу пет лета. „Клучна цел на мисијата ‘Упорност’ на Марс е астробиологијата, вклучително и потрагата по знаци на микробиолошки живот во минатото“, соопшти НАСА. […]

НАСА ја избра компанијата „Локхид Мартин“ за развој на летало за Марс


 Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА и Напредната одбранбена агенција за истражувачки проекти – ДАРПА ја избраа компанијата „Локхид Мартин“ за конструкција и развој на вселенско летало со нуклеарен термички ракетен мотор за идните мисии на Марс. Нуклеарниот термички погон (НТП) има неколку предности во однос на ракетите со хемиски погон. Пред сѐ, тој е […]

НАСА претвора 98 отсто од урината и потта на МВС во вода за пиење


Американската вселенска агенција НАСА достигна технолошка пресвртница која еден ден би можела да игра важна улога во мисиите на Месечината и пошироко. НАСА откри дека системот за контрола на животната средина и поддршка на животот ECLSS на Меѓународната вселенска станица постигнал 98 проценти рециклирање на водата што ја носат астронаутите на МВС. Овој систем користи […]

Роверот на НАСА испрати спектакуларна разгледница од Марс откако беше разбуден од „дремката“


  На почетокот на април, роверот на НАСА, „Кјуриозити“ (Curiosity), беше во хибернација неколку дена поради надградба на софтверот. Помеѓу 3-ти и 7-ми април, на неговиот компјутер беа инсталирани дури 180 индивидуални надградби, подобрувајќи ги неговите бројни опции. По ажурирањето на софтверот, „Кјуриозити“ сега е побрз, неговите гуми помалку се трошат, обработката на снимените фотографии […]

(Видео) НАСА објави компилација од импресивни сцени од Земјата во 4К резолуција


Американската вселенска агенција НАСА објави спектакуларно видео кое содржи сцени од Земјата во висока резолуција. Малкумина имале можност да ја видат Земјата во живо од орбитата, а за сите останати кои не можат, НАСА објави одлично видео. Станува збор за компилација од импресивни снимки, односно снимки од нашата планета кои се направени помеѓу март 2022 […]

(Видео) Погледнете ја куќата за симулација на живот на Марс


Четири мали соби, теретана и многу црвен песок – НАСА претстави куќа во која четири лица од јуни ќе бидат затворени повеќе од една година за да симулираат живот на Марс. Живеалиштето наречено Mars Dune Alpha се наоѓа во истражувачки капацитет на американската вселенска агенција во Хјустон, Тексас. Четворица волонтери кои ќе живеат таму ќе […]

Новите скафандери на астронаутите на НАСА ќе бидат во црна боја


Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (NASA) и компанијата со седиште во Тексас, Axiom Space, претставија нов дизајн за вселенски костим што би можел да го носи првата жена и личност која не е бгелец, што ќе одат на Месечината. Вселенските костуми претставени во Вселенскиот центар Хјустон се прототипови, иако компанијата вели дека костимите за […]

(Видео) Вселенската капсула на Спејс икс со четиричлен екипаж слета на Земјата


  Четири членови на екипажот на капсулата на Спејс икс (SpaceX), Crew Dragon слетаа крај брегот на Заливот на Флорида во саботата, безбедно враќајќи се од петмесечната научна мисија на Меѓународната вселенска станица. Капсулата Endurance на Спејс икс падна со падобран во водите во близина на брегот на Тампа кратко по 21 часот по локално […]

Враќањето на еден американски и двајца руски астронаути од МВС одложено за септември


  Двајца руски и еден американски астронаут кои не можеа да се вратат од Меѓународната вселенска станица (МВС) поради проблеми со притисокот во капсулата на леталото, ќе можат да се вратат на Земјата во септември, наместо во март како што беше планирано, соопшти денеска руската вселенска агенција Роскосмос. „Се очекуваше Сергеј Прокопјев, Дмитриј Петелхин и […]

НАСА и „Боинг“ развиваат концепт на нов одржлив авион


  Американската вселенска агенција НАСА се здружи со компанијата „Боинг“ во развој за „зелена“ технологија за комерцијални летови. Двете организација ќе соработуваат во проектот Sustainable Flight Demonstrator со цел производство, тестирање и употреба на авион со еден премин со крајот на декадата, што ќе ја намали емисијата на гасови. НАСА планира во 2028 година да […]

Зелената комета се приближува кон Земјата. Ако ja пропуштите сега, никогаш нема да ja видите


  Светло зелена комета ќе прелета покрај Земјата за прв пат по 50.000 години и би можела да остане во близина на нашата планета околу еден месец. Претставниците на НАСА изјавија дека ледениот посетител првпат бил забележан во март 2022 година додека бил во орбитата на Јупитер. Жителите на северната хемисфера од вчера можат да […]

Наследникот на „Џејмс Веб“ на НАСА ќе бара планети слични на Земјата, ќе го надградуваат роботи во Вселената


  Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА откри нови податоци за наследникот на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“. Новиот проект е првично проценет на 10 милијарди долари. Станува збор за телескопот „Хабитабл ворлд обсерватори“ (ХВО) којшто ќе има задача да бара егзопланети во Вселената слични на Земјата, а се очекува да биде пуштен во употреба и […]

НАСА: Минатата година беше петта најтопла година во светската историја


Минатата година беше петта најтопла година досега, а изминатите девет години беа деветте најтопли од прединдустриското време, што ја доведе во опасност целта на Парискиот договор од 2015 година, да е ограничи глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени, изјавија денеска американските научници. Минатата година е изедначена со 2015 година, како петта најтопла година од водењето […]

Необични форми во кратерите на Марс го откриваат неговото фасцинантно минато


Орбитерот на НАСА кој кружи околу Марс на своите фотографии снимил необични форми во големите кратери. Како што напиша Пол Гејслер на официјалниот блог, овие необични форми ги заинтересирале научниците. Имено, на фотографиите се прикажани примери за кои Геислер и неговиот тим веруваат дека претставуваат трајни „лузни“ на површината на Марс што ги остави мразот […]

Како НАСА избира кои кандидати ќе станат астронаути?


Според американската вселенска агенција НАСА, само 10 кандидати биле избрани за класата астронаути во 2021 година од повеќе од 12.000 апликанти. Главните две барања поставени од вселенската агенција за дури и да аплицирате за работа астронаут се да сте државјанин на САД и да имате магистерски студии по природни науки. Покрај тоа, кандидатите мора да […]

Капсулата Орион на НАСА стигна до Месечината и направи прекрасна фотографија


  Леталото Орион на НАСА, во понеделникот стигна до Месечината, откако прелета 130 км над Месечевата површина и сега ќе почне да влегува во пошироката орбита. Капсулата, во која место посада има три кукли со сензори за мерење вибрации, космичко зрачење и останатите услови во вселената, а на Месечината ѝ пријде од темната страна која […]