НАСА го тестира првиот систем за навигација на вселенски летала што работи без GPS


Мисијата „Старлинг“ на НАСА го демонстрираше првиот навигациски систем од ваков вид, кој му овозможува на вселенското летало да ја одреди својата позиција во орбитата со следење на други објекти во вселената, наместо да се потпира на GPS. Системот, наречен FALCON, користи камери што веќе се наоѓаат на вселенското летало за да идентификува други објекти […]

Започнува изградбата на базата на НАСА на Месечината, ќе чини 30 милијарди долари


Планот на НАСА од 30 милијарди долари за изградба на база на Месечината влегува во сериозна фаза на имплементација. Вселенската агенција брзо развива начини за испорака на лендери, ровери, возила и друга опрема на површината на Месечината за да се избегнат скапи одложувања. Како дел од тој напор, НАСА објави во вторник дека ќе им […]

Двајца астронаути на НАСА поправија роботска рака на МВС за време на седумчасовна вселенска прошетка


Астронаутите на НАСА, Џесика Меир и Крис Вилијамс, извршија седумчасовна вселенска прошетка за да ја поправат роботската рака на Меѓународната вселенска станица (МВС), соопшти синоќа американската вселенска агенција, пренесе ДПА. Астронаутите замениле зглоб од околу 90 килограми на раката за време на активност надвор од леталото, соопшти НАСА. Роботските раце на МВС се користат за […]

Астронаутите ќе поправат роботска рака на МВС за време на вселенска прошетка, гледајте го преносот во живо


Астронаутите од американската вселенска агенција НАСА денес (30 јуни) ќе ја поправат роботската рака Canadarm2 на Меѓународната вселенска станица (ISS), а нивната вселенска „прошетка“ може да ја гледате во живо. Астронаутите Крис Вилијамс и Џесика Меир денес ќе изведат вселенска прошетка пред МВС, која ќе трае приближно 6,5 часа. НАСА обезбеди пренос во живо, што […]

Италијанец ќе стане првиот европски астронаут на мисијата „Артемис“ на НАСА


Италијанскиот астронаут од Европската вселенска агенција (ЕСА), Лука Пармитано ќе биде првиот Европеец што ќе учествува во програмата „Артемис“ на НАСА, објави вчера раководителот на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, Џаред Ајзекмен. Се очекува лансирањето да се случи во 2027 година. Но, не се очекува вселенското летало да слета на Месечината, туку само во орбитата на […]

На 9 јуни, НАСА ќе го открие четиричлениот екипаж на мисијата „Артемис III“ и нови детали за програмата


НАСА објави дека ќе го претстави четиричлениот екипаж на мисијата „Артемис 3“ и ќе објави нов преглед на напредокот на програмата на 9 јуни во вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон. Американската вселенска агенција, исто така, објави дополнителни информации за текот на подготовките за мисијата. „Артемис III“ претходно беше замислен како прво слетување во рамките на […]

НАСА ги објави плановите за постојана база на Месечината до 2032 година


Американската вселенска агенција НАСА објави детали за роботските лендери, беспилотните летала и возилата што планира да ги испрати на Месечината како дел од изградбата на постојана база на Месечината. „Блу Ориџин“, вселенската компанија на основачот на Амазон, Џеф Безос, е меѓу избраните компании што ќе ги изградат машините, објави BBC News. Соединетите Американски Држави сакаат […]

НАСА на 6 март праќа лет со човечка посада околу Месечината


НАСА соопшти дека за 6 март планира лансирање на човечка посада на лет околу Месечината, првпат по повеќе од половина век. Тоа би требало да биде најдалечното патување на човештвото во вселената, пренесе BBC News. Мисијата „Artemis II“ ќе вклучува четворица астронаути кои ќе тргнат на десетдневно патување околу темната страна на Месечината и назад кон Земјата, […]

Најголемата вселенска трагедија! Луѓето со неверување гледаа како умираат астронаутите


Вселенскиот шатл „Колумбија“ беше првиот вселенски шатл на НАСА и симбол на технолошкиот напредок на САД. Првпат лансиран на 12 април 1981 година, Колумбија успешно заврши серија мисии и служеше како клучна алатка за истражување на вселената. За жал, неговото патување заврши трагично на 1 февруари 2003 година, кога беше уништен за време на повторното […]

НАСА ја изгуби врската со вселенското летало МАВЕН на Марс


Американската вселенска агенција НАСА веќе две недели не добива податоци од вселенското летало МАВЕН на Марс. – Во тек се напори за повторно воспоставување контакт, изјави портпаролката на НАСА за Германската новинска агенција (ДПА). НАСА на 15 декември соопшти дека „краток фрагмент од податоци за следење“ од почетокот на месецот сугерира дека сондата можеби „ротира […]

