Во САД регистрирани првите овогодишни смртни случаи од морбили, епидемијата се шири


Две лица, жители на Пенсилванија, починаа откако заболеа од морбили (мали сипаници), со што се регистрирани првите такви смртни случаи оваа година во Соединетите Држави, кои се соочуваат со најголем број заболени од оваа исклучително заразна болест во повеќе од три децении, додека стапката на вакцинација опаѓа. Двете починати лица биле невакцинирани и живееле во […]

Морбилите се шират низ британските училишта, Стармер апелира: Заштитете ги децата, а не теориите на заговор


Британскиот премиер Кир Стармер предупреди дека „јавното здравство не е културолошка војна“ и ги повика родителите да проверат дали ги вакцинирале своите деца по појавата на морбили (мали сипаници) во северен Лондон, каде што заразата се шири низ училиштата. Во градската општина Енфилд, од 1 јануари до 9 февруари се потврдени 34 случаи, што е […]

Рекорден пораст на морбили во САД – над 1.500 случаи и карантин за невакцинирани ученици


Повеќе од 150 невакцинирани ученици во американската сојузна држава Јужна Каролина се ставени во 21-дневен карантин поради изложеност на морбили, соопштија здравствените власти. Учениците кои немале примено вакцина мораа да останат дома за време на потенцијалниот период на пренос на заразата, јави Би-Би-Си. Јужна Каролина е најновата американска држава со епидемија на морбили, по слични […]

ИЈЗ апелира сомнителните случаи за морбили матичните лекари да ги испратат кај нив за анализи


По вториот случај на мали сипаници оваа година, директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска апелираше матичните лекари штом забележат сомнителен случај, да биде препратен или на Инфективната клиника, па оттаму да го препратат кај нив на анализи, или директно да дојде на тестирање во Институтот. – Нашата обврска и наша работа е […]

Црногорското Министерство за здравство предупредува: Вакцинација против морбили или поостри мерки


 Министерството за здравство на Црна Гора апелираше до родителите да ги вакцинираат децата против мали сипаници и така да придонесат за колективен имунитет, бидејќи во спротивно ќе мора да воведат поостри мерки. Ова произлегува од одговорот на Министерството на прашањата од весникот „Вијести“ за тоа дали ќе ги прифатат предлозите на Институтот за јавно здравје […]

Тинејџер почина од сипаници во Сараево


Доктор Аниса Бајрамовиќ, специјалист по епидемиологија од Институтот за јавно здравје на кантонот Сараево, потврди дека 17-годишен тинејџер починал од сипаници. Како што објави „Аваз“, тој е првата жртва на епидемијата. „Се подготвува извештај за ФБиХ, каде што ќе се опише епидемијата на пертусис (голема кашлица) и сипаници. Пертусис како што започна во ФБиХ минатата […]

ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили


Одделот за епидемиологија на заразни болести при ЈЗУ Институт за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира три лабораториски потврдени случаи на конго-кримска хеморагична треска од 26 април до 4 јуни. Сите три случаи биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, информираат денеска од ИЈЗ. Воедно, периодов регистриран е и првиот случај на […]

СЗО повика на вакцинација на децата против морбили


СЗО повика на вакцинација на децата кои не биле вакцинирани против мали сипаници за време на пандемијата на Ковид-19, нагласувајќи дека болеста минатата година се појавила во повеќе од 50 земји. Во изминатата година, сипаниците се појавија во повеќе од 50 земји, двојно повеќе отколку во 2022 година, рече на виртуелна прес-конференција Кејт О’Брајан, директорката […]

Комисијата за заразни болести донесе препораки за следење на евентуални случаи на морбили


Комисијата за заразни болести донесе неколку препораки што се однесуваат на адаптација на системот во однос на следење на случаи на морбили што би можеле да се очекуваат, соопшти денеска портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ. – Прва и основна работа е да се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески затоа што на тој начин […]

Прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе


Потврден е прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе. Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип, потврдува дека анализите од крвта се пристигнати денеска од страна на Институтот за јавно здравје, кои потврдуваат дека станува збор за морбили. Посочува дека детето било хоспитализирано прво на детско одделение во штипската Клиничка болница, веднаш […]

