Нападнати туристи во Париз: Загина германски државјанин


Еден маж е убиен, а двајца се повредени во напад со нож и чекан на улица во центарот на Париз. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека напаѓачот ги нападнал туристите околу Кеј де Гренел, недалеку од Ајфеловата кула. Тој додаде дека уапсениот 26-годишен француски државјанин од претходно им бил познат на безбедносните […]

Израел знаел за планот за напад на Хамас една година порано, објави „Њујорк тајмс“


  Една година пред нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, меѓу израелските официјални лица се ширеше документ со детали за плановите за извршување на нападот, пишува „Њујорк тајмс“. Иако документот од приближно 40 страници прегледан од „Тајмс“ не означува конкретен датум на напад, во него се наведени методите на напад со цел да […]

Уапсен маж во врска со напаѓачот од Брисел


Во Франција е уапсен маж поврзан со напаѓачот кој уби двајца Швеѓани во Брисел. Француските специјалци вчера уапсија маж недалеку од центарот на градот, а при апсењето не нашле огнено оружје, туку само му ги одзеле дигиталните уреди како телефони и компјутери. Уапсениот, за кој се верува дека е од туниска националност, како и убиецот […]

Неколкумина загинати во вооружен инцидент во Ротердам


Неколку лица загинаа откако напаѓач отвори оган во куќа во холандскиот град Ротердам, а потоа во Универзитетската болница „Еразмус“. По пукањето на двете места изби пожар. Сè уште не е познато колку луѓе загинале, а колку се повредени во вооружениот инцидент. Полицијата соопшти дека уапсила 32-годишен напаѓач. По апсењето на осомничениот, холандската полиција соопшти дека […]

Украина нападната од Русија со 38 беспилотни летала, 26 се соборени


 Русија синоќа ја нападна Украина со 38 беспилотни летала „Шахед“, соопшти денеска украинското воздухопловство, наведувајќи дека биле соборени 26 дронови. „Регистрирано е дека се испратени 38 беспилотни летала „Шахед““, се вели во дневниот извештај на воздухопловните сили на Телеграм. Во соопштението се додава дека се уништени 26 беспилотни летала од иранско производство. Регионот Одеса е […]

Големиот руски напад на Украина – експлозии во Киев и пет други градови


Руските сили утринава го нападнаа Киев и уште пет украински градови. Две лица загинаа во Херсон, а ранети се вкупно 21 лице, меѓу кои и едно деветгодишно девојче во Киев. Деветгодишно девојче е меѓу седумте повредени откако Русија утринава изврши воздушен напад во Киев, изјави градоначалникот на главниот град. Во објава на Телеграм, градоначалникот Виталиј […]

Вработена во хотел си ја побарала последната плата пред да даде отказ – сопственикот ја нападнал


Бројни здруженија од Мостар, Коњиќ, Јабланица и Сараево за денеска во 18 часот најавија масовни протести во Јабланица. Протестите се одржуваат во знак на поддршка за Ениса Клепо, вработена во хотелот „Јабланица“ која беше физички нападната од сопственикот на хотелот Амир Џафиќ, но и во знак на поддршка за сите жени кои се жртви на […]

Во Јужна Кореја напаѓач со автомобил влетал во случајни минувачи, а потоа напаѓал со нож, еден загинат, 14 повредени


Најмалку едно лице е убиено во напад со нож во Јужна Кореја, јави јужнокорејската приватна новинска агенција. Маж од јужнокорејскиот град Сонгнам во четвртокот со својот автомобил влетал во случајни минувачи, а потоа излегол од возилото и избодел некои од нив, при што повредил 14 лица. Девет лица беа избодени со нож, а пет беа […]

Одреден притвор за девојчето кое со нож нападна две лица во училиштето „Руѓер Бошковиќ“


На девојчето (15) кое на 4 мај во училиштето „Руѓер Бошковиќ“ им нанело физички повреди на врсник и наставник (45), му е одредена мерка притвор, дознава „Танјуг“. Таа вчера била пуштена од психијатриската установа каде била сместена, по што била однесена пред судијата за малолетници во Вишиот суд во Белград.   Ѝ бил одреден притвор […]

Напад во теретана во Дуизбург: Најмалку четири лица избодени со нож


Германската полиција соопшти дека напаѓач повредил неколку лица во спортска сала во западниот град Дуизбург. Нападот се случил вечерва во центарот на стариот град и полицијата побарала од жителите да ја избегнуваат областа, пишува Индипендент. „Според досегашните информации, едно лице со предмет повредило други лица. Ситуацијата во моментов е сè уште конфузна“, објави полицијата на […]

