НБ: Од сега и бесплатно, дигитално добивање извештај од Кредитниот регистар


Народна банка им овозможи на граѓаните брзо и лесно добивање извештај од Кредитниот регистар, преку Националниот портал за услуги www.uslugi.gov.mk, соопштија од НБ. Директна врска за да се извади извештајот за кредитната изложеност е https://uslugi.gov.mk/register.nspx. Како и до сега, кога услугата се добиваше единствено во просториите на Народната банка, таа е бесплатна, посочуваат од централната […]

Рамковните договори со банките се клучна алатка за заштита на потрошувачките права


Граѓаните во кое било време можат да ги затворат платежните сметки и платежните картички, при што банките не смеат да наплатат надоместок за тоа, доколку договорот којшто клиентот го има со банката е постар од шест месеци. На барање на клиентот, банката е должна веднаш да ја затвори сметката, но доколку во договорот е предвиден […]

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво


Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари изнесува 5,55 проценти и е зголемена за 0,08 процентни поени на месечна и 0,57 процентни поени на годишна основа, објави Народната банка.  Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,72 проценти и на месечно ниво таа е намалена за 0,07 процентни поени, при годишен раст од 0,79 […]

Народна банка ќе ја јакне денаризацијата и долгорочното штедење кај банките


Советот на Народната банка, на вчерашната редовна седница, ја усвои Одлуката за задолжителна резерва, којашто предвидува сет од сеопфатни мерки главно насочени кон натамошна поддршка на процесот на денаризација во банкарскиот сектор и зголемување на долгорочното штедење во банкарскиот систем. Воедно, мерките овозможуваат и поедноставување, модернизација и усогласување на системот на задолжителна резерва со поставеноста […]

Како да се заштитите од измами преку сомнителни пораки: Еве што велат од Народна банка


Народната банка соопшти дека обезбедува финансиска едукација преку која ги информира граѓаните за ризиците од кибернапади, како што е измамата преку сомнителни пораки (фишинг). Според Банката, брзиот технолошки развој и дигитализацијата, отворањето на ИТ-системите кон надворешни платформи за комуникација, сѐ повисокиот износ на електронски трансакции, наметна потреба од јакнење на свесноста и засилена едукација на […]

Ангеловска-Бежоска: Според анкетата на Светска банка, Народна банка е домашна институција со најголема доверба


Според анкетата на Светска банка, Народна банка е домашна институција којашто ужива најголема доверба во државата. Довербата на граѓаните и на институциите во нашата централна банка е на повисоко ниво и во однос на некои меѓународни институции, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во разговорот за емисијата „Каде се парите“ со Горан Теменугов на порталот „Пари“. […]

Народна банка ја задржа основната каматна стапка на нивото од 6,30 проценти


Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари, одлучил вчера на редовна седница Комитетот за оперативна […]

Народна банка: ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за уште една година


Народната банка денеска соопшти дека на нејзино барање, Европската централна банка (ЕЦБ) донела одлука со која ја продолжила можноста за пристап до репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, до 31 јануари 2025 година. – Ако се употреби, репо–линијата обезбедува брза достапност до девизна ликвидност и претставува уште еден заштитен слој за гарантирање на стабилноста […]

Ценовната стабилност и стабилноста на денарот приоритети на Народна банка и следната година


Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2024 година, во којашто се предвидени активности и нови проекти, заради натамошно успешно остварување на стратегиските цели. На состанокот, како што денеска информираа од Народната банка, биле разгледани и повеќе тековни активности, вклучително и Извештајот за учеството, препораките и активностите на Народната банка во процесите […]

Во октомври годишен раст на депозитите од осум отсто, а 5,3 отсто на кредитите


Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 8,0%, како резултат на повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Годишниот пораст на кредитите, пак, е 5,3% и произлегува од зголемувањето на кредитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства, соопшти Нардоната банка. Паричната маса во октомври забележа месечен […]

