Тринаесетгодишно девојче трета жртва од морбили во Албанија


Тринаесетгодишно девојче од планинско село кај Фуш Арез денеска почина од морбили. Во тешка здравствена состојба,со хеликоптер на понатамошно лекување во Тирана се префрлени и нејзините брат и сестра, кои, исто така, биле заразени од морбили. Селото Берише,од каде се децата,од петокот се уште е завеано во снег. Ова е трет смртен случај во Албанија […]

Малите сипаници од Косово oдат кон Македонија


Расте бројот на заболени од морбили (мали сипаници) во Македонија, покажуваат последните податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Епидемијата, која во октомври почна од Косово, продолжи во Србија и во Црна Гора, со што во регионот има околу 5.000 заболени од оваа заразна болест и десетици смртни случаи. Во последните три месеци кај нас […]

Мирна состојбата со морбили, препораки за спречување појава и ширење


Состојбата со морбили во државава е мирна, од почетокот на годинава се регистрирани девет случаи од кои само четири се епидемиолошки поврзани, соопшти Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство по денешната редовна работна средба за состојбата со морбили во државава, соседството и во европскиот регион. Следејќи ја состојбата со епидемии на морбили во […]

Единаесетта жртва на морбили во Србија


На Клиниката за инфективни болести во Ниш, поради тешко белодробно воспаление предизвикано од морбили, почина 32-годишна жена, со што смртниот биланс од ситните сипаници во Србија се искачи на 11 лица. Директорот на клиниката Миоград Врбиќ изјави дека заболената жена имала натежок облик на компликации – акутен респираторен дистрес синдром. Тој појасни дека пациентката била […]

Во Албанија се зголемува бројот и на возрасни заразени од морбили


Во Албанија, епидемијата на мали спаници добива пошироки размери. Освен деца на возраст до една година,кои поради возраста не се вакцинирани, се зголемува бројот на возрасни погодени од овој вирус. Во Инфективната клиника во Тирана потврдуваат дека секојдневно, во просек, се јавуваат по седум случаи со симптоми на морбили,при што дел од нив се позитивни. […]

Албанија: Уште едно бебе почина од морбили


Во Албанија е регистриран втор смртен случај од морбили. Станува збор за четиримесечно женско бебе,кое во Инфективната клиника во Тирана било донесено од регионалната болница во Пешкопеја со бронхопневмонија. – Ова е второ бебе кое почина како последица од добиените компликации откако заболело од морбли. Првиот случај е регистриран пред две недели кога почина осуммесечно […]

Морбилите „косат“низ Европа


Тројно е зголемен бројот на заболени од морбили (мали сипаници) во Европа минатата година во однос на годината претходно, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Повеќе од 14.400 случаи се пријавени лани во 30 европски држави за разлика од 4.600 во 2016 година. Европските здравствени власти информираа дека епидемија на морбили се […]

Седуммесечно бебе почина од морбили во Тирана


На Клиниката за детски болести во Тирана од морбили почина седуммесечно бебе, јави дописникот на МИА. Бебето неколку дена било во Одделот за реанимација, но поради компликаци и појава на бронхопневмонија, докторите не можеле да му го спасат животот. Бројот на заболени од мали сипаници во Албанија се искачи на 80, главно деца кои не […]

Србија и Црна Гора се пред епидемија од мали сипаници


Во Србија се создадени услуви да се прогласи епидемија од моррбили (мали сипаници) откако за три месеци, од вирусот заболеа околу 1.900 лица и имаше три смртни случаи. Тамошните лекари изјавуваат дека причина за прогласување на епидемијата е тоа што бројката надминала 1.500 заболени лица. Велат дека мерката засега се избегнува поради материјални причини, бидејќи […]

Уште едно дете заболе од морбили


Трет случај на морбили е регистриран во Македонија, потврди д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје. Претходно, заболеа шестмесечно бебе и возрасен маж. Последниот случај е 5 -годишно дете кое било во роднинска врска со претходно заболените. Доктор Караџовски апелира децата заразени од грип да останат дома, училниците да се проветруваат, да се внесуваат […]

Морбилите се шират оти има невакцинирани деца


Шестмесечно бебе и 40-годишен маж се двата нови случаи на морбили (мали сипаници). Бебето не е вакцинирано бидејќи уште е мало, а мажот примил само една доза од вакцината против морбили, соопшти вчера Министерството за здравство. Морбилите три месеци „хараат“ низ соседна Србија, каде што има и смртни случаи. Од друга страна, со почетокот на […]

Шестмесечно бебе заболе од морбили


Два нови случаи на морбили регистрираше Институтот за јавно здравје. Едниот е дете на шестмесечна возраст, кое заради возраста сѐ уште не е вакцинирано (не подлежи на вакцинација) и е во добра општа состојба. Вториот случај е маж на 40-годишна возраст (вакциниран со една доза на вакцина), кој бил само амбулантски прегледан и пуштен на […]

Романија: Околу 10.000 лица заболени од морбили


Бројот на заболени од морбили во Романија постојано расте, така што за последните пет дена се регистрирани нови 46 случаи. Досега се регистрирани околу 10.000 заболени. Националниот центар за набљудување и контрола на заразни болести соопшти дека вкупниот број заболени во Романија е 9.946 лица, од кои околу 9.500 се невакцинирани. Старосната граница најмногу ги […]