Израелската војска, втора ноќ по ред, гаѓа цели во предградијата на Дамаск


Израелската авијација и синоќа, втора вечер по ред, ги нападна предградијата на сирискиот главен град Дамаск, јави сириската државна агенција САНА. -Експлозии се слушаат над Дамаск втора ноќ по ред, изјавуваат  жители на сирискиот главен град, јави САНА, но не соопштува дали има жртви во нападите. На нападите на израелската авијација одговорила сириската противвоздушна одбрана и […]

(Видео) Нови детали за нападот во училиштето во САД, објавена снимка од напаѓачката


Вчера, три деца и тројца возрасни беа убиени во пукање во приватно основно христијанско училиште во Нешвил, на југот на САД. Нападот го извршила 28-годишна жена идентификувана како Одри Елизабет Хол, поранешна ученичка во училиштето, која била убиена од полицијата на местото на настанот. Убиените деца биле на возраст меѓу осум и девет години. Џон […]

Албанската опозиција предлага затворска казна до 5 години за напад или закана против медиумски работници


 Албанските опозициски демократи доставија до парламентот предлог-измени и дополнувања на кривичниот законик, со кои се бараат казни од 1 до 5 години затвор за лицата кои физички нападнале новинари, сниматели или фоторепортери за време на извршувањето на нивната должност. Текстот на предлогот во законодавниот дом го достави пратеничката Ина Жупа, која изјави дека со поднесената […]

Германскиот конзулат во Истанбул затворен поради опасност од напад


Германскиот конзулат во Истанбул денеска е затворен поради зголемена закана од напад во најголемиот турски град, соопшти германското Министерство за надворешни работи. Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим. Германското МНР соопшти дека потегот за затворање […]

Вооружен напаѓач го убил шефот на обезбедувањето на Амбасадата на Азербејџан во Техеран


Маж вооружен со автоматска пушка „калашников“ денеска ја нападна амбасадата на Азербејџан во главниот град на Иран, Техеран, при што го уби шефот на обезбедувањето и рани двајца чувари, соопштија официјални лица. Сѐ уште никој не кажа кој би можел да биде мотивот за нападот во Техеран. Иранските медиуми не објавија веднаш за нападот. Во соопштението […]

Најмалку двајца убиени и пет повредени во нападот со нож во воз во Германија


Најмалку две лица се убиени, а пет се повредени во нападот со нож во воз во северна Германија, објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на портпарол на федералната полиција. Германската полиција соопшти дека маж нападнал со нож неколку патници пред возот кој патувал од Кил кон Хамбург да стигне на железничката станица во Брокштет. Портпаролот […]

(Видео) Напад со нож во Париз, повредени шестмина


Најмалку шест лица се повредени утринава во Париз во нападот со нож на железничката станица  Гар ду Норд, јави француската телевизија БФМ. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека „едно лице повредилo неколкумина на железничката станица Гаре ду Норд во Париз“. Тој додаде дека тоа лице било „неутрализирано“ од полициските сили. […]

Маж во Загреб со секира нападнал жена и дете, девојчето починало


  Маж (41) доцна синоќа во Загреб, Хрватска, на улицата „Козара“, со секира нападнал жена на возраст од 41 година и дете од 1,5 години. Побегнал и се фрлил под автомобил. Од последиците здобиени од повредите девојчето починало во болница во Загреб. Напаѓачот побегнал и завршил на обиколницата каде на него налетало возило и го […]

(Видео) Убиени тројца војници во напад врз база длабоко во Русија


Тројца руски војници загинале изутрината при паѓање на остатоци од украинско беспилотно летало што беше соборено пред да изврши напад врз базата Енгелс во руската област Саратов, објавија руските новински агенции, цитирајќи го Министерството за одбрана. Тоа беше втор напад на базата овој месец. „Украинско беспилотно летало беше соборено на мала височина додека се приближуваше […]

Киев под жесток напад со дронови – експлозии во центарот на градот


  Најмалку две силни експлозии одекнаа во главниот град на Украина во раните утрински часови. Надлежните тврдат дека Киев е погоден од низа руски дронови од иранска изработка. Повеќе локални извори известија за експлозии во центарот на Киев. Неколку гласни експлозии се слушнаа и во околината на градот, јавија сведоци за „Ројтерс“. Забележан е пожар […]