Народна банка прогнозира раст на БДП од 1,9 отсто и инфлација од 9,5 отсто


Годинава ќе ја завршиме со раст од 1,9 отсто и инфлација од 9,5 отсто, покажуваат есенските макроекономски проекции на Народната банка кои беа презентирани денеска. За наредната година, централната банка предвидува раст од 3 отсто и инфлација од 3,5 до 4 отсто, а на среден рок за 2025 и 2026 година се предвидува раст од 4 […]

Народна банка: Основната камата останува 6,30 отсто ‒ монетарната политика и натаму е затегната


На 31 октомври 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На оваа седница на Комитетот за оперативна […]

Во септември годишен раст од 8,9 отсто на вкупните депозити и 5,8 отсто на кредитите


Вкупните депозити во септември, на годишно ниво, се зголемени за 8,9%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот домаќинства, соопшти Народната банка. Годишниот пораст на кредитите, пак, е 5,8% и произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот домаќинства.  Во септември 2023 година, […]

Народна банка подготви брошура за безбедност при користењето дигитални финансиски производи и услуги


Народната банка подготви брошура за безбедност при користењето дигитални финансиски производи и услуги. Во брошурата на систематизиран начин се објаснети повеќе препораки за безбедно користење на дигиталните финансиски производи и услуги. Граѓаните можат да се информираат повеќе за дигиталните финансиски канали и услуги што им стојат на располагање (плаќање со платежна картичка преку интернет, електронско […]

Со новата алатка граѓаните полесно ќе ги споредуваат надоместоците што ги наплатуваат банките


„Податоците коишто ги објавуваат банките и терминологијата којашто ја користат во тарифниците за услугите што ги наплатуваат, иако се детални и сеопфатни, сепак не се стандардизирани, ниту унифицирани и за граѓаните не се лесно споредливи. Оваа тешкотија за граѓаните се надмина со донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи и подзаконските акти на […]

Високите камати го забавија кредитниот раст


Домашниот финансиски сектор добро се справи со предизвиците и уште еднаш покажа дека е отпорен на шокови и има капацитет за справување со кризи, оценува оценува Советот на Народната банка во Извештајот за финансиската стабилност за 2022 година, усвоен на денешната седница. – Банкарскиот сектор ја задржа стабилноста на своите биланси. Остварувањата на пензиските фондови […]

Геоекономската фрагментација може да го намали глобалното БДП до 12 отсто


Геоекономската фрагментација е глобален ризик кој може позначајно да се одрази на глобалните трговски и финансиски текови, а со тоа и врз економскиот раст, особено кај помалите и помалку развиени економии. Проценките за загубите од долгорочното ограничување на глобалните текови на добра, услуги, финансии и технологија се проценува од 0,2 до 12% од глобалното БДП, […]

Инфлацијата во фокусот на меѓународната конференција на НБ и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс


„Повторното актуализирање на инфлацијата и новата геополитичка реалност во прилог на преосмислувањето на макроекономската политика“ е темата на Деветтата меѓународна истражувачка конференција, којашто Народната банка годинава ја организира во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ). Конференцијата, со поздравни обраќања, ќе ја отворат претседателот Стево Пендаровски и челните претставници на институциите-организатори, гувернерката Анита […]

Клубот на истражувачите на Народната банка ќе ја одржи 48. сесија


Клубот на истражувачите на Народна банка преку видеоконференциска врска на е-платформата „Вебекс“ денеска ќе ја одржи 48. сесија. Како што информираат од Народна банка, на сесијата ќе биде презентиран трудот „Поврат на акции, ризик и карактеристики на претпријатијата на пазарите во развој: Емпириски докази од Македонската берза“ од авторката Александра Данева.

Граѓаните ќе може да ги споредуваат трошоците на услугите на банките


Народната банка на својата интернет-страница до крајот на овој месец ќе започне да објавува споредбени податоци за видот и висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежните сметки, по поединечен давател на платежни услуги (по банка). Како што известуваат од НБРМ, овие активности на се преземаат за натамошно зајакнување на заштитата на граѓаните како […]