Со МРП досега вакцинирани 34.214 лица на возраст до 14 години


Министерството за здравство соопшти дека вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) во целата држава изнесува 34.214. Од нив, 16.333 деца се вакцинирани на територија на град Скопје, додека пак, 17.881 дете е вакцинирано во останатиот дел од државата. Од почетокот на […]

Ќе има казни за невакцинираните здравствени работници


Колку здравствени работници  одбиле да се вакцинираат со МРП-вакцина  ќе се знае кон крајот на месецот, најавува директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова,  додавајќи дека тие ќе се соочат со казни. „Доколку има здравствени работници и персонал вработен во болниците кои одбиле да се вакцинираат против  морбили, односно не ја почитувале наредбата […]

Десет и пол месечно бебе почина од компликации од морбили


Според информации од Клиниката за детски болести, во текот на вчерашниот ден десет и пол месечното бебе кое повеќе од две недели беше на интензивна нега починало како последица од компликации од мали сипаници, изјави денеска доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје. Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од […]

Денес почнува теренската вакцинација во Скопје


Во животно загрозувачка состојба и натаму е шеснаесетгодишнoто момче заболено со морбили кое дише преку апарати. Момчето е невакцинирано, има церебрална парализа и пневмонија која му се јавила како компликација од сипаниците, а е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Од Министерството за здравство велат дека на одделот со потешка здравствена состојба […]

Морбили: Момче и бебе се борат за живот


Шеснаесетодишно момче и бебе на возраст од 11 месеци со тешки компликации од морбилите се борат за својот живот на скопските клиники. Момчето има церебрална парализа. На одделот за интензивно лекување во потешка здравствена состојба се и двајца возрасни пациенти и три деца. На Инфективна вчера биле прегледани 9 случаи со симптоми на морбили, тројца […]

Њујорк најавува нови мерки против морбили


САД-Официјални лица во Њујорк и предградието Рокленд најавија нови мерки во борба против ширењето морбили. Властите имаат проблеми со епидемијата на мали сипаници во екстремни православни еврејски населби, кои се борат и со тужби за обидот на воведување задолжителна вакцинација. Како мерка се планира на заболените од морбили да им се нареди да не ја […]

Њујорк презема мерки против ширењето на морбилите


Властите на округот Рокланд во северниот дел на Њујорк, забранија присуство на јавни места на деца на возраст до 18 години, кои не се вакцинирани против морбили, откако за многу кус период беа регистрирани 153 нови случаи на заболени од оваа болест. Забраната стапува во сила од денеска на полноќ и ќе трае најмалку во […]

Ќе има ли пречки при уписот во прво одделение за невакцинираните деца?


Сè уште е неизвесно како ќе се спроведуваат уписите на првачињата во основните училишта кои ги немаат примено задолжителните вакцини за нивната возраст според календарот за имунизација, иако уписите за учебната 2019/2020 година почнуваат за еден месец. Министерот за здравство Венко Филипче побарал од министерот за образование и наука Арбер Адеми да не бидат запишани […]

Тринаесет новозаболени пациенти со морбили


Тринаесет пациенти со морбили се прегледани во текот на вчерашниот ден од кои седум се задржани за болничко лекување. Од вкупно 34 пациенти хоспитализирани на Клиниката (16 деца и 18 возрасни), две деца и двајца возрасни се со потешка клиничка слика, информираат денеска од Универзитетската клиника за инфективни болести. Од седуммината новозаболени, две се деца […]

На Инфективната клиника 37 пациенти со морбили


На Инфективната клиника во Скопје, во моментот, се хоспитализирани 19 возрасни и 18 деца со морбили, односно вкупно 37 пациенти со морбили. Еден пациент се наоѓа во потешка состојба на одделот за интензивно лекување, соопшти Министерството за здравство. Во текот на вчерашниот ден биле прегледани тројца пациенти со симптоми на морбили, од кои двајца возрасни […]