Американскиот Сенат го потврди милијардерот Ајзакмен за нов шеф на НАСА


Американскиот Сенат го потврди претприемачот милијардер Џаред Ајзакмен за шеф на Националната аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА), со што завршија неколкумесечните неизвесности околу раководството на вселенската агенција. Ајзакмен, близок соработник на технолошкиот милијардер Илон Маск, беше потврден со 67 гласа „за“ и 30 „против“. Тој сега ќе ја надгледува амбициозната лунарна програма на американскиот претседател […]

Номинираниот за шеф на НАСА предлага испраќање мисија на Марс во 2026 година


Номинираниот од американскиот претседател за шеф на НАСА, милијардерот Џаред Исакман, предложи испраќање беспилотна мисија на Марс уште следната година, објави Блумберг. Блумберг тврди дека има извадоци од планот на Исакман за „Проект Атена“. Во документот се наведува дека една од компаниите способни да им помогнат на САД да испратат мисија на Марс би можела […]

Маск и шефот на НАСА се расправаат околу тоа кој треба да ја води американската вселенска агенција


 Привремениот шеф на НАСА, Шон Дафи и милијардерот Илон Маск си разменија остри реплики на интернет за тоа кој треба да ја води вселенската агенција, еден ден откако Дафи ги покани компаниите да се натпреваруваат со „СпејсИкс“ на Маск за мисија за слетување на Месечината. Спорот меѓу НАСА и главниот извршен директор на „СпејсИкс“ излезе […]

Бројот егзопланети, потврдени од НАСА, достигна 6.000 тела


Бројот на егзопланети откриени и потврдени од американската Национална воздухопловно-вселенска администрација (НАСА), достигна 6.000 далечни вселенски тела. Тој подвиг е постигнат по само три десетлетија истражување на светови надвор од нашиот Сончев Систем. „Само пред три години, тој број беше 5.000. Барем по номинална вредност, стапката на откривање изгледа експоненцијална – што е добра работа, […]

НАСА им забрани на Кинезите да работат во нејзината вселенска програма


Американската вселенска агенција НАСА им го одби пристапот на кинеските граѓани со важечки американски визи до нејзините објекти, потег што ефикасно им забранува да работат во еден од најпрестижните центри за вселенски истражувања во светот, објавува Би-би-си. Реклама Кинеските државјани, кои можеле да работат во НАСА само како изведувачи или студенти кои придонесуваат за истражување, […]

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината


Американската вселенска агенција НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на површината на Месечината, објави Политико, повикувајќи се на внатрешни документи на агенцијата, објави ДПА. Според информациите, вселенската агенција има намера да побара конкретни предлози од индустријата во рок од 60 дена за реактор од 100 киловати, кој треба да биде оперативен до 2030 година. Според […]

Роскосмос и НАСА се согласија да управуваат со МВС до 2028 година


Руската вселенска агенција Роскосмос и НАСА се согласија да продолжат со заедничката работа на Меѓународната вселенска станица (МВС) до 2028 година, изјави денеска директорот на руската агенција Дмитриј Баканов. Тој имаше прва лична средба со својот американски колега од 2018 година. „Дијалогот помина добро. Се согласивме да продолжиме со работата на МВС до 2028 година. […]

Во вселената останаа 9 месеци подолго од планираното. Добија по пет долари дневно за непланирани трошоци


Некој веројатно би помислил дека астронаутите на НАСА, кои останаа во вселената девет месеци подолго отколку што требаше, добија огромна компензација за нивниот неочекувано продолжен престој на „работата“. Сепак, тоа не е случај. Суни Вилијамс и Буч Вилмор добивале само пет долари дневно за дополнителните 278 дена што ги поминале на Меѓународната вселенска станица (ISS), […]

Американските астронаути се вратија дома по непланираниот деветмесечен престој што требаше да трае осум дена


Санита – Сани Вилијамс и Бери – Буч Вилмор официјално се дома. Американските астронаути безбедно се вратија на Земјата, сношти – на 18 март, по продолжениот деветмесечен престој во Вселената. Нивното патување назад доаѓа откако заедничка екипа на НАСА и „Спејс-Икс“ однесе четворица нови астронаути – две жени од Соединетите Американски Држави, и по еден […]

Двајцата астронаути кои заглавија на МВС со месеци конечно се враќаат на Земјата


Двајцата астронаути на НАСА заглавени на Меѓународната вселенска станица се упатуваат назад на Земјата со SpaceX за да ја завршат драматичната мисија што започна со пробен лет на Боинг пред повеќе од девет месеци, јавува Асошиетед прес. Буч Вилмор и Суни Вилијамс се простија од Меѓународната вселенска станица – нивниот дом од минатата пролет – […]