Малолетник приведен по нападот во Франција


Во текот на ноќта, француската полиција приведе лице за кое се верува дека е вмешан во вчерашниот напад во југозападна Франција, јавија локалните медиуми. Притворениот е малолетен, роден во 2000 година, и бил пријател на напаѓачот Редуан Лакдим. Жена поврзана со 25-годишниот Лакдим беше уапсена вчера. Синоќа обвинителството соопшти дека истражува дали напаѓачот со мароканско потекло […]

Три лица претепаа маж во неговата куќа во Скопје


Три лица синоќа нападнале маж во неговата куќа во Скопје, при што му нанеле повреди на телото, соопшти МВР. Инцидентот се случил вчера околу 22:30 часот во куќата на 37-годишниот Д.С. на улица „Радишани“ во Скопје. Три лица со возило „Опел Вектра“, од кои едниот бил идентификуван како Д.Т. од Петровец со дрвени стапови ја оштетиле […]

Нападнат и претепан Бранко Синадиновски


Основачот на верската заедница на православните Албанци во Македонија Бранко Синадиновски вчера бил нападнат од две непознати лица во Скопје. Случајот е пријавен во полиција, која го истражува мотивот. Синадиновски физички бил нападнат во близина на неговиот стан во населба Аеродром. Синадиновски стана познат во јавноста по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за […]

Полицајката проговори: Асани не ме нападна, сама се удрив


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со полициската службеничка Јасмина Јаначковска, со цел лично да се информира за вчерашниот инцидент. Функционерот на ДУИ, Бекир Асани вчера ја нападна полициската службеничка, при кревање на неговото возило со специјално возило на „Пајак“ – службата. Таа, како што се наведува во соопштението на МВР, била […]

Девојка нападната од кучиња скитници во Градски парк


Дваесетгодишна девојка од Скопје вчера била нападната од кучиња скитници во Градски парк. Како што информира МВР, вчера во 11:30 часот, Б.Н.(20) пријавила дека додека се движела во Градски парк била нападната од 5-6 кучиња скитници, од кои едното ја гризнало за левата нога

Нападнат прилепчанец и запалено неговото возило


Дваесет и двегодишен прилепчанец ноќеска бил физички нападнат од двајца мажи кои му го демолирале и запалиле и возилото. Тој во полиција пријавил дека бил нападнат околу еден часот по полноќ кога заедно со негов другар се паркирал со возилото „пежо 306“ на улицата „Марксова“. Напаѓачите дошле со „ауди А3“ и еден од нив без […]

Најмалку 10 повредени при експлозија во Санкт Петербург


Најмалку десет лица се повредени денеска при експлозија во еден прометен супермаркет во рускиот град Санкт Петербург. Властите соопшти дека четворица од жртвите се здобиле со посериозни повреди и се хоспитализирани, додека останатите шестмина по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Причините за експлозијата што се случила во магацинот на супермаркетот засега не […]

Москва: Специјалци влегоа во фабриката, приведен напаѓачот


Специјални единици од националната гарда на Русија извршија упад во кондиторската фабрика во Москва, и го приведоа напаѓачот, кој утрово уби еден човек и рани тројца. Локалните медиуми наведуваат дека напаѓачот е пронајден и приведен, а од објектот веќе не се слушаат истрели. Претходно, портпаролот на руското Министерство за внатрешни работи Јути Титов соопшти дека […]

Приведен напаѓачот од аеродромот во Амстердам, нема повредени патници


Состојбата на аеродромот „Шипол“ во холандскиот град Амстердам е нормализирана по денешниот инцидент во кој припадници на воената полиција пукаа во човек вооружен со нож. Напаѓачот бил ранет од страна на полицајците и бил притворен. Никој друг не бил повреден во инцидентот. Влезот на аеродромот каде се случил инцидентот беше привремено евакуиран и затворен за […]

Најмалку 12 жртви во самоубиствен напад во Нигерија


Најмалку 12 лица загинаа денеска при двоен самоубиствен напад во североисточниот дел на Нигерија, соопштија претставници на локалните власти. Осум мажи и четири жени загинале во нападот, кој бил извршен на пазар во градот Биу, во државата Борно. Напаѓачите го активирале експлозивот кој го имале на себе во момент додека хуманитарни работници им раздавале храна […]

Тежок напад во Синај, засега има 184 мртви и 125 повредени лица


Најмалку 184 лица денеска загинаа при експлозијата на бомба во близина на џамијата Ал Раудах на египетскиот проблематичен северен полуостров Синај, јави Би-Би-Си. Во нападот се повредени најмалку 125 лица. Владата прогласи тридневна жалост, јави египетската државна агенција Мена. Експлозијата, како што јавуваат локалните медиуми, се случила за време на пладневните молитви, а четворица непознати […]